Тест за бременост

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
mucence
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 20 Sep 2010, 15:04
Location: Skopje

Re: Тест за бременост

Post by mucence » 21 Sep 2010, 16:01

Дебора, тестовите за бременост како што имам читано и по 2 дена од доцнењето на месечниот циклус може да се направат и покажуваат резултати. А исто така добро е да се почека барем 5-7 дена па да се направи тест. наутро се прави и 99% се точни.
(bu)

Alexa
Член
Член
Мислења: 152
Придружен: 17 Oct 2010, 13:06

Re: Тест за бременост

Post by Alexa » 20 Oct 2010, 13:13

Јас мојот го направив откако ми доцнеше 3 дена. Го правев сабајле, и беше од Зегин, околу 100 ден.
И да, позитивен беше (smile)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Тест за бременост

Post by Ana.I » 02 Nov 2010, 11:33

jas testot go napraviv 3 dena otkako mi kasnese i ispadna pozitiven.Inaku vo apteka mi ponudija 3 vrsti na testovi i mi kazaa deka edniot od niv moze da go napravis vo bilo koe vreme od denot ili nokta,a drugite samo sabajle od prva mokraca.Go zemav toj sto se pravi vo bilo koe vreme,go prevev navecer i za pola minuta mi pokaza rezultat>Go plativ okolu 90 den.

Ariel
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 25 Nov 2010, 09:43
Им се допаднал: 1 time

Re: Тест за бременост

Post by Ariel » 26 Nov 2010, 22:17

Со првата бременост правев три теста од кои првите два ми беа негативни а третиот позитивен.
1виот тест/1 ден доцнење=НЕГАТИВЕН
2торит тест/6 дена доцнење=НЕАТИВЕН
3тиот тест/11дена доцнење=ПОЗИТИВЕН
п.с сите три беа направени наутро со прва утринска мокрача а тестовите беа исти од реплек некои рефус ленти 75ден. И бидејки кај меме дома тестови за овулација и бременост се трошат како улошки затоа најчесто земам само лентички . А кога сум на пат или терен тогаш зимам sure check .

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Тест за бременост

Post by Peperutka » 26 Jan 2011, 20:03

Најлесниот начин да дознаете дали сте бремена или не е да се направи тест за бременост. Само четири дена по оплодувањето, јајце клетката започнува да произведува човечки хормон наречен хорионски гонадотропин (hCG). Овој хормон се наоѓа во крвта, и останатите телесни течности кај жената. После оплодувањето најпрво може да се утврди подигнатото ниво на hCG во крвта, а по неколку дена во урината.

Најголем број на тестови за бременост се базираат на утврдување на постоење на овој хормон во урината. Примерок на урина е многу полесно и повеќе удобно, отколку земање примерок од крвта од нашите вени. Тестовите се главно врз основа на hCG и реакција помеѓу антитела против овој хормон. Антителата се наоѓаат на плочата каде се аплицира капка урина. Промена на боја на реагенсот е потврда дека оваа реакција, всушност се случува, или дека некоја жена е бремена.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Тест за бременост

Post by Peperutka » 26 Jan 2011, 20:04

Најдобро е тестот за бременост да го направите околу 14 дена по овулацијата.
Вгнездувањето на оплодената јајце-клетка во ѕидот на матката се случува 6 – 12 дена по овулацијата. Позитивен тест за бременост се добива три до четири дена по вгнездувањето, кога нивото на hCG во крвта и урината достигнува поголема концентрација. Доколку го направите тестот многу рано, може да добиете лажно негативен резултат. Ова се случува ако се тестирате во периодот по оплодувањето на јајцеклетката, а пред таа да се вгнезди. Затоа, доколку е негативен, тестот треба да се повтори по неколку дена.
Овие информации се однесуваат на тестовите за бременост за широка употреба, кои го регистрираат присуството на хормонот hCG во урината. Постојат и други посовремени лабораториски методи за докажување на бременоста, кои се поосетливи и порано ја докажуваат бременоста.

(Одговор

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Тест за бременост

Post by Peperutka » 26 Jan 2011, 20:06

Self Clear е уникатен тест за бременост,кој што ке Ви ја каже вистината побрзо од сите други тестови,веќе од 5-от ден од можната бременост.

Не треба да се меша терминот полов контакт со терминот зачнување(забременување).Зачнувањето може да се случи и 2-3 дена после половиот контакт.

-тест за бременост од новата генерација
-со точност од над 99%
-едноставен за употреба
-производ на науката,клинички испитан
-регистриран како медицинско помагало


Го има во сите аптеки

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Тест за бременост

Post by Debora » 26 Jan 2011, 21:14

Ова е реклама и го пишува речиси на секој тест. Не сум чула до сега некој 8 дена по половиот контакт да добие позитивен тест. ХЦГ се лачи дури откако ќе се имплантира ембрионот и треба да достигне ниво кое може да се детектира со тест.
Да се задржиме на искуствата, свои или туѓи. Форумот е за тоа наменет.
Еве јас имам искуство со негативни тестови, сите фирми добро ги покажуваат. (laugh1)

kuklicka
Нов член
Нов член
Мислења: 45
Придружен: 19 Apr 2011, 22:28

Re: Тест за бременост

Post by kuklicka » 19 Apr 2011, 22:35

zdravo na site ,jas sum nova ina forumov ama ve citam skoro stalno i mi deluvate nekako pozitivno....mene mi docni veke 4 dena ,napraviv test vcera vecerta sure chek i mi pokaza negativen :(kolkavi mi se sansite da e rezultatot gresen?,so ogled na toa deka imam pominato niz mnogu patesestvija ...vanmatericna bremenost prvata:(a sega eve nekolku meseci nisto ...

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Тест за бременост

Post by Debora » 19 Apr 2011, 23:36

Kuklicka од постот на Ариел (малку погоре) може да се види дека некогаш тестовите и се лажно негативни со повеќе денови доцнење, кај неа биле 6 дена. Ти посакувам и твојот да бил таков и за неколку дена да ни кажеш дека си трудна. (a2)

Одговори

Return to “Забременување”