Поддршка за нашата Пеперутка

Теми за мајчинството и мајките

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Peperutka » 22 Jul 2012, 18:10

Не знам од каде да почнам...
Сеуште ми е многу тешко поради смртта на моето бебе,но не ми е толку тешко и болно како што ми беше првите денови по неговата смрт (cry1) Претпоследниот ден кога почина,јас и мм како и секој ден отидовме во болница да го видиме...Докторката ни рече дека дента имало внатрешно крварење и состојбата му е многу критична (cry1) Кога влеговме да го видиме,срцето ми се распарчи...Му ставиле маскиче со кислород,рачињата му ги врзале за телото за да не ја фаќа маската и сондата,го покриле до вратчето да не му биде ладно а тоа плаче ли плаче,река солзи мислам дека пролеав тогаш...чедото ми плаче а јас несмеам да му помогнам,несмеам да го кренам во раце (ner) (ner) неможете драги пријателки да претпоставите колкава болка имаше во мене и во мм тогаш (cry1) Д-ката ме примети и ме тешеше но мене нејзините зборови ништо не ми значеа (cry1) (cry1) Незнам како преживеав до следниот ден кога повторно отидовме да го видиме,кога му беше последниот ден од неговиот премногу краток живот...Д-рата ни рече дека уште од синоќа е реанимирано неколку пати(враќано во живот).Не бев свесна за моментот кога го слушнавме тоа со мм,иако знам што значи реанимација,ја прашував докторката што значи тоа,мојот мозок не го прифаќаше најлошиот збор што постои...Кога влеговме,го видовме нашето чедо крупничко и толку убаво, бледо како крпа,како лежи полумртво приклучено на апарат,кој евидентираше слаба срцева акција,ниеден орган не му работеше...Сфатив што се случува и веднаш излегов,готова бев да изгубам свест,сестрата ми даде стол да седнам,ме испрска со вода а јас си ги средував мислите а мм остана со нашето синче (cry1) (cry1) сеуште му се восхитувам на тоа колку храброст и сила имаше во во тој момент...Кога излезе,само застана,се потпре на зидот размислувајќи,јас го гушнав и плачевме...Си отидовме дома избезумени и скршени,се јавивме повторно во болница кога ни рекоа дека почина нашето најмило...Само тишина и тага владееше во нашиот дом тие денови(cry1)
Следниот ден отидовме повторно да ја земеме отпусната листа и да потврдиме дека сакаме да му биде направена обдукција на бебето.Пред неколку денови го земавме резултатот од обдукцијата и отидовме кај гинекологот на консултации.Според резултатот,смртта настанала од сепса за која неможе да се утвврди како ја добило бебето,најголем процент оди од амниоцинтезата од која можат да настанат многу компликации.Сите брисеви јас што ги правев во бременоста беа негативни.Плус детето си имало вродена срцева аномалија од која поради сепсата уште повеќе се проширила и влошила.Но според сите дијагнози кои ги имало бебето,ако преживеело тоа ќе било премногу болно дете,дали после година или две тоа ќе починело а тогаш болката ќе беше уште поголема (cry1) (cry1) Гинекологот ни рече дека не е ништо генетски,така што нема потреба од испитување,едноставно така Господ сакал да биде (unsure)
Ни рече да одмориме уште еден месец за после да ми направи преглед,ПАПА тест и се што следи за повторно да останам бремена зошто нема никаква пречка за тоа. (smile) Да почнеме со пиење на Фолна киселина и двајцата.
Мојот најголем сон е тоа,повторно да бидам благословена зошто нема поубава среќа од тоа мили пријателки.Ова што го поминавме јас и мм,не му го посакуваме ни на најголемиот непријател,тоа се голема болка,солзи и празно срце.Верувам дека креветчето што го купивме ќе го наполниме со бебиња,ова што го поминавме е едно големо искушение кое Господ Бог ни го приреди за да ја стави на тест нашата сила.Мислам дека го поминавме тестот и јас и мм,излеговме и силни и сложни после сето ова што ни се случи.
Моето бебе...јас никогаш нема да го заборавам...Тоа преубаво лиценце и крупни очиња секогаш ќе ги носам во мене.Тоа знае само едно-МАМА И ТАТО НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВАТ!

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Nespretna » 22 Jul 2012, 18:46

Ух, Пеперутка, колку ме погоди мене приказната што ја раскажа. Јас, која што не те пшознавам лично, ме погоди таму кај што најмногу боли. А тебе? Мене ова ми е само некоја „приказна“ која ме погоди, а ти таа приказна ја преживеа. Како ли ја преживеа и поднесе, само ти си знаеш, а ние може само да претпоставуваме. Истовремено, сакам да ви честитам тебе и на мт, за сложноста и силата! Сите искушенија ни ги дава Бог, а ние само трба да се справиме со нив.

Сега останува само да се молиме за душичката на бебето (иако тоа сепак е веќе во рајот, како безгрешно битие) и со главата горе да продолжите кон нови обиди за нов живот.

