Page 3 of 5

Re: Посвојување на дете

Posted: 27 Nov 2012, 07:41
by Happy_Mommy
И секако, кога би посвојувала , би посвоила дете од Македонија.

Re: Посвојување на дете

Posted: 30 Nov 2012, 22:59
by kit-kat
И јас кога прочитав се разнежнив Детелина.Со среќа и потполно те подржувам во одлуката.
И јас сум за она дека мајката е онаа која те одгледала,а не која те родила.Сведоци сме на многу деца кои се посвоени и се лика и прилика на родителите кои ги одгледале и во однесување и во образование...
(prayer) (prayer) (prayer) (l2) (l2) (l2) за вас

Re: Посвојување на дете

Posted: 03 Dec 2012, 14:29
by Lady D
Детелинке мила (a2) (a2) (a2)
И јас те подржувам во одлуката, и на тебе и тм Ви ја посакувам целата среќа, и што побрзо да средите со докуметацијата и да станете родители.
А за народот воопшто да не те засега што ќе каже и што ќе мисли. Точно живееме во таква средина да не речам никаква и менталитетот ни е ужас, ама за што и да е, народот ќе си најде причина да зборува. Браво за одлуката и воопшто да не се криеш, ние живееме за самите себе и за најблиските што не’ опкружуваат. Како што кажа Дебора погоре, вистинските родители го носат детето во срцето.

И јас сум ЗА посвојување, доколку не би можела со мм да имаме деца би посвоила. Имам братучед кој е посвоен, израснавме заедно и верувајте во ниту еден момент не сум го погледнала со други очи, ниту пак сум си помислила дека е посвоен.

Те гушкам Детелинке (a2)

Re: Посвојување на дете

Posted: 16 Dec 2012, 12:58
by Nadja
И јас би посвоила дете, иако имам свое. Ама со оглед на финансиската ситуација, тешко дека ќе се случи тоа. Воопшто не ми се допаѓа тоа што се прави бизнис со посвојувањето деца.

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Dec 2012, 14:27
by Голем среќник
Здраво на сите. Моето име е Зоран, и нам, мене и на мојата сопруга ни беше соопштено дека конечно сме прифатени од комисијата за посвојување како идни посвоители. Каде и да е во јануари ќе ни се придружи новиот член на семејството и мноооооооогу сме среќни. Прекрасна вест! Доколку имате било какви прашања во врска со посвојување, процедура и практични/прагматични совети како да постапите пред комисијата слободно пишете. Верувајте од септември оваа година целата процедура за посвојување оди како експресен воз. Компјутерски е точно така, но многу е забрзана. Комисијата се состанува секоја седмица по два пати, при секое нивно разгледување на предметите компјутерот им исфрла по пет пара рангирани највисоко во ситемот и тие се разгледуваат на седницата зависно колку бебиња/дечиња се предвидени за тој ден. Иако е компјутерски не е ништо поразлично од порано и верувајте можностите за манипулација или потплатување како што се мислеше во минатото се сведени на нула. Од лично искуство се уверив во тоа и самиот. Ве охрабрувам да ги заборавите сите предрасуди и малограѓанштина што ги покажува нашето незрело општество и поднесете документи што побрзо. Поздрав на сите и секое добро. :) <3.

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Dec 2012, 15:55
by imambebe
Голем среќник ( Зоран) (dobr) и баш ми е мило што конечно гледам да ни пиши некој од спротивниот пол. Пријатно се изненадив. Честитки (con) (con) (con) за одобрувањето, со новата година и новиот член, можам да замислам колку сте возбудени и колку се спремате за неговото доаѓање. Ви посакувам се најубаво, да бидете најсреќните родители со најсреќното бебенце. Се најубавооооо (bu)

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Dec 2012, 16:10
by Debora
Голем среќник добродојде (dobr) и фала многу за понудената помош. Баш ми е мило што слушам дека работите со посвојувањето се стабилизирале и си тргнале по нормален тек. (thumbup)
Честитки за приновата (con) , сигурно вашата среќа е огромна и секогаш така да биде. (bu)

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Dec 2012, 17:35
by Petra
Голем среќник (dobr) !
Честитки за бебето! (con) Во новата година доаѓа и новиот член во семејството. Нека носи секогаш радост во домот. Мило ми е што вашето искуство ќе охрабри мнозина и што ете таму се средуваат работите. Се најдобро. (bu)

Re: Посвојување на дете

Posted: 21 Dec 2012, 21:30
by Mamino_srce
Голем среќник, навистина си среќник, штом набргу ќе си гушнете едно мило детенце. (love5)
Баш ми е мило да слушнам дека работите околу посвојувањето се забрзаа - конечно. И никогаш не се доволно брзи за да се даде соодветна грижа и љубов на некое дете... знам дека има многу луѓе коишто сакаат да посвојат дете и да му бидат семејство. Прекрасно.
И да, добредојде на форумот, дружи не почесто. (smile)

Re: Посвојување на дете

Posted: 26 Dec 2012, 10:50
by Hera
Голем среќник колку ми е мило што го прочитав твојот пост. Честитки и од мене. (con)
Се радувам што конечно се подобрува целиот тек за овој процес. Вам ви останува да бидете трпеливи уште неколку дена и потоа да се радувате со среќата што ви доаѓа. Ви посакувам се најдобро и се надевам дека ќе ни пишеш повторно. Многу се израдував што ни пишува некој од спротивниот пол. (smile)