Page 2 of 2

Re: Што правите во недела?

Posted: 15 Jun 2014, 11:16
by mamigabi
Во недела обично сакам да не бидам дома, но често останувам поради тоа што ми се најавуваат гости и тоа се едни исти, ама веќе ми дојде памет, па јас ако си испланирам да одам што сум должна да останувам дома, тие да си ја искористат неделата а јас да чистам, перам, бришам. Искрено и не ми се иде толку често по гости, па секој викенд нема смисла, повеќе сакам да одиме на излет, на базен, во природа, тука има многу викенд ресторани, манастири

Re: Што правите во недела?

Posted: 16 Jun 2014, 08:12
by Bea
Ритуално кафе сама со себе рано наутро додека мм уште спие :)
После тоа ако имам нешто да дозачистам или досредам, а веќе околу пладне сме излезени или на прошетка или на дружба со пријатели.
Попладнето како-кога - кај моите или кај свеки или филмче дома... Минатата недела ни дојдоа гости, вчера си одмаравме пред ТВ... Зависи :)

Re: Што правите во недела?

Posted: 16 Jun 2014, 08:20
by NadicaG
ја сакам неделата,но ретко сум слободна во недела....кога сум дома се дружам со драги луѓе,не со телевизорот,зошто секако се дружам со него низ неделата (smile) ,одам во црква на пропвед (rad) ,обавезно одиме на базен,а после на заедничко фамилијарно дружење со мојте внуци кој ми се другари ,зошто се по 30 год (smile) (smile) (smile) ,во секој случај ја сакам неделата,зошто луѓето што ги сакам можам да ги видам (lovet) (kup) (kup) (kup)