Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
kikica
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 10 Aug 2010, 09:08
Им се допаднал: 10 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by kikica » 30 Dec 2012, 09:32

Милички сега го гледам постот, многу убава тема сте отвориле тука, се што напишавте подолу е така во врска со циркуларниот кариес. Браво за вас мамички кои толку убаво се грижите за запчињата на вашите деца, верувајте дека еден ден тоа и те како ќе ви се иплати, не треба да се плашите да им ги миете запчињата од самото никнување па натаму, запчињата на малите деца треба прво убаво да ги измие родителот, а потоа да се даде четката на детето само да се мие, затоа што мало дете не умее така убаво да ги измие забите од сите страни. Често се среќавав со случаеви каде доаѓаше дете со многу расипани запчиња, а мајката ќе речеше- ама тој ги мие забите секој ден, како тоа му се расипале? Е па така, затоа што детето толку знаело и толку можело да ги мие, значи мора да им помагаме ние. Таквото редовно миење, посебно пред спиење и легнување со чиста уста ќе му заштеди на детето многу болки и непријатни моменти кај стоматологот, а и вам исто, да не зборуваме и колку пари ќе заштедите (smile) Не е едноставно, знам, но тоа е начинот!
Во врска со пастата што ја спомнавте, тоа е прекрасна паста на база на состојки кои ја стимулираат реминерализацијата на забите, ја намалуваат болката кај остеливи заби, кај почетен процес на кариес, кога е во вид на бели замаглени точки, може и да помогнат да се спречи понатамошен развој на кариесот, ама тоа е само и само ако е ептен на почеток фатен, иначе нема да помогни многу. Тут мустот најчесто се дава после белење на забите, за да им помогне да зацврстат од постапката и да се санира евентуална болка ако се јави. И кај осетливи заби кои се здрави а реагираат на топло- ладно, и таму може да помогне. Има убав вкус, се мачка со прст и од внатре и од надвор на забите, не се плука туку се остава така додека плунката сама не го измие, и после премачкувањето пола час не се конзумираат храна и напитки. Превентивно, како што кажа и Хепи кумулус, нема потреба, најдобра превентива е исхраната и хигиената.

Одговори

Return to “Здравје кај деца”