Page 1 of 1

Нега и убавина по породувањето

Posted: 22 Apr 2013, 18:14
by Petra
Оваа тема нека ги опфаќа сите теми поврзани за нега на косата, телото и лицето по породувањето. Совети што би било добро да се користи или избегне од хемикалиите за време на доењето. (bu)
Мамички, ајде да споделиме збор два за негата по породувањето. (smile)

Re: Нега и убавина по породувањето

Posted: 22 Apr 2013, 18:35
by Petra
Фарбање и доење: Мислам дека не се документирани ефекти врз доенчето поврзани со боите за коса. Не се познати случаи кои покажуваат несакани ефекти брз бебето од употребата на фарби за коса. Хемикалиите кои се користат во боите, кадрење, исправање, се користат само врз кожата, а повеќето супстанции навлегуваат во кожата во многу ниски концетрации. А уште е помало количеството на она што се инфилтрирало во кожата, кое доаѓа до бебето. Некои сметаат дека хемикалиите од боите скоро не достигаат до мајчиното млеко.
Меѓутоа, ако мајката сака да е вонредно внимателна, може бебето да не се дои во наредните 4 часа по бојадисувањето и мајката да се измолзува. Да се измолзува по 3 часа од фарбањето.
Ако кожата на главата е здрава и неоштетена, апсорпцијата ќе биде помала одколку ако кожата е изгребена и оштетена. Ова е тоа што најдов.

По породувањето јас не се фарбав, зошто не се фарбав и пред тоа. Тогаш немав никакви информации дека фарбањето може да биде штетно за време на доење. Сега, моето мислење е дека јас гледам да ги избегнам за мене лично максимално сите хемикалии. А уште повеќе за бебето. Речиси и да не нанесувам никаква козметика. Така да ако во овој период доев, немаше да се фарбам. Ако пак белите влакна се многу забележителни и сакам да ги покријам, ќе се шатирав, нијансирав, тоа не допира кожата или пак к’на. (smile)

Re: Нега и убавина по породувањето

Posted: 20 May 2013, 14:25
by stela
Сакав да прашам дали знае некој,или има користено гелови против целилит после породувањето,дали е штетно за млекото или слично?