Пеперутка само останува виртуелно да те гушнам!! (kup)

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by marinela999 » 22 Jul 2012, 19:00

Пеперутка ти благодарам за твојата искреност што ја раскажа твојата приказна, што ги претвори твоите чувства во зборови и ги сподели со нас (a2) . Сигурно треба доста храброст и за овој чекор. Браво за тебе и за тм што сте сплотени во едно во овие најтешки моменти. Ама ќе дојдат и подобри денови, ќе дојде денот кога креветчето ќе го наполните со здрави и живи дечиња, а ние ќе бидеме тука да го споделиме и тоа... (smile) Се надевам и дека ти е полесно кога ќе ни пишеш и дека барем малку ти помага нашата поддршка и нашите молитви и нашата надеж. Продолжете така храбро напред,и среќата ќе дојде.Те гушкам нај нај најмногу (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2) (a2)

malenaD
Домашен член
Домашен член
Мислења: 840
Придружен: 03 May 2011, 11:30
Му се допанале: 155 пати
Им се допаднал: 121 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by malenaD » 22 Jul 2012, 23:26

Пеперутка го читам твојот пост и солзи ми течат, браво за силата која ја имате ти и тм, за сложноста и храброста .Верувам дека бог мн наскоро ке ве благослови со бебенце,здраво и право. Јас силно те гушкам и чекам што поскоро да го видам и твоето има на списокот за забременување, а можеш и да не изненадиш па да го прочитаме твоето име во (t3) . (kup) (kup) (kup) (kup)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by sunshine_2012 » 23 Jul 2012, 09:12

Peperutka ti blagodaram od se srve sto tvoeto iskusvto i taga ja spodeli so nas go cenam toa mnogu. iskreno dodeka go citav tvojot post solzi mi potekoa, znam koga decata ke mi se razbolatili ke pokacat tt kolku e tesko da gi gledas a kamoli toa niz sto ti pominuvas tesko e da se zagubi dete mnogu, mnogu bolno, jas go zagubiv mnojot brat na 26 godisna vozrast i kako sto kaza ti eden del vo srceto zamina so nego, e toa bese moeto iskusenie dali jas i po zagubata ke mu veruvam na Bog go pominav toj test no go molam Bog nikogas poveke da ne me testira na toj nacin oti e mnogu Bolno, ja razbiram tvojata bolkata. Drago mi e sto ja nemas izgubeno nadezta tuku ti e uste posilna. Neka Bog go cuva i zastituva celoto vase semejstvo i da ja blagoslovi tvojata utroba so mnogu decinja i radosta da ti bide vratena i na tebe i na celoto tvoe semejstvo. Te guskam mila (kup)
pozdrav

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Hera » 23 Jul 2012, 22:25

Пеперутка те гушкам силно (a2) . Читам и сочуствувам со тебе, солзи ми се леат. Тежок е периодот што го поминуваш ама еве пак се докажува она што го мислев за тебе. Борец си ти, јака и храбра жена. Цела душа и срцево ми кажуваат дека овој тежок тест ќе го поминете појаки и вашата слога ќе биде наградена. Ќе бидеш повторно благословена и ќе бидеш најдобра мајка на светот. Твојот дом е спремен за бебенце и едвај го чекам моментот кога ќе ни се пофалиш повторно. Има да се фалиш насекаде колку е издржливо тоа креветче и колку бебчиња израснале во него. (a2) (a2) (a2)

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by anja » 24 Jul 2012, 08:57

(a2)

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by happy cumulus » 25 Jul 2012, 17:25

Peperutka, ti si mozebi najsilnata i najhrabrata zena tuka na forumov. Ti si najuporniot borec i najgolemiot optimist sto imam cest da go zapoznaam makar i virtuelno. Mnogu te mislev. Se prasuvav dali povtorno ke se pojavis na forumov. Neznam dali jas bi, koga bi bila na tvoe mesto. Ama eve te, se vrati, i te gushkam mila silno, silno, i ucam od tebe deka sekogas treba da se cekori napred, za svetlinata koja doaga na krajot od tunelot. Neizmerno sum ti blagodarna sto gi spodeli cuvstvata so nas. Samo lugeto so golemo srce go umeat toa. Ti i tm ste goelmi heroi i ljubovta megu vas ke gi rusi i najteskite zelezni porti. Znam deka ke si docekate mnogu radost i sreka. A so vas, veruvaj mi, ke se raduvam i jas!

Dobre ni dojde nazad na forumov, mila peperutke!

peperutce
Нов член
Нов член
Мислења: 46
Придружен: 14 Sep 2011, 22:17

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by peperutce » 26 Jul 2012, 10:02

Mnogu mi e zal Peperutka,nikako ne mozev da se resam i da napisam nesto na ovaa losa vest,ednostavno koga doznav ne mozev da se sozemam i seuste nemozam da poveruvam,bidejki zaedno gi rastevme nasite mesinja a i terminot ni bese blizu.Bidi mnogu silna kako i sto si sega,gospod ne stava pred golemi iskusenija,a ti go izdrza najsilnoto iskusenie,zatoa samo napred so verba vo boga pa sto poskoro da se izraduvate na novi bfp .Mnogu guski do tebe mila!

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Поддршка за нашата Пеперутка

Post by Marina » 26 Jul 2012, 11:30

Што да се додаде на постот од хепикумулус,зборовите од срцево напишани се во нејзиниот пост..не само најхрабрата и најсилната,туку и најголеми ВЕРНИЦИ сте со тм,колку само ќе бидете наградени за тоа,колку љубов треба да има во бракот за да се справи човек со вакво нешто,ви се восхитувам и на двајцата,многу ми е мило што пиша,одмори си ја душата и телото и со душа го чекам тој момент кога ќе ја објавиш најрадосната вест (a2) (a2)

Одговори

Return to “Мајчинство”