Деца со кашлица и настинка

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Milan-baby
Нов член
Нов член
Мислења: 42
Придружен: 09 Nov 2009, 21:46

Деца со кашлица и настинка

Post by Milan-baby » 07 Feb 2010, 21:22

е ова го имам во електронска форма.. пуста бременост, почнав да си ги повторувам лекциите :)

НЕГА НА ДЕЦА СО КАШЛИЦА И НАСТИНКА



Заболувањата на дишните органи/носот, грлото со крајниците, синусите, душникот белитедробови/се најчеста причина заради која родителите бараат совет од докторите. Најчесто станува збор за таканаречените настинки предизвикани од вируси и кашлици кои родителите со правилна и навремена нега во домашни услови можат да ги разрешат и да му помогнат на своето дете.

Најчести знаци на заболување на дишните патиште се:

- Затнат нос со отежнато дишење преку него и течење на носот – детето, особено бебето станува плачливо, вознемирено, одбива да цица. Родителот треба да го ослободи носето со бањање на носето со солени капки/физиолошки раствор/ со бањање на бебето во вода со морска сол, при што лицото на бебето да е завртено кон водата. Кај поголемите деца може да се употребат покрај капки, физиолошки раствор и други фармацевски капки наменети за деца, но не подолго од три до пет дена по две до три апликации.

- Температура - температра се мери со топломер под пазувите, во уво со специјален топломер, со т.н. ф-ЛЕНТА на челото на детето и во газето на бебето /вака мерената температура за 0,5 степени е повисока од мерената под пазува/. Нормална телесна температура е 35.8 до37степени. Зголемена температура е 37-38.5 и високата температура е од 38.6 до 42 целзиусови степени. Ако сте измериле зголемена температура дадете му на детето да пие вода, сок од овошје што вие ќе го подготвите во мали голтки. Кај поголемите деца можете да дадете и електролитен раствор-нелит н/особено ако детето повратило/. Првично треба да ја проветрите просторијата во која е детето, да го облечете во лесна памучна облека, да го ставите во постела, да му обезбедите тивка и мирна атмосфера, да го гушнете и утешите.Повремено детето истуширајте го со вода која за 2 степени е пониска од онаа која сте ја измериле. Можете и да го освежите детето со водени крпи ставени во пазуви и на ципите./алкохолни облоги не се препорачуваат/. Кога ќе измерите висока температура постапете како и кај зголемената температура, но во овој случај ќе треба да дадете и лек против температура антипиретик. Пропишана доза за лекот працетамол во вид на сируп, чепчиња и таблета или во раствор е 10 милиграми на килограм телесна тежина на секои 4 -6 часа. Во аптеките лекот можете да го најдете под различни комерцијални имиња. Втор лек кој можете да го дадете е лекот ибубруфен кој се дава во доза од 30 милиграми во дневна доза поделена во 3-4 давања на секои 6-8 часа. Кај исклучително висока температура можете на детето да му дадете и лек диазепам од 1 милиграм во 3-4 давања за 24 часа/ консултирајте го лекарот/. Напомена секоја покачена температура посебно таканаречената зголемена не значи дека родителот треба веднаш да го однесе детето на лекар посебно ако детето е во добро општо здравје, но треба да стори се да му олесни на детето и да го негува според упатството. Од ова исклучок се бебињта особено младите доенчиња до два месеци возраст кои веднаш треба да го посетат лекарот.

- Забрзано дишење и отежнато дишење – се знаци кои родителот треба да ги препознаае и се резултат на зголемена висока температура или и посериозно заболување на дишните патишта. Родителот може да ги изброи вдишувањата на детето во една минута при што детето треба да е мирно во постела или да спие со тоа што треба да се има предвид возраста на детето кај дете до два месеци 60 и повеќе вдишувања во минута, дете од 2-12 месеци 50 и повеќе вдишувања и кај дете до 5 години 40 и повеќе вдишувања во минута. Родителот со детето веднаш ќе го посети докторот веднаш ако забележи кај детето видна вознемиреност , глад за воздух, кратко испрекинато кашлаее како детето да неможе да земе воздух говорот и плачењето се испрекинати, детето не може да цица и не може да пие. Родителот може да го препознае тешкото дишење и ако го следи дишењето на детето пропратено со вовлекување на јамичката над градната коска меѓуребрените мускули и кога детето дише со стомакот. Детето треба да го прегледа доктор .

