"Ривалство" помеѓу мајки

Општи теми за деца, кои не ни се опфатени во претходните подфоруми.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

"Ривалство" помеѓу мајки

Post by Радост » 31 Jul 2014, 13:46

Долго се мислев дали воопшто да ја отворам темата, зошто не знам на кој начин ќе се сфати ама веројатно деновиве сум по сензитивна, па затоа се решив. Насловот можеби не е соодветен затоа и во наводници го ставив во недостиг на друг, ете модераторите нека реагираат ако имаат поадекватно решение. :)

Имено, не знам ни како да го склопам целиот муабет зошто од како станав мајка се фатив неколку пати згрозена од однесувањето и подмуклоста на жените. Мажите ги тргам од овој муабет зошто немам видено татко така да реагира како мајка, донекаде и сфатливо де. :)
Ќе нафрлам со примери за да можете да ме сфатите. Многу често се случува ( не зборувам само лично за мене како инволвирана туку воопшто ) да ја осетам злобата на мајка чиешто дете не јаде, како и префрла на мајка што детето има апетит дека е лакомо, дека не треба да му дава да јаде колку сака. Или од друга страна, мајка што има дете што и јаде се и убаво, како се прави паметна спрема мајка што мака мачи со храна и вкусовите. Или за килажата .. или за крвната слика ... или за моториката на децата. Или спиење/не спиење ... можам да одам до недоглед ама мислам дека одприлика знаете за што зборувам.

Јас не сакам да се правам мајка Тереза ама секогаш сум имала искрен пристап, дали за килажа, дали за хранење, дали за воспоставување на ред, дали е лошо или не сум го кажувала баш дека е така се додека не се свестив дека со мојата искреност некој си лечи фрустрации, а во позадина се обидува и мене да ме исфрустрира.

Со темава не ми е намерата да земам трофеј за најдобра мајка на годината (rolll) туку навистина имам многу да пишувам и секој ден сум се повеќе запрепастена. Како една жена со таков благослов да биде мајка може да има таков дволичен лик ( за жал овде мора да стои множина зошто многу често ми се случи ова, лично или индиректен слушач) и која е крајната цел? Да се утешат себеси, да понижат друг? Што добиваат?

Знам дека ќе кажете игнорирај ги зошто и тоа го правам, едноставно не вреди да се троши енергија и се обидувам постепено и неприметно да се повлечам од таквите луѓе ама што во момент кога не можете да премолчите? Како реагирате? Им кажувате онака како што се чувствувате и мислите? Ги побивате со работи за кои самите се контрадикторни?

Темата е многу подлабока и многу за дискутирање ама можеби дека се уште не ми се верува делува како нафрлена со муабети. :)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by kit-kat » 31 Jul 2014, 14:29

Мила Радост welcome to reality. Потполно знам за што зборуваш.
Да не те плашам но вие сте само на почеток на тоа лицемерие и ривалство меѓу мајки. Замисли сеуште не сте почнале во градинка или на школо. Можеш само да замислиш како е таму.
Тоа го има насекаде. И мене ми делува фрустрирачки но со тек на време се навикнав и не земам толку при срце.
Еве ќе наведам неколку примери. На синко од 6 месеци му давав буквално се што јадевме ние само без зачини и запршки и помалку сол. Само јајца мајонез и нормално конзервирана храна не. Кога ќе дискутиравме сите (ner) ми велеа леле не треба така бла, бла. ...
Исто како мало растеше доста слабо иако се јадеше но беше активе , па се чудеа како можело така. Им сметаше слабината и ребрата на него.
Сега е пополничок набиен и истите тие ми викаат " леле внимавај да не се здебели не е во ред" И како крај да им најдеш.
А замисли за во градинка или школо. Сите деца се различни и во говор, моторика проодување,вадење заби...Но се наоѓаа секогаш мајки кои мислат дека нивното дете е понапредно, побрзо проговорило а е помладо од моето 32 дена...
Еве пред 3 дена на роденден се најдовме со мајка на врсник од синко со кој се разлика само 8 дена. Во градинка беа заедно. Детето е цел ден на улица многу палаво, се дружи и учи од повозрасни деца од улица, што за мене не е оправдано, но Боже мој си има родители да му судат.
И ме прашува мајка му дали синко излегувал навечер (scared) . Велам не( сметам дека дете од 8-9 години не е здрело само да се движи во град со пари во џеп-можеби грешам но што ќе прави тогаш на 15 години? )
На тоа таа со потсмев и како да е заостанато моето дете ми вели " Е синко мој излегува во 20:30 и се враќа 22:30 сам. А живеат над градот. (scared)
Но ете нејзино право, но ме нервира реакцијата кон мене.
Така да Радост да не се замараш многу тоа секаде и секогаш го имало и ќе го има.
Е сега како се справувам. Има два начина поточно мисли на кои се присетувам во тие моменти и не ми даваат да речам нешто само ќе се насмеам и толку.
Првата е од еден стар педијатар жена пријателка на мајка ми која ми е достапна во секој момент за било какви прашања. Кога ќе се секирав зошто синко на 6 месеци не зборува само кажува 6-7 збора или зошто на 9 месеци вади прв заб , а не на 4-6 како многу други, смирено ќе ми одговореше"ГРАНИЦИТЕ НА ДЕЦАТА СЕ ОГРОМНИ И МНОГУ ШИРОКИ"За секое дете е нормално да проговори, извади заб, заоди, почне да јаде се,фрли пелени...од 6 до 36 месеци. Се што ќе се случи во тие 30 месеци е нормално. И навистина.
А втората мисла е од една комшика која ми велеше дека луѓето посебно жените во одговарањето и зборувањето се како поле. Кога ќе можеш да му ставиш на полето ограда или врата тогаш ќе ја замолчиш и жената да се меша во туѓи работи.
И ова е навистина така.
Затоа Радост не се оптоварувам многу. Уживај во миговите со крофната. Бидејки не си свесна колку брзо ќе расне и дојде време да не и си потребна толку како сега. Еве го синко како вчера беше бебе, сега над рамена ми е. По цел ден е самостален. И ми е мака што не родивме барем уште 1-2 дечиња првите 1-4 години кога се чуваме. (kup)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by Радост » 31 Jul 2014, 14:37

