40 дена после породувањето

Се што е поврзано со периодот после породувањето, закрепнување, совети за постпородилниот период итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
srcka
Нов член
Нов член
Мислења: 29
Придружен: 27 Oct 2010, 11:50
Им се допаднал: 1 time

Re: 40 дена после породувањето

Post by srcka » 27 Oct 2010, 22:55

i jas nigde ne odev vo prvite 40 dena so maloto iako bese naporno ama pomina i to.

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by mihaela » 16 May 2011, 15:15

Кога се роди син ми времето беше премногу студено.Имаше снег,мраз и температури испод нула,така да немаше логика да се шетаме.Одевме само по потреба на вакцина,и слично.А што се однесува до оние бабини приказни,навистина се суеверија.Самовили и слични суштества не постојат.И велењето пријатно на гостите и послужувањето немаат врска со имањето или немањето млеко.А и среќата на детето не зависи од тоа како ние ќе се однесуваме во тие четириесет дена,туку едноставно се ќе биде така како што треба да биде.А исто така и излегувањето навечер или доаѓањето на гости откако ќе зајдит сонцето е само суеверие и воопшто не ми беше важно кога ќе дојде некој дома или кога ќе си оди.Но тие што доаѓаа некако како да се придржуваа до старото сваќање и секогаш доаѓаа и си одеа со ден (laugh1) .А инаку од здравствени причини,да,постои логика,и треба да се внимава,на жената и треба време за опоравување после породување,исто и на бебето му треба време да се прилагоди на надворешниот свет,сепак треба да помине извесен период за да може и бебето а и мајката да се прилагодат еден на друг,а тој период навистина некако како да опфаќа месец два (laugh1).А бројот 40 од верски причини и кај нас и во другите религии се поврзува со многу работи и во животот и во смртта,па затоа и го почитуваме сите ние.Кога бебето ќе наполни 40 дена се носи во црква на неговата прва молитва.Бог е со нас од самото наше раѓање,дури и од зачнувањето,но кога ќе се испее молитвата и чувството во нас е поинакво.Се чувствуваме позаштитени,послободни,поопуштени (a2) (a2) (a2) Ова го зборувам од мое лично искуство.

SIMONA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 273
Придружен: 27 Nov 2012, 19:01
Му се допанале: 73 пати
Им се допаднал: 81 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by SIMONA » 17 Dec 2012, 22:10

SREKA ZIVEEME VO KUKA...PRVITE DVE NEDELI SI SE CUVKAVME PO DOMA...A SLEDNITE 2 NEDELI SI SETAVME NA SONCE U DVORCE(BEZ DA NE VIDI NEKOJ)POMINAA TIE 40 DENA NE BESE PROBLEM SE GUSKAVME SI SPIEVME SI UZIVAVME...NE MI BEA STRESNI DALI DEKA BEV CARSKI I MI TREBASE POVEKE MIRUVANJE A BEBCETO I ONAKA SI SPIESE CELO VREME (laugh1)

milicka9283
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 12 Aug 2012, 19:59
Location: Skopje
Му се допанале: 17 пати
Им се допаднал: 26 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by milicka9283 » 20 Dec 2012, 22:37

познавам луѓе кои се шетале уште првата недела и тоа некако ми е чудно...па бас ми требаше мислење на некој друг за оваа тема...со оглед на тоа дека и мене ме чека тоа да седам дома...искрено мислам дека ќе издржам некоја недела ама баш 40дена не верувам..кај можам јас да не одам кај моите (rad)

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by Hera » 27 Dec 2012, 19:49

Зошто Миличка да ти е чудно. (smile) Па моево се роди во август во најголемите жештини. Мислам дека 15 дена имаше кога почнавме да го шетаме, па и нему му годеше воздух. Во двор бевме секој ден и наутро и приквечер. Па колку поубаво си спие кога ќе си подиши свеж воздух. Во бабини рекла казала муабети не верувам и не сакам ни да ги знам, се си правев по мое, ми немаше логика тоа да не одиш никаде или да не ти доаѓа никој дома доколку сме сите добри и здрави.

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by Marina » 27 Dec 2012, 20:27

Мене па ми е чудно дома што седат 40 дена ради бабини деветини.од прв ден излегуваме,и така треба,на чист воздух,поубаво спие тогаш бебето,порано било така за мајката да не фати некои инфекции што биле многу чести,во денешно време тоа е апсурдно

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by Nadja » 08 Jan 2013, 15:11

Јас не чекав 40 дена. Тоа за мене се глупости. Единствено што правев е што не го изнесував малиот надвор, затоа што беше премногу ладно. Друго се правев. Ми доаѓаа и гости. Сето тоа и пречеше на свекрва ми. Не требало дозволам да доаѓаат гости да го видат малиот пред 40 дена. Не чинело за детето. Јас и реков - Овде во Скопје не се чекаат 40 дена. Оттогаш не ми рече ништо.

Bilence 123
Член
Член
Мислења: 156
Придружен: 18 Aug 2014, 18:33
Им се допаднал: 18 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by Bilence 123 » 23 May 2015, 18:50

Ние си седевме 40 дена домче освен за педијатар. Гости ни доаѓаа, преку ден, навечер, не гледав на тоа. Ми годеа овие 40 дена, се прилагодивме со малото и многу брзо ми поминаа, мислам како вчера да се породив. Ја однесовме на молитва и во три куќи на гости. Кога се вративме дома се отепа повраќајки малечката и тоа обилно повраќање низ нос и уста. Прв пат и е случи тоа. Незнам од што и беше, ама постарите одма коментираат-урочена била и олекнало.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: 40 дена после породувањето

Post by ivvi<3 » 23 May 2015, 23:24

Секогаш кога се нема логичен одговор за нешто, урочувањето е "вистинскиот" одговор :)

Одговори

Return to “После породувањето”