- Кашлање и искашлување. Симптоми кои најчесто ги следат настинките и можат да се продолжат и до две три недели. Ако детето е во кондиција добро јаде, си игра, има добар сон, најчесто е доволно само зголамен внес на течности сокови, компоти, супи особено пилешка ,и вода .Но ако кашлањето е следено со висока тмпература ,отежнато дишење ,вознемиреност на детето и особено ако кашлањето се јави одеднаш и е непрекинато треба веднаш да се јавите на докторот.

Совет за родителот. Секогаш родителот е првиот кој ќе му помогне на детето. Вознемирен родител нема може да вистински ја процени состојбата и дополнително ќе го вознемири детето.

Детето во текот на болест треба да се храни. Понудете повеќе вода, подговени од Вас сокови, компоти, супи и чорби и одберете да му дадете на детето она што најмногу сака секако следејки го ова упатство зачестете го доењето кај доенчињата.

Не давајте антибиотик по сопствено видување и искуство. Антибиотикот не ја лекува настинката, не го скратува текот на болеста, не спречуваат воспаление на белите дробови од вирусен предизвикувач. Антобиотикот го препорачува докторот единствено кај болест чиј предизвикувач е бактерија.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Debora » 07 Feb 2010, 21:39

Ќе ставиш извор на текстот штом е во електронска форма?
Milan-baby wrote: Напомена секоја покачена температура посебно таканаречената зголемена не значи дека родителот треба веднаш да го однесе детето на лекар посебно ако детето е во добро општо здравје, но треба да стори се да му олесни на детето и да го негува според упатството. Од ова исклучок се бебињта особено младите доенчиња до два месеци возраст кои веднаш треба да го посетат лекарот.
Со ова не би се согласила, температурата може да биде многу опасна кај бебиња не само до 2, туку и до 6 месеци.
И уште за лекарствата да дополнам, Парацетамол не треба да се дава до 3 месеци, а ибубруфен до 6 месеци.
Еве од сајтов, во кој случај да се појде на лекар:
КОГА ДА ПОБАРАТЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ
Ако бебето качи температура во првите 6 месеци од животот, задолжително побарајте лекарска помош. Дури иако бебето не изгледа болно или пак температурата не е многу покачена. Бидете внимателни, малите бебиња можат да се разболат многу брзо.
Дури иако бебето е постаро од 6 месеци, а температурата не е многу повишена, посетете лекар доколку:
* Бебето повраќа или има пролив.
* Ако има сува уста.
* Ако приметите дека го боли увото.
* Ако е нервозно.
* Ако го губи апетитот.
* Ако е бледо.
* Ако му излегува осип по кожата.
* Ако има отечени зглобови.
* Ако го боли грлото.
* Ако има болки во стомакот.
* Ако му отече мекиот дел на главата.
* Ако сметате дека е потребно да го однесете на лекар.

Milan-baby
Нов член
Нов член
Мислења: 42
Придружен: 09 Nov 2009, 21:46

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Milan-baby » 07 Feb 2010, 22:17

tekstov e od ordinacijata na maticniot pedijatar na sin mi, nema potreba od reklama neli?
se soglasuvam so golem del od rabotite koi si gi napisala, no sakam da pojasnam nesto, paracetamolot, ibubrufenot i site antipiretici voopsto, zemeno vo najsiroki ramki ne se preporacuvaat na deca do 1 godina ne samo do 3 ili 6 meseci kako sto pisuvas... za ova znam zatoa sto imav mnogu problemi so sin mi vo prvite 6 meseci (osobeno pri primanje na vakcini).. poentata mi e deka od sekoe pravilo postoi isklucok, koga na primer e neophodno da se dade antipretik.. i ne sekoe dete reagira isto na ovie lekovi.. bas ke se potrudam da procepkam niz dokumentite sto gi sobirav togas pa moze da otvorime edna posebna tema za ova i da dojdeme do nekoj zaklucok.. iako moram da kazam deka mojot vo golema mera se sovpaga so ona sto go pisuva vo tekstot. se razbira bazirano vrz moeto iskustvo..

