Книги - предлози

Место за слободни, опуштени муабети

Moderator: Модератори

Одговори
Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Книги - предлози

Post by Annabel » 13 Nov 2009, 00:58

Во моментов ја читам Бадем од Неџма. Вистинска исповед на една несфатена муслиманска жена, изoбилува со болка, љубов, еротика...

Прекрасна е...
Last edited by Annabel on 14 Nov 2009, 00:53, edited 1 time in total.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Книги - предлози

Post by Debora » 13 Nov 2009, 01:09

Многу убава тема, многу сакам да читам.
Јас вчера почнав да ја читам Победувјки го злото во последните дни, од Рик Џојнер. Во првиов дел се работи за победа над нашите слабости и прифаќање на другите луѓе, иако се поразлични од нас. Понатаму ќе видам :)

anjuska
Нов член
Нов член
Мислења: 35
Придружен: 11 Nov 2009, 15:30
Location: skopje
Им се допаднал: 1 time

Re: Книги - предлози

Post by anjuska » 24 Nov 2009, 14:29

edna od najdobrite e "papata jovana", sledna bi ja stavila " memoari na edna gejsa"... procitajte gi ovi pa ke vi kazam drugi (laugh1)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Книги - предлози

Post by Kjara » 24 Nov 2009, 16:47

anjuska wrote:edna od najdobrite e "papata jovana", sledna bi ja stavila " memoari na edna gejsa"... procitajte gi ovi pa ke vi kazam drugi (laugh1)
Имаме ист вкус :grin: мене најубава ми е Папата Јована :grin:

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Книги - предлози

Post by Debora » 27 Nov 2009, 09:10

Библијата - мојата духовна храна, мојот мир и сила.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Книги - предлози

Post by Annabel » 27 Nov 2009, 09:27

Мене кај Библијата највеќе ми се допаѓа што е книга што можеш да ја читаш во текот на целиот живот и многу пати, и секогаш како да ја читаш прв пат. За разлика од неа, многу убави книги сум прочитала во животот, ама откако ќе ги завршев, веќе не ги отварав.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Книги - предлози

Post by Debora » 27 Nov 2009, 09:31

Токму така, ја читам повеќе од 10 години и секогаш е свежа и ќе најдеш нешто ново. Со другите книги баш како што кажа, колку и да ми е убава најверојатно не сум прочитала книга повеќе од два пати.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Книги - предлози

Post by Petra » 27 Nov 2009, 22:00

И јас го делам вашето мислење Debora i Annabel.Имам многу книги прочитано и колку и да ми биле убави не се сеќавам дека некоја сум ја прочитала повеќе пати.Најмногу може два пати.Библијата ја читам скоро 4 год и секогаш ми е убава како и првиот пат.Секогаш наоѓам нови работи во неа.

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Книги - предлози

Post by ELIANA » 05 Jan 2010, 00:53

Последно ја прочитав книгата Havenly Man (Небесен човек). Одлична книга за животот на еден човек христијанин, Јан, во комунистичка Кина. Неговото прекрасно патешествие со Бог започнува кога татко му е на умирање од рак, и целото негово семејство се моли за него и Бог го исцелува целосно, и сите тие поверуваат и одлучуваат да го следат Исус Христос дури и по цена на нивниот живот, што за жал, и не е така невообичаено за Христијаните во Кина. Во книгата се опишани неверојатни случки на Божјата интервенција и љубов кон оние што го љубат и Му служат Нему.
За жал книгата сеуште ја нема на македноски, колку што знам јас, но може да се најде на хрватски или на српски. (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Книги - предлози

Post by Debora » 05 Jan 2010, 01:02

Еј одамна ја читав, ама не ја дочитав оти требаше да ја вратам. Мислам дека беа опишани ужасни прогонства кои ги трпат христијаните во Кина, престојот во затворот. До денес ја паметам книгата, навистина само љубовта може да го претрпи сето тоа.

Одговори

Return to “Опуштено”