Мајчински чувства
Теми за мајчинството и мајките
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.

-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Мајчински чувства
Post by Petra » 17 Dec 2010, 19:34
Првите мајчински чувста првпат ги почувстввав кога дознав дека сум бремена, а многу силни кога првпат го видов срценцето на бебето. И оттогаш се се посилни. Да ја опишам мајчината љубов неможам да најдам соодветни зборови затоа што е многу повеќе од сите зборови. Кога гледав во срценцето се восхитував наеднаш ја почувствував најголемата радост, тоа што го гледав на ехото беше моето бебе. Друго нешто што почувствував беше неопислива топлина, солзи и насмевка во ист момент на моето лице. Бев пресреќна заради тоа што во мене започна нов живот. Бев многу многу радосна затоа што ќе станев мајка. dance dance dance Тие чувстава се длабоки, силни, заштитнички, и многу нежни. Се што чувствував беше љубов, љубов, љубов. (love5) (love5) (love5)
Re: Мајчински чувства
Post by Trena » 23 Dec 2010, 00:22
Mojata definicija za majcinstvote e :...Toa e cuvstvo kako da si istovremeno vo rajot i vo pekolot!
Sekoj koj e majka ,a i dete na nekoja majka ke znae sto zboram. (smile)

- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Мајчински чувства
Post by Peperutka » 31 Jan 2011, 16:54
Јас еве иако не сум сеуште мајка,но мајчинските чувства(мислам дека се мајчински) ги почувствував уште кога бевме дечко и девојка со мм (love) .Преубава ми беше самата помисла да имаме деца,да им ја пружиме целата наша љубов,се топев при самата помисла дека ќе бидам (t3) и после породувањето и мајка.Стоевме цврсто на нашата желба и иднината ја гледавме(и сеуште ја гледаме) со деца (b4) (b4) (b4) Ама не испадна така како што ние си замисливме,се надевам дека нашата борба со неплодност нема да трае уште долго (unsure)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Мајчински чувства
Post by Petra » 31 Jan 2011, 17:52
Секако дека нема да трае долго. (a2) Многу е близу времето кога во раце ќе го држиш твоето најмило бебе и сите овие чувства, а тогаш ќе бидат неспоредливо многу посилни и понежни, (love5) (a2) ќе го исплнуваат неговиот живот.
-
- Нов член
- Мислења: 13
- Придружен: 17 Jan 2011, 20:15
Re: Мајчински чувства
Post by Blaska » 02 Feb 2011, 12:50
Мене мајчинските чувства ми се јавија кога ја видов на ехо, тие чувства ми го топлат срцето нонстоп одкако станав мајка. Но тука е и стравот да не му се случи нешто,грижите се поголеми, но сепак ајдее оптимистички да гледаме и да уживаме во мајчинството
(jmp)
(jmp)
Re: Мајчински чувства
Post by mihaela » 26 Apr 2011, 15:47
Во моментот кога го направив трансферот на ембрионите почнав да се чувствувам мајчински и за цело време на мојата бременост бев загрижена за моето бебе,но всушност вистински ,реалните чувства кои и ден денес ги чувствувам и кои ќе траат додека сум жива ми се појавија првиот момент кога бебето го донесов дома.Кога бев со бебето дома и кога не беа околу нас медицинските сестри и преостанатиот болнички персонал е дури тогаш се почувствував како вистинска мајка.Во моментот кога сватив дека сега јас сум таа која ќе се грижи за безбедноста и здравјето на тоа мало беспомошно суштество,јас сум таа која ќе се грижи за неговото воспитување,и т.н ете тогаш ги почувствував и вистинските мајчински чувства.Затоа и сметам дека мајка е онаа жена која се грижи за детето а не таа која го раѓа.
-
- Редовен член
- Мислења: 302
- Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
- Му се допанале: 4 пати
- Им се допаднал: 15 пати
Re: Мајчински чувства
Post by Milly » 13 Oct 2011, 18:42
Некако ми тргна со текстовите периодов, а овој што го најдов најмногу ми одговараше на мајчинските чувства.
Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излага осум пати, во битни животни моменти.
Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мера што немавме доволно храна, а камо ли нешто повеќе. Во ретки моменти се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми би подготвила скромен оброк и секогаш својот дел би го префрлила во мојата чинија говорејќи: “Јади сине, јас не сум гладна”.
Тоа беше нејзината прва лага.
