Посвојување на дете

Општи теми за деца, кои не ни се опфатени во претходните подфоруми.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Herra » 26 Dec 2012, 20:02

Голем среќник (con) (con) (con) за бабушкото кој наскоро ќе стане дел од вашето семејство и ќе го исполни со многу љубов и насмевки. Секоја чест благородни луѓе за вашата одлука, нека расте во мирна и хармонична средина исполнета со многу, многу љубов и разбирање. (bu)

Голем среќник
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 21 Dec 2012, 02:59
Им се допаднал: 11 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Голем среќник » 28 Dec 2012, 13:36

Ви благодарам на убавите зборови. На сите. Се надевам дека повеќе мажи ќе се охрабрат да зборуваат јавно околу оваа, за жал, табу тема кај нас. Ви посакувам на сите добро здравје, среќа, љубов и многу убавини во наредната година. И една порака до сите брачни парови кои сеуште се двоумат дали да посвојат дете или не. Ако не сте 100% сигурни, и двајцата, дека токму тоа го сакате, ќе го направите и ќе си живеете среќно и весело со новиот, ваш и само ваш, член на семејството, не се ни обидувајте воопшто. Со ова не сакам да ве обесхрабрам туку да ве поттикнам да разговарате отворено, од дното на душата, за сите ваши скепси, сомневања и стравови. Ама да не заборавите да поразговарате и за убавината на вашиот иден живот. Разговарајте со ваши најблиски, со луѓе со широк ум, широки сфаќања и широко срце. А сите останати комшии, познаници, па дури и најблиски кои можеби немаат разбирање, а можеби и немаат добри намери т.е. добра енергија, игнорирајте ги скроз. Кој и да ви каже нешто во спротивна насока игнорирајте го тотално. А ако е упорен, заборавете го. Тој (тие) дефинитивно не се на ваша страна. Верувајте ми. Само јас и сопругата знаеме низ што проаѓавме 12 години, со десетици прегледи, ин-витро постапки, разочарувања, но и подигања на главата. Друг до нас немаше. И друг немаше кога ја донесовме одлуката за посвојување. Пак бевме само ние. 100% сигурни дека токму тоа го сакаме и дека тоа дете ќе биде само наше. Зашто токму така требало и да биде. Животот не оди како што само ние посакуваме. Има некој кој подгледнува одвреме навреме, не тестира, не замислува, со една единствена цел. Да донесеме вистинска одлука во вистинско време. Секое добро на сите и само со позитивна мисла. Предложете им и на вашите сопрузи да ѕирнат на форумов. Можеби ќе се изненадат, а можеби и охрабрат. Храбро и цврсто само. Живи и здрави да сте!

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Vesela » 07 Mar 2013, 10:59

Девојки, јас веке имам едно дете, ама би сакала да посвојам едно. Имено, со мм се обидуваме за второ, ама потешо ни оди ( годините си го прават своето). Би сакала да прашам која е процедурата за посвојување на дете и дали иам некаво важност тоа што веќе имаме едно дете

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Bobe » 26 Oct 2013, 22:31

Dali nekoj e zapoznaen so procedurata I potrebni dokumenti?Blagodaram (smile)

eli_bube
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 28 Dec 2013, 20:29
Му се допанале: 6 пати
Им се допаднал: 13 пати

Re: Посвојување на дете

Post by eli_bube » 28 Dec 2013, 20:34

Jas bi sakala da posvojam iako imam svoi deca... mnogu mi e zal za decata bez roditeli i bi sakala da usrekjam edno detence barem, da si ima familija....

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Debora » 28 Dec 2013, 20:38

Денес гледав на ТВ дека во Штип за кратко време 6 бебенца биле напуштени во родилиште. (sad1)

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Посвојување на дете

Post by RedRose30 » 28 Dec 2013, 21:50

Иронија .... некој се обидува со маки да има дечиња, а ете некој ги напушта ... ама сигурна сум дека не е сеедно и дека секој си има свои причини за постапките. Сигурно имаат своја приказна, која доколку ја дознаеме и нема да ги осудуваме (prayer)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Посвојување на дете

Post by Debora » 28 Dec 2013, 21:58

Никој не ги осудува, само иронијата е што паровите со години чекаат за посвојување и минат низ еден куп бирократски лавиринти, а се полнат домовите. Тоа ми беше зборот.

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Посвојување на дете

Post by happiness » 22 Jan 2015, 10:45

prijateli pred godina si posvija bebce imase 4 meseci sega e veke todlerce i toa najubavo (lovet)
go sakam kako svoe (love5) deteto ima mila zvezda, i sto e najvazno im ja dava najgolemata ljubov koja moze da se zamisli na negovite roditeli ,zivotot im se smeni ja nema pove onaa tenzija koja traeshe 10tina godini so razni ispituvanja so in vitro postapki,odea nadvor od mk za invitro troshea i vreme i energija..... vo toa vreme bea mnogi ranlivi...
a sega se nasmeani i radosni,spodeluvaat momenti koi gi pominuvaat so nivnoto detence...
sega skoro pievme kafe so majkata i taa mi veli
" poveke ne se zalam za vremeto pominato po kliniki ,taka trebalo da bide i bash sum srekna za toa, postoeshe samo toj pat za da stignam do moeto angelce..."
sekoe dete go ispolnuva domot kade zivee i rasti..... a ova dete mi ja ispolni dushata so milost i mene (love5)

Penelopa
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 25 Jan 2018, 11:36

Re: Посвојување на дете

Post by Penelopa » 25 Jan 2018, 12:07

Здраво на сите,

Гледам темата не е активна одамна па би сакала да прашам дали има некој што поминува или пак скоро поминал низ процедурите за посвојување.

Конкретно ме интересира за "интервјуто" пред комисијата, што како прашуваат ...

Ве молам пишете ми ...

Ако некој не сака да пише тука јавно на темата слобоно нека ми пише во порака.

Некако ме фаќа ептен паника ...

Ви благодарам многу!

Поздрав и убав ден

Одговори

Return to “Разно за децата”