Фала ти Кит-Кет. (big-hug) Како викаат, додека не те допре нешто лично не може на туѓа кожа да осетиш. Досега немав приметено зошто не ме болело толку многу иако сум реагирала и за внуците ама веројатно за свое дете баш стануваме како животни и веднаш се браниме. Со тек на време ќе научам, ќе се сменам и знам дека после ќе ми биде криво и за ова потрошено замарање ама ова може и како припрема за понатаму му доаѓа.

Всушност луѓето какви се во суштина, такви се на сите полиња во животот ама мислев дека како мајки не би требало такви невино суштество да ставаат во средина да се почувствуваат они подобро. Всушност како може да им е подобро, кога се тоа е лажна илузија ама во ред, ќе се навикнам со тек на време. Затоа и на коментарите веќе : леле од што се поправа ова твое дете толку, одговарам "од Љубов". :) Една постара баба ми рече на сите коментари што ќе ги добијам да викам само: и она како и другите деца и да се праам дека не разбирам што ми зборуваат. :) Ќе ги применам вашите совети, за да си зачувам нервите. :)

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by saska075 » 31 Jul 2014, 14:39

Радост тотално те разбирам бидејќи и јас во краток рок од 2 месеци честопати сум била во такви ситуации.
Прво зоште не дојам (се измолзувам и понекогаш АД) - тие што доеле биле грижливи родители, децата им биле повеќе поврзани отколку ние другиве, па како тоа било најпрекрасното чувство ( не викам дека не е), па како заради доењето немале време за засебе, па уште ми викаат да не ми направиле некоја магија што не дојам (ner) ..... и ред други работи. Значи разни коментари околу оваа тема, а сите што ме познаваат знаат дека индирекномалата си пие мое млеко.
Второ како што кажа- кое колку било напредно. Дали за 1 месец качило 1 кг или 700 гр или 1200 грама. Опседнати се со тоа (барем јас што ги знам)
Трето кое како било облечено. Стварно сите сакаме да ги дотеруваме бебушките но да се внимава на секој детал мислам дека е стварно претерано. Дали бодито,маичката, фустанчето или хеланчињата се од Crazy Zara, Berska. Стваено претеризам. Имам уште за пишување но одам ми плаче малата ќе завршам после

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by anabejbi » 31 Jul 2014, 15:12

Се согласувам со Кит кет, секој родител за своето дете го кажува најдоброто, колку рано почнале да зборуваат, прооделе, извадиле запче и слично, секое дете е различно, и неможе да се споредува, толерантните граници се големи. Порано можеби се оптеретував а сега најбитно ми е времето да му го посветам на детето и воопшто не им замерувам на другите, иако понекогаш се прашувам зошто сеуште М. нема кажано разбирлив збор, а некои од неговите врсници знаат и неколку. За килажата во почетокот се плашев и бев загрижена, особено слушајќи ги коментарите околу мене за нивните дечиња по колку им качувале месечно, но сите деца се различни, еве како почнавме со дохраната , а особено во последниот период супер почна и М. да напредува, значи залудно сум се плашела. Како што ми кажа матичната, некои деца откако ќе почнат со дохрана повеќе напреднуваат. Од искуство знам дека е подобро подоцна да се вадат забите бидејќи го искусивме проблемот со вадење на заби и вакцини.
Мамички гледајте си ги децата и не се замарајте (big-hug) (beer)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by ripcence » 31 Jul 2014, 15:19

Мила Радост јас ќе ти речам "добро дојде во клубот" се сеќаваш ли дека пред да се породиш ти кажав ти лавица ќе бидеш, такви мајки имало и ќе има, колку само нервози ми се правеле и мене додека ги растев децава, имавме еден екстремен случај што родителите никако несмееа да дозволат С да има нешто повеќе од нивното (разлика 1 месец) еве пр. се спремаме за одмор, јас на шала кажав спремни сме уште само купачи да му купиме и може да одиме (се разбира не мислев сериозно дека на дете од 7мес. купачи ќе му купувам)-не отишле по пат за накај дома купачи да му купат на малото? (shaking) уште и ни се јавија да ни кажат, па нивното било понапредно од нашето, тој јадел тарана а нашиов не....синко имаше пеленски осип од сите пелени освен од памперс, ама јас бев мајка што го прави детето свилено што упорно фрлам пари на скапи пелени, дури и мм го убедуваа дека не е можно само памперс да трпи детето.
Потоа останав бремена со М, каква катастрофа со кој памет уште не дораснато едно дете јас ќе раѓам второ (ner)
И до ден денес за неа ми коментираат дека е дебелка дека несмее толку да е ќе си имала проблеми понатаму...
Сега со А имав една за мене непријатна средба, го возам со количка и добив прашање- Количкава од џамбо иљадарка а? (ner) Сега јас треба да бидам помалку мајка бидејќи го возам детето во количка од 1900ден. од неа што вози Чико?! Потоа 100 коментари како така несакал бебуш на плажа, како така му дозволувам да ми го диктира одморот, па јас на маоре сум отишла а не во соба да седам...
Многу примери, многу примери...
Ти си среќна со својата крофна, таа е среќна што има прекрасна мајка, сите тие од страна што се дрзнале на такви коментари верувај ми би ги оставиле децата некој да им ги чува 24/7 без трошка совест а само би се кителе со децата како со пердуви.
(big-hug) (big-hug)

srculence
Редовен член
Редовен член
Мислења: 499
Придружен: 13 May 2013, 22:17
Му се допанале: 212 пати
Им се допаднал: 296 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by srculence » 31 Jul 2014, 15:41

Bravo za temava Radost,
I jas sum meta na osyduvanje zasto ne ja dojam Kalina deka oni iscuvale edno,dve tri deca i neznaele sto e toa Ad mleko na picetok mi bese tesko no sega sum srekna sto celi 5 meseci se molzev so izvinuvanje kako krava i denje noke piese moe mlekce,pa neka e zdrava i ziva drugo ne mi e bitno
Pred nekoj den ostanav zaprepastena od prasanjeto na edna moja mn bliska rodnina..neli oni se zdravi i najdobro gi cuvaat svoite deca a se osudi da me prasa...kako razmisluvam na mojata bolest sega koga imam dete samo.i odgovoriv deka ne razmisluvam deka uzivam i ke uzivam se dodeka gospod mi dava zivot,pa posteno si se iznaplakav
Drugi muabeti deka ne mi jade Kalina Radost e svedok bidejki ja zamaram so mojata gramaza na mleko a Da ne zborime za toa koj od kade kupil.i kolky pari i drn drn drn drn,no za zalnasiot mentalitet e takov da se dokazuvaat koj sme sto sme kolku imame i kako imame

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by Радост » 31 Jul 2014, 16:18

ripcence wrote: Ти си среќна со својата крофна, таа е среќна што има прекрасна мајка, сите тие од страна што се дрзнале на такви коментари верувај ми би ги оставиле децата некој да им ги чува 24/7 без трошка совест а само би се кителе со децата како со пердуви.
(big-hug) (big-hug)
Не сакав да излезе како его трип муабетот во темава ама ова е баш тоа што највеќе ме вади од кожа. Најчесто оние што највеќе мудруваат и се обидуваат да те понижат во секоја смисла, се далеку полоши родители како и да земеш, буквално од грижа, храна, воспитување. И иако знаеш дека преку тебе си ја перат совеста, пак не можеш да останеш рамнодушен.

