Уринарни инфекции
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
-
- Редовен член
- Мислења: 318
- Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
- Му се допанале: 94 пати
- Им се допаднал: 177 пати
Уринарни инфекции
Post by Tina9 » 01 May 2015, 16:20
Мене долго ме нема по детските и бебешките теми, преокупирана сум со уринарните инфекции кај ќерка ми. Станува збор за ентерокока, бактерија од изметот. Воопшто не ми е јасно како се нашла во мокрача кога од 8 месеци по проблемот со запекот не кака во пелени. Со влажни марамчиња не ја бришам туку ја одмивам со вода, легенот пред секое миење го мијам со сапун и пелени и се што е бело перам на вриење без омекнувач и се уште ги пеглам. Не знам како настанал проблемот и кај ми е грешката. Ќе си се изедам. (cry1) Првиот пат имаше 100 000 во мл мокрача, потоа во рок од три дена се покачија на 250 000. Не ни дадоа антибиотик за со течности да се исфрли. АМа ајде натерај годиначе да се дуе со течности ако не сака. Почна да крева температури до 39.5 па не задржаа на болница. Таму бевме 10 дена. Се воспостави и дека има блага хидронефроза на левото бубреџе (застој на мокрача) (ner) Само човек да не е раат. Излеговме од болница и по извесно време почна пак со истите симптоми, плачење при мокрење, се грчи, се црвени. Проверивме и пак 100 000 (ner) (ner) (ner) . Сега не тераат да одиме во Скопје на детски уролог. Да видат од каде е проблемот, дали постои некоја аномалија и дали е поврзано со хидронефрозата. Би ве замолила ако некој знае да ми препорача кој е најдобар детски уролог на клиника во Скопје. И ако некој има искуство да го сподели.
-
- Редовен член
- Мислења: 318
- Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
- Му се допанале: 94 пати
- Им се допаднал: 177 пати
Re: Уринарни инфекции
Post by Tina9 » 15 Oct 2015, 09:07
Да си одговорам овде, можеби некому ќе му се најде. Бевме на детски уролог во јуни, во јули правевме дмса скен на патофиза. Боцкањето беше страшно, ѝ вбризгаа радиоактивен материјал. Тоа е снимање за да се види функцијата на бубрезите. Во двата има застој на мокрача и ѕидот на едното бубреџе е малку истенчен. Ни препишаа фуролин апчиња осмина секоја вечер, многу тешко ги поднесуваше (повраќаше) па си нарачав сируп Нитрофурантион од Словенија и веќе три месеци го пие. Тоа е за заштита од бактериски инфекции. Во ноември треба да одиме на цистоскопија (sad1) Уште сега уплав имам. Дијагнозата ѝ е рефлукс (искривува на мочните канали) и поради тоа се враќа мокрача во бубрезите и се множат бактерии. Треба со испитувањето да се види каде е рефлуксот и колкав е. Во најдобар случај ќе продолжи со сирупот до седум/осум години и со растот ќе се исправи рефлуксот, а во најлош случај, ако е поголем, ќе се средува хирушки. (ner)
-
- Редовен член
- Мислења: 318
- Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
- Му се допанале: 94 пати
- Им се допаднал: 177 пати
Re: Уринарни инфекции
Post by Tina9 » 09 Feb 2016, 12:13
Апдејт :) Тортичка за жал е полошо. Од прв степен хидронефроза премина на втор степен. Многу се изнервирав од односот на клиника и ја префрлив во Систина. За три недели сме на снимање. Во клиника и правеа микциона (ner) Страшно помина. Јас не знам со толку заостанати методи да работат а универзитетска клиника. Цела година не мавтаат со снимањата, ај за три месеци, ај за пет месеци и до каде стигнавме. Се надевам дека ваму ќе биде подобро.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1153
- Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
- Location: Tetovo
- Му се допанале: 548 пати
- Им се допаднал: 738 пати
Re: Уринарни инфекции
Post by sunshine_2012 » 09 Feb 2016, 12:34
Тина навистина ми е жал за керкичката твоја. Се надевам дека проблемот ке се среди и дека нема да завршите на операција.
Се молам се да биде во ред во скоро време. (big-hug)
Се молам се да биде во ред во скоро време. (big-hug)
-
- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Уринарни инфекции
Post by Радост » 09 Feb 2016, 13:21
Тина ве премислив веќе! (big-hug) Ќе се молам што побрзо да и помогнат во Систина и да се заврши најдобро што може. (big-hug)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1422
- Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
- Му се допанале: 1559 пати
- Им се допаднал: 912 пати
Re: Уринарни инфекции
Post by SMESKO » 10 Feb 2016, 12:53
Аман бе Тина (cry1) навистина ми е жал што толку е мале4ка а веќе поминала некои трауми.
Се надевам дека во скоро време ќе се пофалите дека сте го средиле проблемот (a2)
А за малата тортичка силни најсилни (big-hug)
Се надевам дека во скоро време ќе се пофалите дека сте го средиле проблемот (a2)
А за малата тортичка силни најсилни (big-hug)
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива