Page 2 of 5

Re: Посвојување на дете

Posted: 20 Nov 2012, 14:37
by Petra
Детелина многу се радувам и посакувам навистина, што е можно најбрзо да си го имате вашето детенце. (love5)
Со среќа постапката. (a2) (a2) (a2)

Re: Посвојување на дете

Posted: 20 Nov 2012, 16:58
by Herra
Детелина миличка, браво за одлуката што сте ја донесле. Нема ништо поблагородно од тоа да се даде сета љубов на едно невино мало детенце, кое од небитни причини останало само на светот. Одсекогаш сум се воодушевувала на луѓето кои имаат посвоено детенце, небитно дали го направиле тоа затоа што неможеле да имаат дечиња или едноставно поради големината на нивното срце решиле својата љубов да ја дадат на едно мало сонце кои исто како и сите дечиња на светот ја заслужува родителската љубов. Насекаде околу нас има многу посвоени дечиња, иако можеби ние не сме свесни за тоа, и одсекогаш сум велела дека не е мајка онаа која ќе роди, мајка е онаа која ќе биде пожртвувана за своето дете во секој момент, која ќе го изнесе на правиот пат своето најмило, безрезервно ќе му ја даде сета подршка и љубов на овој свет. Доколку и јас би имала можност би го направила истото без размислување, зар има нешто поубаво на светот од чуството дека вашето срце е толку големо да на едно непознато детенце сте спремни да ја дадете сета љубов и внимание исто како да е од вас создадено. Секоја чест мила, само потврда на тоа колку добрина има во вас, ви ја посакувам сета среќа на светот а за озборувањата и осудувањата од околината воопшто да не се грижите, тоа може да го направат само луѓе без нималку човечност во себе, кои не се достојни да се наречат родители па макар имале и по 10 деца. Гушки мила (kup)

Re: Посвојување на дете

Posted: 20 Nov 2012, 18:20
by happy cumulus
Детелина, јас само ќе ти посакам многу среќа во целиот тој процес! Браво за одлуката, и како што рече и самата, сега не му ја мисли но комши ни роднини што ќе речат. Најважно што вие ќе си имате бебе/дете, колкаво и да го повоите. Секако дека си има предизвици тоа, ама па кој вика дека нема предизвици толкави големи и со биолошките деца. А за љубов, ич да не праиме муабет. Се сакаат исто сите деца, убедена сум во тоа. Со мм сме разговарале дека и ние ако одиме на второ, ќе биде посвоено.
Така, мила, многу среќа ви посакувам на тебе и тм, нека се оди како подмачкано, па за некое време и да славиме тука на форумов.
(love5)

Re: Посвојување на дете

Posted: 20 Nov 2012, 23:43
by kukli4ka
detelina i jas ke ti posakam sreka vo celata procedura gospod da vi gi napolni racete tebe i na tm,i bravo za odlukata i jas ako ne bi mozela da rodam bi posvoila bez razmisluvanje tie deca najmnogu znaat da sakaat ai treba da bidat sakani,eve i jas eden primer ke ti kazam komsivka moja posle 15 godini nemanje deca posvoija since da ti kazam kako lici na dedomu nema da veruvas,posle samo edna godina od kako go posvoija ostana trudna i si rodi uste edno since,ama den denes nemozes da osetis deka ednoto e posvoeno kako samo gi sakaat jas im se divam na takvi luge

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Nov 2012, 12:12
by Lejla7
detelina wrote:Kako odminuvaat godinite,a seuste nema rezultat vo posledno vreme pocnav da razmisluvam za posvojuvanje na dete.So mm koga razgovarav na ovaa tema bese na dvoumenje,ne od taa pricina zosto da posvoime tuku kako bi rasnelo toa dete vo nasata okolina koga go znaeme nasiot mentalitet.dali bi mozele nie da go izdrzime toj pritisok od komsii,prijateli i rodnini? No sega za sega ne se zamaram za toa,zatoa sto ne planiram da se krijam od nikogo i da krijam sto e rabotata.Pocnav da gi razgleduvam dokumentite sto se potrebni i stvarno ima mnogu trcanje.No veke sme reseni i zdravje boze ke pocneme vo skoro vreme da gi pribirame .moze ke mi bide potrebno poveke vreme da gi soberam no se nadevam deka na kraj ke se isplati .Ete toa e nesto najnovo sto se slucuva kaj mene,se nadevam deka nema negde da zaglavam i deka zelbata ke mi se ispolni vo najbrzo vreme so mm da staneme roditeli.
Детелина, и јас често пати размислувам за посвојување дете, и одамна сакав да почнам да прибирам документи, но маж ми не сака од истите причини што ги наведуваш ти. Како ќе раснело тоа дете во нашата малограѓанска средина, како другите ќе гледале на него, да не сме имале проблеми понатаму .... И многу ми е мака што вака размислува иако можеби до некаде е и во право. Но времето си минува, јас помлада не станувам, а и ограничена е возраста до која дозволуваат да посвоиш дете.Терапиите до сега не вродија со плод за жал, но што да се прави, сама не можам да поднесам документи.
Ви честитам на двајцата за тоа што сте се одлучиле, ви посакувам што побрзо да ви се исполни желбата да станете родители и баш ми е мило што во иднина ќе имам кому да се обратам ако маж ми си го промени мислењето за ова.

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Nov 2012, 12:33
by detelina
Fala zenski za podrskata sto mi ja davate,vo momentot bas i toa mnogu mi treba.Za ovaa rabota imame razgovarano samo so sestrami i od nejze ja dobivam maksimalnata podrska.Kako sto kazav zdravje boze ako se e vo red i ni dozvolat da posvoime ne mislam da krijam od nikogo.ni od deteto.Mm malku e skeptik duri i razmisluvase da se preselime negde koga ke dojde momentot za da nemame potoa problemi ni nie ni deteto.no na takvo nesto ne se sloziv posto mislam ne pravam nisto sramno,a od druga strana ke gledam kolku mozam da go zastitam od muabetite.Tocno e toa i mm sto kazuva deka nie ke mu ja pruzime seta ljubov i ke go gledame kako da e nasa krv no kako ke go zastitime od drugite, za toa se uste neznam celata sum vo prasalnici,no ke odam napred i mislam deka se ke si dojde na svoe mesto so tekot na vremeto.Uste ednas mnogu vi blagodaram na podrskata i stvarno ste srcki (bu) (bu)

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Nov 2012, 13:13
by Mamino_srce
Лејла и Детелина, јас со моето дете па имам прашања како еден ден ќе го заштитам од ова или она. Воопшто такво нешто не треба да ве спутава, што ќе му рекле другите. Па утре на моето дете ќе му речат разни глупости и тоа е така, никогаш нема да може да ги заштитиме од тоа. Може само да ги сакаме и да му ја кажуваме вистината за тоа какво е тоа: да е паметно, без разлика дали утре во училиште ќе го наречат глуп. Да е храбро, без разлика дали некое дете ќе го нарече кукавица итн. Да е сакано, без разлика дали ќе му речат да е посвоен. Тоа се само примери, ја разбирате поентата, нели?

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Nov 2012, 20:46
by carina
детелина со срека,дај боже да ти се оствари желбата,исто и на лејла.па нели викаат -не е мајка таа што го родила детето,мајка е таа што го одгледала. јас сум срекна што на една моја другарка и предложив да си посвои засто 15 год пробуваше за дете.и таа како вас се плашеше дека сопругот нема да прифати....ама ете прифати.долга е процедурата и сеуште чекаат.за околината гајле да не ви е,важна е вашата срека и вашата желба за дете. (a2) (a2)

Re: Посвојување на дете

Posted: 22 Nov 2012, 11:17
by Hera
Детелина ти ја посакувам целата среќа на светов. Штом сте ја донеле одлуката се друго ќе ви се нареди. Многу ми е мило кога ќе прочитам дека некој се решил за ваков чекор. Мајка е таа што со љубов го расне детето и му пружа се што треба. И јас го имам правено овој муабет со мојот сопруг кога се уште немавме дете и се имавме согласено дека ако уште некоја година не биде ќе си посвоиме обавезно. Кога две несреќи ќе се спојат тука мора да се создаде неизмерна среќа, тоа е закон на логиката. И немој да трошите енергија на тоа што ќе мислат луѓето, тие и онака премногу мислат за туѓите животи поради празнотијата на својот. Оставете го сето тоа, сконцентрирајте се на вашата љубов и сила со која ќе го пречекате тоа дете во вашиот дом. Вие не правите ништо срамно што ќе му штети на бебето, вие го правите најблагодарниот чин и ќе бидете наградени.
Во мојата поширока фамилија и од двете страни има многу жени кои не успеале да родат. На мајка ми и двете тетки, значи сестри на дедо ми. Едната толку многу ја посакувала бременоста што и се случило стомакот да и расне без плод. Убедена била дека е бремена и кога стасала до по неа 8 месец претрпела страшна психичка криза и потоа си посвоиле женско бебенце. Од сраната на татко ми, сестра на дедо ми исто така не можела да има дете, а живееле со баба ми и дедо ми на иста улица, неколку куќи подоле. Мојата баба го родила четвртиот син и им го дала на нив. Браќата раснеле така, играјќи си секојдневно, како први братучеди се додека најпаметната комшика не решила да ги образува. Затоа мислам дека детето треба да ја знае вистината од првиот ден, да сфати дека е дочекано со огромна љубов.
Сопругата на братучед на татко ми помина низ огромна психичка криза поради истиот проблем. Се затвори дома со тешка депресија, мислам дека наеднаш остаре. Сега си посвоија синче и не може човек да ги препознае. Од далеку зрачат со среќа и сите ги подржуваат.
За жал и од оваа генерација имам братучеди кои се долги години во брак и се уште без деца. Нивните родители пред мене имаат кажувано дека е време за посвојување, сепак тоа се совети од 60-70 годишни луѓе на кои им е битна среќата на своите деца.
Извинете што бев премногу долга ама навистина сакав да ви кажам дека ова е толку честа појава веќе и дека помина времето кога луѓето се срамеле од рекла казала. Ова е толку голем чин што сметам дека државата треба да му дава плата на секое семејство што на овој начин ќе си ја најде среќата.

Re: Посвојување на дете

Posted: 27 Nov 2012, 07:30
by Happy_Mommy
Детелина, супер одлука. Браво за договорот со тм. Да ви кажам искрено, мажена сум и имаме свое детенце, а многу, најмногу посакувам да посвоиме и се повеќе разговараме на оваа тема со мм. Не дека сум јас некоја богата, ама ќе се најде за нормален и добар живот на уште едно детенце. А најважно е што чувтвувам дека има многу љубов во мене, сметам дека сме совесни родители со мм, зарем секое дете не го заслужува тоа? Што повеќе е потребно за среќа? Сега скоро што беше случајот за малата Надица, што родителите се откажаа од неа ( не сакам ни да спомнам колкав е мојот бес спрема родителите) ние бевме спремни со мм да ја земеме , ама тешко дека ќе беше можно тоа од тука да се изведе и одма после тоа прочитав дека некои луѓе од Канада се заинтересирани да го посвојат девојчето и многу ми е мило.
Мојата најдобра другарка е посвоена. Многу интересна приказна. Таа и нејзините постари сестри се зачнати додека мајка и и татко и имале свои бракови ( со лажење), после се земале. Тие родители се таму во Србија, а родителите кои ја чувале и овозможиле целата љубов и најдобар живот се тука во САД и ја чуваат како своите очи. Таа многу го почитува тоа што лично родителите и ја соопштиле таа вест додека била 13 години , така да не се ни малку изненадила кога сестра и ја побарала преку некоја организација. На 17 години решила да ги посети, се случило и тоа ама не е нешто потресена, а ни фасцинирана, едноставно се странци во нејзиниот живот. А, иди прашај ја за овие родители, живот дава за нив. Многу луѓе досега се обиделе да го искористат тоа и да ја повредат ( сакам да кажам дека и овде постојат тие злобни луѓе) а нејзе тоа не ја тангира, оти секако ја знае вистината. Би било потешко сите едно да зборуваат, а тие што треба да и кажат си молчат и го објаснуваат спротивното- е тоа не е во ред.
Детелина уште еднаш да ви ја пуштам најголемата среќа и ви посакувам процесот да се одвива брзо и лесно. Не се сомневам во тоа дека ќе усреќите некое детенце, ќе му ја пружите целата љубов на овој свет. СО СРЕЌА , ГОЛЕМИ ЛУЃЕ СТЕ ВИЕ!