Гинеколози во државна болница
Moderator: Модератори
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Гинеколози во државна болница
Post by Iris » 20 Aug 2013, 00:34
Re: Гинеколози во државна болница
Post by novamama » 30 Aug 2013, 23:31
-
- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by Радост » 25 Mar 2014, 13:55
За она детето што мисли дека е доктор веќе сама си заклучила, он беше на смена ноќта кога молев да дојде доктор да ме види зошто не знаев каде се наоѓам со повраќање, висок притисок и шеќер до плафон кренат. Рекол на сестрата да пијам бедоксин и да не паничам. Срамота за презимето што го носи.
Ќаеф немав прилика во амбулантите да го затекнам зошто цело време кај Арта одев. Имав прилика на две визити да го видам ама молчеше зошто не ме водеше он. Дента кога ме испуштија, а всушност требаше да ме пораѓаат со индукција тој беше дежурен и требаше тој да го води породувањето. Кога дојде тоа да ми го каже ми остави пријатен впечаток, некако смирено делуваше.
Јас сум од Арта презадоволна, најпрвин поради човечкиот однос, единствена од сите десетина што поминаа тие денови преку моја глава. И плус што има многу знаење. Најголемиот "проблем" е што нема ингеренции, т.е има многу над нејзе и не може да се избори за да остане нејзиното мислење пресудно зошто во ГАК се уште е борба на его. Битно е вистински загрижена за пациентите, зошто знам дека на секоја визита паничеше зошто се уште не ме пораѓаат.
Од другите додека лежев таму не можам да се сетам на имињата ама имаше две млади докторки, кои повеќе беа изгубени одошто присутни. Можеби и на специјализација беа само.
Левринова е еден од подобрите доктори ама колку е добра како доктор, толку е идиот со однесување. Баш би сакала да може да читаат по форумите што се имаме поминувано за да знаат дека и на нас мајка се има радувано, не сме на улица чувани за да не третираат така.
И имаше во амбулантата една Билјана и една друга слаба со плава коса, кои исто не би и дала крв да ми земат, а не пак да сум во нивни раце на таков чин. Имаше уште некои ама не можам да се сетам сега, ќе се навратам пак ако ми текнат имињата.
Да не трујам пак, само Арта излезе човек. Горе во породилните сали не ги знам докторите, не стигнав до таму.
-
- Редовен член
- Мислења: 499
- Придружен: 13 May 2013, 22:17
- Му се допанале: 212 пати
- Им се допаднал: 296 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by srculence » 25 Mar 2014, 14:21
И јас како што кажав Ќаев ми остави добар впечаток иако ме порагаше Ливринова(искусен доктор но во мојата ситуација немаше искусни неискусни)
Тантуровски младиот мми изгледаше на болничар не на др. (rolll)
И јас можам да кажам дека Арта е доктор со срце...
И можам да кажам за Самарџиски доктор прав доктор но тешко се стига до него
А за останатите да не коментирам (brows) (brows) (brows)
-
- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by Радост » 25 Mar 2014, 14:30
Бог нека ве чува сите, докторите се само посредници кои не полнат со трауми.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1127
- Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1340 пати
- Им се допаднал: 892 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by ripcence » 25 Mar 2014, 21:54
Сега сум помирна бидејки ќе одам кај Ќаев.
Сите доктори што јас сум ги сретнала претходно сега не се веќе на клиника, единствено кај Самарџиски одев во бременоста со М. и презадоволна сум од него.
Сега на двата скрининга кога одев се погодив кај Маркова Ана и ми остави убав впечаток.
Да не ја заборавиме специјалистот Алексијоска од која со плачење се вратив дома (rp)
Врските што ги имам се од родилна сала, денес дури женава непријатно и дојде она со мене а јас скисната.
Ама како што вика Радост, нека биде Бог со нас и ништо повеќе не ни треба. (bu)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1127
- Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1340 пати
- Им се допаднал: 892 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by ripcence » 11 Apr 2014, 12:56
На 25Март ме прегледа Тантуровски и рече се е во ред за два дена на контролно ЦТГ.
На 27Март утро, отидов на ЦТГ, во амбуланта беше Валентина Тофиловска, видно изнервирана бидејќи се дереше по сестри и се живо околу неа, го погледна ЦТГ-то-супер е, ај легни да те видам на ехо, толку грубо го движеше ехото што дури зајачкав од болка, рече-ОВДЕ НЕМА ВОДА ТЕ ЗАДРЖУВАМ НА ПАТОЛОШКА.
Цел ден го прележав и цела ноќ со повремени цтг, значи никој не ме погледна.
28Март после визита ме прегледа Габриела па сакаше и ехо да ми направи, кажа дека бебето е мало 2800 и дека не е сигурна ама едниот бубрег како да не му е добар. Ми ставија провокација во вид на вагиналета и едно цревце кое требаше да падне самото. Лежев 4 часа и потоа без воопшто болки станав. Сестрата што беше на смена бидејќи сакала да си спие мирно ноќта на сите што ги имавме цевцата ни ги извади со образложение дека така побрзо ќе добиеме болки. Болки немаше.
Вечерта им фалеше кревет на патологија, дојде една докторка (плава со наочари) и не прегледа сите што бевме провоцирани дента, јас како провоцирана со две провокации ме избра за горе во предродилна - со 4см. отворена.
И таму ја прележав ноќта со повремени цтг.
29Март ме прегледа Ивановска(виде дека сум само 2см. отворена и се засрами од синоќешниот преглед на колешката, им рече на сестрите да не запишуваат дека сум 2см. да си остане во историјата 4см.) Во меѓувреме дојде смена В.Трајковски, ме прегледа и рече нема потреба да седиш тука те враќаме на патолошка и ќе чекаме сама да се отвориш и добиеш болки. Додоека чекав дојде А.Војника и таа ме прегледа и рече Не ќе провоцираме денес со инфузија-ти денес ќе се породиш.
Пуштија инфузија и после неколку часа јас сеуште немав болки, ми го пукна водењакот и на нејзино изненадување вода немаше воопшто, пуштија уште една инфузија се до вечерта и јас немав ни б од болки ниту пак се отварав, смената им заврши...
30Март преглед кај Кочоски, рече денес ќе провоцираме цел ден се додека не добиеш болки, ама таа провокација никако да ја пуштат бидејќи имаа многу гужва-не им бев потребна и јас како плус човек за на бокс. Поручек дојде Тофоски, ајде рече тебе те враќаме на патолошка да се одмориш и така за денес нема пораѓање.
На патолошка на цтг бебето вознемирено, сестрата му се јави на Кочоски кој бил преуморен па не ме удостои со преглед туку и рече да ме боцне со Диазепам и да си легнам.
31Март, 5часот, ме разбуди сестрата и рече веднаш одиш горе во предродилна те чека Кочоски, се качив горе доктор нема, дојде еден асистент и пак ми стави вагиналета за провокација и рече лежи си тука 4 часа.
Конечно визита, дојде Тантуровски (се вратив на почетокот) почна да се дере, како можеле толку да ме малтретираат, па и уште вагиналета ми ставиле како да ќе смени таа нешто. Седеше со мене додека поминаа 3,5часа постојано следејќи го цтг-то, ме прегледа и хитно ме зема на царски.
Чинот на породување ќе го пишам во соодветната тема, можеби и на овој пост не му е местото тука, поентата е да се прочита колку само се косат со своите одлуки и мислења докториве, ГАК (читај кланица) ми се повраќа од болницата.
Несакам да се потсетувам колку само родилки дочекав и испратив, сите со болки сите со солзи, јас бев сестра за сите нив-ги масирав, ги тешев, викав сестра кога веќе им беше дојдено време за на бокс, за сите плачев-за сите се молев, мојот стрес никој неможе да го измери...
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2265
- Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
- Му се допанале: 206 пати
- Им се допаднал: 1170 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by Happy^_^ » 11 Apr 2014, 13:09
Ако е така тогаш зошто секој ден се фалат на нивната фб страница колку бебиња биле родени таму, абе од убаво поубаво ќе си рече човек мед и млеко тече (ner) (ner) (ner) (ner)
Значи по незнам кој пат аман ми се вика, колку трауми поминавте (cry1)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1603
- Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
- Му се допанале: 216 пати
- Им се допаднал: 588 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by imambebe » 12 Apr 2014, 09:48
-
- Безрезервен форумски другар
- Мислења: 2680
- Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
- Му се допанале: 266 пати
- Им се допаднал: 861 пати
Re: Гинеколози во државна болница
Post by belomorka » 12 Apr 2014, 17:01
Return to “Разни теми поврзани со бременоста”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива