Поддршка за нашата Пеперутка

Теми за мајчинството и мајките

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Debora » 03 Jul 2012, 18:34

Се мислев во кој подфорум да ја отворам оваа тема, овој е најсоодветен, се работи за МАЈКА.
Нашата мила Пеперутка и толку скапоцен член на овој форум стана мајка и се соочи со најужасната загуба, нејзиното бебенце замина на Небото, не дека го нема, само живее на друго место.

Знам дека многу членки се молеа и сеуште се молат за неа и нејзиното семејство, знам дека сите сакаме да и помогнеме некако, а сме немоќни. Тука можеме да и ја покажеме нашата поддршка, која сите толку многу сакаме да и ја дадеме. (kup)

Пеперутче, кога ја прочитав веста ми застана здивот, како и на сите други тука. Вашата болка ја знаете само вие, ама да знаеш дека сме со тебе во мислите, во молитвите, во љубовта... и се молиме за нова сила за вас и храброст за да поминете низ ова. (a2) Со тебе сме и ако ти треба било каква помош, ние сме тука. (a2)

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by happy cumulus » 03 Jul 2012, 19:24

Peperutka, znam deka ne postojat zborovi sto mozat da ti dadat uteha vo ovie momenti. Kolku ti e tesko samo ti si znaes, i onie koi pretrpele takva zaguba. Za nekoi raboti za zal nemame kontrola, ednostavno se slucuvaat. Za sreka, postojat luge koi te nosat vo mislite, cuvstvuvaat del od tvojata bolka, se molat za tebe i tvoeto semejstvo. Sega maz ti ti e najgolema podrska, sakajte se i bidete cvrsti i so vremeto i bolkata ke se namaluva. Vo zivotot veruvam ke ve snajdat ubavi raboti koi ke donesat mnogu nasmevki na vasite lica i eden den pak ke reces "Zivotot e ubav".
Te gushkam silno, mila! Bidi cvrsta kako sto bese i dosega i nevremeto eventualno ke pomine, ke ogree sonce:*

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Marina » 03 Jul 2012, 19:46

Откако дознав сабајлево не знаев кај да пишам,и пред се што да пишам..не можев ни да се исплачам на раат,ми седи цел ден грутката,пеперутче мила што да кажам,како би те гушнала во моментов, зборови што ќе те утешат нема,ти ја праќам целата сила на светов да го пребродиш овој ужасен период,ќе треба многу време ама знам дека кога тогаш ќе ви се оствари најголемата желба.многу ми е жал мила,многу..те гушкам најсилно!

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Miki » 03 Jul 2012, 20:02

Пеперутка, знај дека сме тука, секогаш кога ќе затреба... бидете силни! Животот е суров и болката нема никогаш да исчезне, но затоа ќе се потисне со многу нови радости.

konstantina 6
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 26 Mar 2012, 10:30
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 23 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by konstantina 6 » 03 Jul 2012, 21:53

Zivotov e ionaka tezok, no so vakva zaguba, tesko bi mu bilo na sekomu...cuvaj se mila..site se molime za vas... (cry1)

koral
Член
Член
Мислења: 103
Придружен: 21 Nov 2011, 00:03
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 8 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by koral » 03 Jul 2012, 22:50

Celo vreme Ve citam,ne pisuvam bas mnogu...ama sega morav...stvarno me potrese ova peperutka...nemam zborovi,placi,isplaci se,ne cuvaj nisto vo sebe,ne se okrivuvaj,ne baraj vinovnik....treba vreme,ke ti treba vreme....ama moras da bides silna,mora da odis ponataka...ke treba da bides sopruga ,majka povtorno...ne mozam da gi opisam dovolno emociive vo tekstov,ne znam kako zvucam...ama ti ja prakam celata sila i poddrska vo ovie momenti!!!!!!

pepelaska
Нов член
Нов член
Мислења: 49
Придружен: 06 May 2012, 14:59
Им се допаднал: 1 time

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by pepelaska » 03 Jul 2012, 23:32

Немам зборови со кои би опишала колку ми е жал,иако сум малку време тука редовно ве читам ве чувствувам многу блиски,пеперутка биди силна чувај се ја имаш мојата подршка (kup)

Nate33
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 27 May 2012, 23:40

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Nate33 » 04 Jul 2012, 00:07

Ve citam podolgo vreme no ne sum mnogu aktivna , no ne mozev a da ne napisam nesto barem edno navistina mnogu mi e zal za vasata zaguba, nema zborovi so koi mozat da go utesat vaseto srce, da ja smiri vasata dusa i da gi izbrise vasite solzi. edinstveno sto mozam e da se molam da Bog ti dade sila da izdrzes. ......

Happy_Mommy
Домашен член
Домашен член
Мислења: 630
Придружен: 17 May 2011, 21:34
Location: USA
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 42 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Happy_Mommy » 04 Jul 2012, 00:34

Peperutce nasa cel den mi stoi knedla vo grlo od taga i zal za vas... (cry1) Znam deka e zaludno se sto pisuvame nie, no ete se nadevam deka barem malku ke te utesime i ke ti ja vratime verbata. Izdrzi milicka, si izdrzala mnogu teski periodi , ke pomine i ova, dobro ti napisaa tuka forumskite prijatelki, isplaci se, isplaci se silno i olesni si na sebe, guskajte se i bidete zaedno so tvojot soprug koj sega ti e najgolema podrska i ljubov,moras da bides silna zosto nemu takva mu trebas. Posvtorno ke blesne nasmevka na tvoeto lice, povtorno ke bides majka,mlada si, kade ima ljubov ke ima i decinja!!! Drugo stvarno nemam sto da napisam.... Te guskam najsilno i sekako, za bilo sto ako mozam da pomognam, tuka sum za tebe!!! (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2)

bubace
Домашен член
Домашен член
Мислења: 601
Придружен: 02 May 2012, 20:32
Му се допанале: 249 пати
Им се допаднал: 235 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by bubace » 04 Jul 2012, 00:42

На ниеден начин неможе да се намали болката на еден родител по загубата на детенце. Не постои поголема болка од таа. Може да ја разбере само тој кој ја доживеал. Ние само можеме да сочувствуваме со вас мила Пеперутке, да ви кажеме дека не сте сами, и да ви дадеме надеж дека после ова невреме ќе засвети силно сонце и ќе ви донесе огромна среќа која барем за малку ќе го ублажи овој бол.

Одговори

Return to “Мајчинство”