a sto se odnesuva do onoj del za posetata na lekar, preporacuvam sekogas da se konsultira so pedijatar pred prevzemanje na bilo kakva odluka povrzana so lekarstva. ona sto mozebi te buni e pristapot i nacinot na koj e napisan, moram da ti napomenam deka upatstvava bea sozdadeni koga vladeese panika od svinski grip i navistina imase mn zbuneti roditeli megu koi bev i jas i nepotrebno go maltertirav sin mi..

i izvini se iznapisuvav so angliska poddrshka :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Debora » 07 Feb 2010, 22:28

Слободно стави го изворот, не се работи за реклама.
Инаку лекарствата не се препорачливи, ама до некоја возраст се и забранети и тоа сакав да го нагласам затоа што некој би можел да ги даде и на мало бебе, па штетата да биде поголема од користа. Треба голема внимателност и консултација со лекар.

Milan-baby
Нов член
Нов член
Мислења: 42
Придружен: 09 Nov 2009, 21:46

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Milan-baby » 07 Feb 2010, 22:32

izvorot e ELI - MEDIKA dr. Elena Nedelkovska

i uste ednas ke povtoram, sto mi se cini deka go pisuva i na krajot na tekstot SEKOGAS KONSULTIRAJTE SE SO LEKAR ZA UPOTREBA NA BILO KAKVI LEKARSTVA :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Debora » 07 Feb 2010, 22:36

Milan-baby wrote: i uste ednas ke povtoram, sto mi se cini deka go pisuva i na krajot na tekstot SEKOGAS KONSULTIRAJTE SE SO LEKAR ZA UPOTREBA NA BILO KAKVI LEKARSTVA :)
Е сега ми е полесно. (laugh1) Се шалам, ама по малку се плашам дека некој би ги зел работите во свои раце, а има примери дека се прави тоа. (a2)

Milan-baby
Нов член
Нов член
Мислења: 42
Придружен: 09 Nov 2009, 21:46

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Milan-baby » 07 Feb 2010, 22:42

(a2) (a2) (a2)

Simonova
Нов член
Нов член
Мислења: 73
Придружен: 16 Nov 2009, 22:48
Им се допаднал: 1 time

Re: деца со кашлица и настинка

Post by Simonova » 07 Mar 2010, 18:57

Внимателно ги прочитав постовите и имам голема забелешка. Пишувате и советувате како да се нормализира покачената температура а од друга страна пишувате како не ја одобрувате терапијата со парацетамол,ибубруфен.........
Едно ме интересира што превземате вие во оваа ситуација ако вашите деца имаат покачена температура???Не им давате антипиретик туку им давате вода, сок и го раскомотувате само затоа што е штетен парацетамолот.?.? А дали вашите деца ја симнуваат температурата без парацетамол???
Сите ние знаеме колку е штетно земање на лекрставата а знаеме и колку може да биде штетно не земањето на парацетамолот ако детето има температура.

silvana,t
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 13 Feb 2011, 18:36

Re: деца со кашлица и настинка

Post by silvana,t » 13 Feb 2011, 18:42

imam 4 ipol mesecno bebe mnogu kasla i i zatnato noseto dali mozam da i dadam nesto a da ne e antibiotik na lekar mi rekoa samo caevi no nisto ne pomaga .Odnapred vi blagodaram za sovetot

martina_boss
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 02 Mar 2011, 14:57

Re: деца со кашлица и настинка

Post by martina_boss » 01 Apr 2011, 14:24

draga silvana t, jas kaslicite i kaj mene i kaj maloto gi lecam taka sto na gradite stavam ili volnena kapa ili sal, ili stavas na gradite od prozirnata folija za u kujna sto si ja koristime.pred da ja stavis folijata mozes da go namackas so masta sto e od mucoplant ( kako mentol mirisa ama ne sodrzi stetni materii). taka moze da si e po cel den i na vecer so folija i ke vidis deka ima rezultati.samata toplina sto si e od teloto ne se propusta i si zatoluva. a noseto samo so kapki ili inhalacija ( koja nemozes da ja napravis na malo bebe) ama mozes da ja napravis taka sto dobro ke go naparis kupatiloto koga ke treba da go banjas deteto.(izbanjajte se prvo ti pa soprugot ama so potopla voda i taka ke se napari kupatiloto (smile) ).
se nadevam deka ova ke ti e od pomos
pozdrav

Одговори

Return to “Здравје кај деца”