http://www.eden.com.mk/health/152-coloi ... water.htmlНајновите светски истражувања докажуваат дека среброто е вистинско чудо кое може да уништи повеќе од 650 видови на микроорганизми, за разлика од другите антибиотици кои уништуваат одвај по неколку видови, правејки при тоа голема штета врз човечките ќелии. Потврдени се регенеративните својства на џигерот, коските, меките ткива, кожата, косата па дури и на мозокот( иако досега се сметаше дека тоа не е можно), потврдено е и јакнење на имунолошкиот систем, а со тоа се зголемува расположението, силата и виталноста.
На нет има и шеми за домашно производство, за некој што е малку технички поткован. (smile)
http://nutrivita.mk/nevoton/srebrena-vodaОсобини на сребрената вода:
Силен природен антибиотик
Уништува повеќе од 650 различни патогени вируси
Не предизвикува штетни појави и последици за човечкиот организам и здравје
Едноклеточните патогени организми не се во состојба да развијат резистенција на сребрените јони
Превентива при стоматитиси, инфекциски заболувања на уво, грло, нос, циститис, запаление на очите
Обработка на рани и изгореници
Позитивно делува при лекување на бруцелоза, бронхијална астма и ревматоиден артритис
Ја дезинфицира и ја хидрира кожата
Помага при кожни болести како псоријаза, екзема, габични инфекции и гнојни болести
Помага во лекувањето на висок крвен притисок
Помага во лекувањето на голем број уролошки заболувања
Ја зголемува отпорноста кон настинка, ангина, бронхитис, грип и ОРЛ болести
Го подобрува имунолошкиот систем
Пред неколку месеци купив едно шише од аптека и искрено не знам дали имаше некој ефект. Не знам и колку се работи за квалитетна вода.
Ама тоа што ме потикна да ја отворам темава се ушите на Квини. (smile) Пред некое време доби некое воспаление и ставав капки со антибиотик и дексаметазон - по препорака на ветеринар. Штом престанав да и ги ставам за 2 дена пак се врати воспалението. Решив да пробам едни сребрени капки што ги имав нарачано од странство уште лани. Резултатот од капките е видлив, ушите се смируваат. Се надевам дека смирувањето ќе биде трајно, а не како со антибиотикот - кој и не смее да се употребува повеќе од 7 дена.
Баш ме интересира дали некој друг има искуство со сребрената вода?