Сребрена вода

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Сребрена вода

Post by Debora » 22 Nov 2012, 17:04

На нет може да се најде многу на оваа тема. Најдов на македонски една статија, еве мал извадок како вовед
Најновите светски истражувања докажуваат дека среброто е вистинско чудо кое може да уништи повеќе од 650 видови на микроорганизми, за разлика од другите антибиотици кои уништуваат одвај по неколку видови, правејки при тоа голема штета врз човечките ќелии. Потврдени се регенеративните својства на џигерот, коските, меките ткива, кожата, косата па дури и на мозокот( иако досега се сметаше дека тоа не е можно), потврдено е и јакнење на имунолошкиот систем, а со тоа се зголемува расположението, силата и виталноста.
http://www.eden.com.mk/health/152-coloi ... water.html

На нет има и шеми за домашно производство, за некој што е малку технички поткован. (smile)
Особини на сребрената вода:

Силен природен антибиотик
Уништува повеќе од 650 различни патогени вируси
Не предизвикува штетни појави и последици за човечкиот организам и здравје
Едноклеточните патогени организми не се во состојба да развијат резистенција на сребрените јони
Превентива при стоматитиси, инфекциски заболувања на уво, грло, нос, циститис, запаление на очите
Обработка на рани и изгореници
Позитивно делува при лекување на бруцелоза, бронхијална астма и ревматоиден артритис
Ја дезинфицира и ја хидрира кожата
Помага при кожни болести како псоријаза, екзема, габични инфекции и гнојни болести
Помага во лекувањето на висок крвен притисок
Помага во лекувањето на голем број уролошки заболувања
Ја зголемува отпорноста кон настинка, ангина, бронхитис, грип и ОРЛ болести
Го подобрува имунолошкиот систем
http://nutrivita.mk/nevoton/srebrena-voda

Пред неколку месеци купив едно шише од аптека и искрено не знам дали имаше некој ефект. Не знам и колку се работи за квалитетна вода.
Ама тоа што ме потикна да ја отворам темава се ушите на Квини. (smile) Пред некое време доби некое воспаление и ставав капки со антибиотик и дексаметазон - по препорака на ветеринар. Штом престанав да и ги ставам за 2 дена пак се врати воспалението. Решив да пробам едни сребрени капки што ги имав нарачано од странство уште лани. Резултатот од капките е видлив, ушите се смируваат. Се надевам дека смирувањето ќе биде трајно, а не како со антибиотикот - кој и не смее да се употребува повеќе од 7 дена.
Баш ме интересира дали некој друг има искуство со сребрената вода?

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Сребрена вода

Post by kit-kat » 15 Aug 2013, 15:45

Вчера на презентацијата слушав многу позитивни работи за среброто како и сребрената вода.
Пример за тоа дека е антибактериска е случајот со причесната која се врши со сребрено лажиче,и болен и здрав се причестува а до сега не се случило некој да се разболи.
Па затоа си зедов перници проткаенио со сребрен конец како и појас,а за душек ќе се помислиме (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Сребрена вода

Post by Debora » 15 Aug 2013, 15:49

Имаше пред некој месец една научна студија, се покажало дека ако на антибиотиците им се додаде и сребро нивната ефикасност се зголемува за 1000 пати.
Е сега некој ќе се запраша, за што служи антибиотикот ако среброто му го појачува дејството за 1000 пати. ;-)

Одговори

Return to “Здравје - општо”