Кога малку пораснав, мајка ми, по завршувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката, која се наоѓаше блиску до куќата, надевајќи се дека ќе улови риба, за да јадам здрава храна и да се развивам како и сите други деца. Во една прилика успеа да улови дури две риби. Побрза накај дома, ги подготви рибите и ги стави во чинија пред мене. Јас малку по малку јадев од рибата, а мајка ми го јадеше она што остануваше на коските. Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и другата риба ја ставив пред мајка ми, а таа ми ја врати велејќи:
“Сине, изеди ја и другата, знаеш дека јас не јадам риба”.
Ова беше нејзината втора лага.
Поминуваше времето и дојде денот на моето поаѓање во училиште. Бидејќи немавме доволно облека, мајка ми отиде во еден дуќан за облека и се договори со сопственикот да продава облека по куќите на богатите луѓе. Една ладна и дождлива ноќ, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома се загрижив и излегов да ја побарам. Ја здогледав како носи торба со облека и тропа на вратите на луѓето. И викнав: “Мамоооо, дојди. Да си одиме дома, доцна е и ладно е. Можеш да продолжиш утре наутро!”
Таа се насмевна и рече:”Сине мој, не сум уморна”.
Ова беше нејзината трета лага.
Дојде денот на полагање на испити во училиште. Иако беше многу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене на училиште. Сонцето ја пржеше земјата а површината на песокот трепереше од жештина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во училишниот двор. Кога завршија испитите, излегов од училиштето, а таа ме дочека во топлата мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во рацете држеше ладен и свеж сок, кој го купила за мене. Кога почнав да го пијам, се завртив и погледнав во неа: по целото тело и течеа капки пот. И го подадов шишенцето и реков:”Мамо, напиј се”, а таа рече:”Сине, пиј си. Јас не сум жедна”
Тоа беше нејзината четврта лага.
По смртта на татко ми, мајка ми го живееше тешкиот живот на вдовица. Ја презеде сета одговорност за водење на домаќинството, едноставно – мораше да се грижи за се. Животот стана тежок и често гладувавме. До нашата куќа, беше куќата на вујко ми, инаку многу добар човек. Често ни даваше храна да го убиеме гладот. Кога комшиите увидоа дека нашата ситуација е претешка, ја советуваа мајка ми, која сеуште беше млада, да се омажи за некој човек кој би ни помагал. Меѓутоа мојата мајка го одби овој совет, велејќи:”Јас немам потреба за љубов”
Ова беше нејзината петта лага.
По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив да ја преземам грижата за домаќинството. Бидејќи мајчиното здравје ослабе, таа повеќе не можеше да продава облека по куќите, така што почна да продава овошје и зеленчук на тезга. Кога го одби мојот предлог да престане да работи, одвоив дел од својата плата и и' дадов, а таа одби да го прими, велејќи:”Чувај ги своите пари сине, јас имам доволно за себе”.
Ова беше нејзината шеста лага.
Без оглед на тоа што добив добра работа, продолжив со учењето и набрзо магистрирав. Постигнав голем успех и моите приходи се зголемија. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и почнав да правам планови за новиот и среќен живот. Откако отпатував и ја средив својата состојба, ја повикав мајка ми да живее со мене. Таа не сакајќи да ми пречи рече:”Сине, јас не научив да живеам богато”.
Ова беше нејзината седма лага.
Како времето минуваше, мајка ми се повеќе старееше и набрзо заболе од карцином. Во тие тешки моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога меѓу мене и мајка ми беа многу држави? Оставив се' и се вратив дома. Ја затекнав мајка ми во постела. Кога ме здогледа, се насмевна. Срцето ми се кинеше бидејќи беше исцрпена и слаба. Тоа веќе не беше мајката која ја познавав... Солзите почнаа да ми течат по лицето, но таа се обиде да ме утеши велејќи:
“Сине, не плачи, не чувствувам никаква болка”.
Ова беше нејзината осма лага.
Откако го изговори тоа, ги затвори очите и повеќе не ги отвори.
На секој, кој е благословен да живее со своите родители, му порачувам:
Чувај го ова богатство, пред да тагуваш за него откако ќе го изгубиш.
На секој кој ја изгубил саканата мајка, му порачувам:
“Секогаш сеќавај се на неа!”

Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива