Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во МК?

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во МК?

Post by Hera » 02 Dec 2012, 13:35

Ме интересира дали некој во Македонија успеал да се избори да не си ги вакцинира децата и на кој начин?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вакцини

Post by Debora » 02 Dec 2012, 13:52

И мене ова многу ме интересира. Се надевам дека некој ќе знае.
Ја раздвоив како посебна тема.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by Petra » 02 Dec 2012, 14:46

И мене многу ме интересира оваа тема. Имам читано дека некои се обидуваат да не ги вакцинираат децата. Се надевам дека некој знае и ќе напише.

BojanaS
Нов член
Нов член
Мислења: 41
Придружен: 10 Dec 2012, 20:24
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 8 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by BojanaS » 11 Dec 2012, 09:07

Досега не сум слушнала некој да ги избегнал вакцините. Еве вчера добивме покана да се јавиме денес на вакцина-трета ревакцинација Hepatit B. Искрено многу ми е зал зошто ги боцкаат во ноџињата, тоа сигурно е многу болно. Наместо да се намали бројот на вакцините тој секоја година се повеќе се зголемува.Досега до 6 и пол месеци имаме примено околу 13 вакцини.Тоа е премногу.

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by Hera » 11 Dec 2012, 11:51

Нешто многу сум се закатанчила со овие никакви вакцини овие денови, не дека и порано не читав за нив. Го мразам ова чувство на немање избор. Седам и се нервирам што утре треба да го носам на вакцина. Во Македонија со закон е спречен овој избор, за секоја непримена вакцина следува парична казна. Барем да е сведено се на парична казна, нема да го примаат детето во градинка, за во училиште не знам и се што следи понатаму. Во Србија и Хрватска вакцинирањето е избор на родителите, педијатарот потпишува документ и тоа е тоа, ете дозвола секој да си тера со сопственото убедување. Се уште се надевам дека некој ќе пише дека успеал да го најде начинот за невакцинирање.
Еве што вика законот:
Имунопрофилакса и хемиопрофилакса
Член ЗЗ
Имунопрофилакса се спроведува со вакцини (вакцинација) или со примена на специфични имуноглобулини (серопрофилакса).
Вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б.
Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис.
Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести.
Член 67
Глоба во износ од 300 до 650 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако:
6) одбие вакцинирање за болестите утврдени во членот 33 на овој закон или заштита со специфичен имуноглобулин (член 34) или заштита со лекови (член 36)
(ner) (ner) (ner)

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by Mamino_srce » 11 Dec 2012, 12:16

Колку што знам и во Србија се задолжителни вакцините, с тим што родители сами треба да купуваат вакцина, па да ја чуваат во фрижидерче ако не стигнат во Здравствен Дом да им дадаат, ама затоа имаат поголема можност на пример: да ја купат таа Пентаксим вакцина (пет во едно) и на тој начин не го боцкаат детето повеќе пати. Барем во тој случај ситуацијата во Македонија е далеку подобра, добијеш покана, одеш таму каде се вакцинираат и ништо не мислиш. А овака добијеш покана треба да бараш вакцина по аптеките (патем не се ефтини ) , па некогаш не можеш да најдеш да купиш, па купиш, па чуваш, па закажуваш преглед кај доктор да те прегледа да би детето могло да прими вакцина. Барем е тука едноставно (smile)
Инаку, мислам и тука во Мк има можност да се прими таа Пентаксим вакцина ама ја во болница даваат само за деца на доктори (бидејќи е наводно некоја пречистена), или од другиот извор слушнав дека тоа била иста вакцина (не подобра ниту прочистена) туку ја давале во болница на децата со ризик од реакција па да можат таму да го следат детето.
На Ј. од почеток му давале во нога и лично мислам дека таму е барем побезболно отколку во рачето.

Едит: да додадам дека од Пентаксим вакцина ( петовалентна вакцина против дифтерије, тетанус, великог кашља, дечје парализе и ХиБ) не би требало детето да пројави реакција и е наводно безболнија. Кошта околу 40 евра (плус минус). Значи , нема толку пати да го боцкаат ама пак ќе примиш исто.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by Debora » 11 Dec 2012, 12:36

Нема начин да се избегне вакцинирањето а? И мене тоа ми пречи, немањето ИЗБОР. (ner)
Се надевав дека постои некој начин, нпр. родителот да си потпише изјава дека не сака неговото дете да биде вакцинирано - дека си ги прифаќа ризиците од невакцинирање или слично. (unsure)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by Petra » 11 Dec 2012, 14:56

Немање право на избор, ах леле (ner) (ner) (ner) Искрено се надевам многу да се сменат работите тука. Да е само со парична казна, што не треба и тоа, ама ајде, за да се заштити детето ќе се поднесе тоа. А ова дискриминација. Се надевав дека ќе излезе накоја можност да се избегнат вакцините во МК, што многу посакувам да биде.

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by ELIANA » 14 Jan 2013, 16:32

Леле колку убави вести имам (rad). Изгледа сепак и во Македонија има избор! (joy)
На ФБ на една страна со прашања и одговори, имаше некое прашање во врска со вакцинирање, и еден татко имаше одговорено дека откако за малку ќе го изгубеле детето после вакцина, решиле да кажат НЕ на вакцинирањето. И јас одма му пишав за да ми појасни дали е навистина тоа можно во Македонија да не се вакцинира детето и како. И тој ми одговори дека треба да се однеси изјава со потпис од двајцата родители на местото каде го вакцинирате вашето дете, дека на лична одговорност не сакате да го вакцинирате вашето дете. И ако ви прават проблем да им кажете културно дали тие ќе ви дадат изјава дека после вакцинација нема да има вашето дете никакви последици и тогаш веднаш ја прифаќале изјавата. А на прашањето за казна според законот, тој рече изјавата дека не сакаат да го вакцинираат детето ја однеле минатата година и до сега ништо им немало стигнато . Ниту за плаќање, ниту опомена. И уште, дека ни еден закон не може да ме примора ако лично јас сметам дека не сакам да го вакцинирам своето дете. И кога ќе го носите во градинка или училиште ја поднесувате истата изјава. Ним во градинка им ја прифатиле како валидна и немале никакви проблеми за упис. Исто, имале многу пријатели кои на истиот начин не ги вакцинирале своите деца.
Е ај сега (w1)

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Дали и како може да се избегне вакцинирање на децата во

Post by happy cumulus » 15 Jan 2013, 23:03

Elijana, ova e super vest. Smetam deka sekoj treba da ima pravo na izbor! I Jas se ezam od 10000te vakcini sto im gi davaat na decata. Ne sum apsolutno protiv vakciniranje, ama sakam da imam izbor i sakam da pravam selektivno vakciniranje i razredeni vakcini. Vcera bas zborev so pedijatarkata i kazav deka edna vakcina sakam da ja odlozam za ponataka. I taa mi rece vaka: "Moe e da ti kazam moe mislenje, najdobronamerno. Ama ti si majkata i toa e tvoe dete i ne sakam da napravam nisto so sto nema ti da se cuvstvuvas komotno. I jas kako majka im davam mnogu znacenje na majcinskiot instinkt i majcinskite cuvstva". Ja obozavam znaci taa zena.

Одговори

Return to “Здравје кај деца”