http://s13.postimg.org/7rgqmjvxj/roditeli_vakcini.jpg
Сликата е извадок од официјалната страна на произведувачот на вакцината,ги има сите податоци па верувам добро е да бидеме информирани.
Со тематиката вакцинирање, сум добро запозната. Најпрво кога го добив кучето почнав да доаѓам до некои информации, после тоа за мене кога се повредив на работа па одбив антитетанус, и сега за ќерка ми истражувам цело време. На Гугал има се, но јас никому слепо не верувам. Не се залетувам, истражувам од проверени информации веќе неколку години.
Вакцините се измама на столетието. (ner)
Тврдат дека со вакцините се искоренети болестите, не верувам во тоа, туку за разлика од некогаш имаме уреден канализациски и водоводен систем, имаме фрижидери во кои ја чуваме храната, некогаш се бањале со стоена вода и од езерата преполни со бактерии, а сега имаме пивка вода.
Иронично е што сакаат да не убедат дека вакцините го зајакнуваат имунитетот, а всушност го нарушуваат, со отровите кои ги вбризгуваат имунолошкиот систем треба да се бори.
Долгогодишните статистики и истражувања покажуваат дека со воведувањето на вакцините процентот на смртност и парализа расте. Интересно е дека аутизам кај невакцинираните деца нема или пак многу ретко... да не зборувам вакцините колку животи имаат покосено.
Цитат
...„Се сеќавам кога бев дете, имав четири или пет години, моите родители намерно ме однесоа кај мојата другарка која лежеше дома болна од морбили, за да се разболам „на време“. После извесно време и јас добив морбили… имав висока температура, бев целата црвена, мислам дека на мене немаше место на кожата кое беше со нормален изглед. И така неколку дена, па ми помина. Потоа педијатарот им рече на моите родители дека од сега доживотно сум заштитена од морбили.- “...– Во текот на моите студии на медицина, учев за вирусот на морбили, за имунитетот, компликациите… Научив дека имунитетот е целосен и најсигурен после ПРЕЛЕЖАНИ морбили...“др. Јадранка Бибан –
Откако Италија здраворазумски го укина законот за задолжителното вакцинирање кај споствените граѓани, никој не слушнал а ниту видел епидемија од било која заразна болест во земјата.
Можете да ги земете за пример и Соединетите Американски Држави,таму БСГ вакцината никогаш не била воведена па тие никогаш немале епидемија од туберкулоза но затоа имаат и тоа како епидемија од аутизам кој се зголемува пропорционално низ годините со секоја нова воведена вакцина.
Во Индија која после масовната полио вакцинација во 2011 г доби и епидемија од полио со близу 47 000 деца заболени од вакцина индуциран полио вирус.
„...се внимава при набавка на вакцините тие да се квалитетни и од произведувач, кој е на листата на СЗО, проверени од нивните здравствени агенции, како и од нашите здравствени власти, а состојките се во таква форма што не претставуваат опасност за децата.
Ревизорскиот извештај од 2009 година за неправилните услови транспорт на вакцините во Македонија,понатаму скандалот од 2000 година со набавката на вакцини со сомнително потекло и слични други малверзации.
А оваа реченица ‘ … а состојките се во таква форма што не претставуваат опасност за децата, е излишна за било каков коментар.
И на крајот на краиштата,секој родител има една и и најголема должност во неговиот живот а тоа е да се грижи беспрекорно за своите деца. Свеста на индивидуата го надмина законот. Освестениот родител треба да знае дека своето дете може да го заштити само со својата висока свест, а не со некој закон. Законот за задолжителна вакцинација е неправеден,неетички и неразумен. За правото на избор е дури и апсурдно да се дискутира.
За мене е најлесно кога фактите се црно или бели, многу ми е олеснато околу одлуката. На форумот секој има право да си го каже своето мислење, дури и тогаш кога се косат.
http://s28.postimg.org/589y0ek3h/100066 ... 0079_n.jpg