Еден од многуте примери, отидовме кај другар кој го знам повеќе од 15 години со кој поминав многу убави години и имам релативно високо мислење за него. За жена му немам мислење зошто не е мој тип, за еден саат седење ме преморува и исцрпува зошто освен оговарање друг муабет не знае. :) Синчето им е постаро 5 месеци од мојата. Уште кога влеговме детето беше видно вознемирено и кенкаво и прашав што го мачи. Саатот беше 13 и ми вика она" абе не пукна веќе од 7 е станат ете го нејќе да заспие секој ден вака и кенкав е од што е преморен". Отиде она да го успива и се врати за 5 минути - не сакал. Го зема после он, се врати за 5 минути не сакал. Е сега истата она ми рече дека сум претерувала со разгалувањето зошто јас и по пола саат лежам до нејзе и ја држам за рачето за да заспие па макар спиела 15 минути само. И можеби дека јас сум таков човек, не гледам поента ако се расправам зошто она е убедена дека јас ја разгалувам.

За муабетите за доење и ад ич да не почнувам, ќе направи 7 месеци јас уште тонам кога ќе ме прашаат дали ја дојам. Без разлика што не знаат сите зошто не ја дојам и оние што знаат прават да се осеќам толку мизерно .. Единствено што не можев да премолчам на еден муабет од таква мајка дека децата на АД немале имунитет. :) За разлика од нејзиното мојата само еднаш има настинато, а одкако е родена ниеднаш нема качено температура. И јас не се дрзнувам ништо да и искоментирам на нејзе што повеќе се со антибиотик одошто без зошто која мајка сака да се мачи детето, она даде се од себе да ме деградира ( демек ).

За примерите со парите ич не сакам да зборувам зошто мислам дека има највеќе примери, на што се трошат пари, а на што се за децата кратат. Тоа некој нареден пат.

Или примерите кај што имаат помош од свекрва, мајка, золва, сестра, братучетка итн, и ти го распоредуваат времето како не си постигнувала да излегуваш на кафиња или на гости да појдете.


Ќе ми треба многу време да се навикнам и тотално да бидам со ладна глава. Особено што највеќе удари од најблиски се доживуваат.


Срцуленце, нека се одмолзува некоја 5 месеци за да го рани бебето, па после нека дојде да ти каже како си лоша мајка. :)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by maried » 31 Jul 2014, 19:05

Радост браво за темата :-D Денес имав непријатна случка. Мајка на 14 месечно дете, одиме со Л, и ми нудат газиран сок, јас викам не фала не пијам газирано на диета сум, и мајкава ми вика уште за диета си си се видела ли ама си пропадната :-/ Се запрепастив :-/
Или мајка со бебе колку Л, правиме муабет за тежина, исхрана, е сега Л е 9700, а нејзиното 8000, и јас и викам, лана волку да јаде крофничка ке стане, ама онака на шала, и ми вика епа ако е послаб мојов барем нема проблеми со крвта, на лана и е слаба малку :-/ И не искоментирав :-)

srculence
Редовен член
Редовен член
Мислења: 499
Придружен: 13 May 2013, 22:17
Му се допанале: 212 пати
Им се допаднал: 296 пати

Re: "Ривалство" помеѓу мајки

Post by srculence » 18 Aug 2014, 13:51

И тука да си напишам за една мајка која два дена нервите на 0 ми ги донесе,значи луѓе женава ме спобуделе и на крај морав еден ГОЛЕМ БЛОК на фб да и ставам.
Мразам луѓе што своето дете си го прават најдобро (знам дека за секоја мајка е најдобро и најубаво)но тоа дома а за надвор секое дете е најубаво и најдобро и најмило
Мразам самобендисани и богати лиѓушки кој што се стекнале благодарејки на ТАТО
Мразам да ми продава некој знаење а ни самиот не знае што значи тој збор
Два дена се доведов во ситуација да мислам дека не сум за ништо способна дека не сум доволно добра МАМА да заплачам од една искомплексирана будала,
Значи незнам што ке постигнат Мајките кој се натпреваруват со тоа дека нивнот дете е облечено во таа марка дека се возаат во таа количка дека пијат млеко во тоа шише дека имаат таква цуцла Дека нивното дете толку јадело дека нивното итн...итн..итн
Значи од тој ден почнав селекција да правам со кој ке пишам и со кој ќе се дружам па ако сака и редена сестра нека е
Мое дете мој избор за се
Фала многу пријатно (thumbsup)

Одговори

Return to “Разно за децата”