Трудници и одмор

Разни теми поврзани со бременоста, облека, патувања, вежбање во бременоста, спремање за бебушите итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Трудница на летен одмор

Post by Peperutka » 18 May 2011, 13:56

Колку внимавате(со оглед на вашата состојба) на вашето здравје кога сте на одмор,дали си дозволувате да се капете во езерото или морето,дали се изложувате на сонце или сте под чадор цело време?
Едноставно кажано,кои работи не смее да ги прави трудницата на одмор кои се штетни за бебето?

aneta
Нов член
Нов член
Мислења: 61
Придружен: 06 Nov 2010, 14:47
Им се допаднал: 1 time

Re: Трудница на летен одмор

Post by aneta » 24 May 2011, 00:24

Со првото дете во 8ми месец бев до Охрид, зошто ми беше страв да патувам во странство, и кога ќе ми текне дека се бањав во езерото ,сега си викам со кој памет (headbang)
Со второто во 3ти месец од бременост, бев на море и убаво поминав.Сепак треба да се внимава,најмногу ради патот што ќе го поминете, мислам дека има ограничување до колку км можеш да патуваш со кола во бременост.Јас ко што памтам, мене д-р ми рече не подалеку од 400 км и тоа со застанување

Star
Нов член
Нов член
Мислења: 26
Придружен: 27 Apr 2012, 15:10
Им се допаднал: 2 пати

Трудници и одмор

Post by Star » 12 Jun 2012, 12:20

Дали знаете колку време смее да се седи на сонце дали е дозволено сончање и капење планираме да одиме на одмор па незнам што смее а што не да се прави.

maloto.japonce
Член
Член
Мислења: 171
Придружен: 23 Nov 2011, 11:19
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Трудници и одмор

Post by maloto.japonce » 12 Jun 2012, 13:13

Бамби јас не би ти препорачала ни сончање ни капење. Мене ми нема никој кажано за тоа ама мое мислење е така. Ем сонцето е прејако а и водата не ми се верува да е чиста па колку луѓе има што ќе испаднам малце вулгарна ама така е вршат нужда во водата (ner) , па не дај боже некоја инфекција да се јави. Сепак ти си знаеш ама поубаво чувај со го твоето сонце во мешето и бацки до вас.

pepelaska
Нов член
Нов член
Мислења: 49
Придружен: 06 May 2012, 14:59
Им се допаднал: 1 time

Re: Трудници и одмор

Post by pepelaska » 12 Jun 2012, 13:32

јас лицно сум била бремена на одмор и сум се капела и тоа со двете деца а дали смее не знам да не те лаза најпаметно е да си го прашаш гиникологот, најпаметно ке ти одговори се надевам ке пише некоја од девојките што се има консултирано со гиниколог. поздрав

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Трудници и одмор

Post by Mamino_srce » 12 Jun 2012, 14:08

Ако е се во ред со бременоста нема зошто да не смеаш да се сунчаш и да се капеш. Е сега нормално не кога е јако сонце, треба да се мачкаш со заштита, можеш и да се бањаш, не препорачуваат езеро бидејќи се слатки води, па е поголема можност да дојде до инфекција (ама и не мора) ама затоа море е супер! Ако се ти чуствуваш добро, уживај! И наравно сепак се консултирај и со гинеколог.

Shiloh
Нов член
Нов член
Мислења: 14
Придружен: 07 Jun 2012, 15:22

Re: Трудници и одмор

Post by Shiloh » 13 Jun 2012, 08:58

Па сонцето и онака е многу јако и штетно, не е препорачливо без разлика дали си трудна, освен нели утринско сонце до 12 часот и после 17 часот, меѓутоа и тогаш со фактор.И се разбира пиење многу вода и конзумирање овошје.
А за бањање мислам дека не е препорачливо базен и езеро со јавна плажа. Морето е сепак најсигурна варијанта. Сестра ми живее на остров покрај море и пола бременост ја помина во вода без никаков проблем, ниту пак докторот некогаш и спомнал дека треба да избегнува да се бања.

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by hrizantema » 18 Jun 2014, 08:48

Здраво мешиња како сте?
Ние сме добро,вчера ги земав резултатите од приската и супер се,па бев на трансфузилогија и окапав,само пензионери и трудници (smile)
Филигран вие сте почнале на велико акробации да правете во мешето а?
Мау како минуваат деновите мила?
Кит Кат (a2) и за тебе,те чекаме побрзо со едно меше тука
Кока ја нема да ни се приклучи (confus)
Мешковци планирате ли некаде на одмор? Ние сакаме неколку дена,ама незнаме каде,се мислиме море или планина,кажете ако имате предлог за некои места каде има плажи со сенки во грција,бидејќи до сега таму никогаш не сум била,цело време летувавме на Јадранско,ама сега ми е страв да тргнам подалеку (unsure)
Поздрав до сите и ве сакам (kup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by Lejla7 » 18 Jun 2014, 09:59

Сите плажи во Грција се со сенка, т.е. чадори има насекаде, а ти и онака на плажа труднички треба да одиш максимум од 9 до 11 часот претпладне и попладне после 17 часот, море подобро после 18. И гледај да не одите на одмор во најжешкиот период - средина на јули, почеток на август оти сепак си бремена и треба да се припазуваш.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by Lejla7 » 18 Jun 2014, 10:26

И можеби е пекол, ама поубаво море од грчкото нема...песок кога ќе влезеш во вода, милина, а не да си ги здробиш стапалата од камења.

Одговори

Return to “Разни теми поврзани со бременоста”