Page 1 of 4

Исхрана во текот на бременоста

Posted: 17 Dec 2010, 17:51
by Petra
На сајтот Твое бебе има тема за исхрана во текот на бременоста.
http://tvoebebe.com/BREMENOST/ishranabrem.php
Во текот на бременоста треба да се внимава на исхраната затоа што може да се одрази на здравјето на жената и на бебето. Бебето нема друг извор на исхрана, освен преку мајката, затоа од големо значење е здравата исхрана во текот на бременоста.
Во текот на бременоста внимавав како се хранам, конзумирав многу зелнчук, овошје, месо,кафето не го сакав и го сведов на минимум. Не конзумирав алкохол, гледав да се хранам најздраво што можам. Единствено не можев да го намалам благото, што не е препорачливо во бременоста.

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 17:55
by Lejla7
Сакам да прашам дали додека бевте бремени имате јадено сувомеснато (шунка, врат, пршута и сл.)?
Знам дека не се препорачува, поради ризик од токсоплазма, ама ми се јаде бре луѓе, што да правам. Дајте некој совет, да ја испечам ли саламата, да ја ставам во микро, било што. Само сирење и кашкавал не ми го прави сендвичот убав. Хелп (drool)

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:04
by anabejbi
Лејла, јас баш поради тоа јадев домашни пици со шунка во црево да не е рефус т.с сецкана, а мисла и дека ако ја запржиш на зејтин или на тостер дека би било во ред.
Јас барем досега се сто ми се јаде си јадам и не се оптеретувам многу, само внимавам да е домашно се плашам да јадам од пицерии и сендвичари.
Дај им на бебушите нека ручкаат, како што вели мм за мене, ти ако несакаш можеби синко сака и ме тера од се да пробам (rolll)

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:07
by Debora
Лејла ако ја испечеш, испржиш и сл. нема проблем, ќе се уништи токсоплазмозата и ако ја има. Важно е секое месо да биде термички добро обработено. Е сега па не значи дека ќе се разболеш и ако каснеш сувомесно, ама ете за секоја сигурност така се препорачува.
Што и да решиш, наздравје нека ти е. (thumbsup)

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:10
by Радост
Лејла, јас секако не сум по сувомеснато, свесно го исфрлив ама сега во бременоста си јадам печеница (пушена на дрва) и тоа не ја потпекувам, туку едноставно си ја јадам. Секако дека не е многу често, можеби еднаш во 10 дена.

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:12
by Lejla7
И јас помислив да ја печам на тостер, белки ќе изумре се внатре?

Лелеее,некни јадев пица во пицерија (scared) и салата од зелка. А пред тестот јадев и салама дома, непечена, непржена (scared)

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:13
by Радост
Не паничи. :) Си јадела си јадела, да сте живи и здрави. Па и во пицерија сувомесното оди на висока температура што значи нема опасност. Многу е пострашно од павлака, мајонез и слични додатоци.

За тостер немам искуство, не купувам свесно зошто на секое едно ќе си стискам тостови и кај ќе ми е крајот. (rolll) Ама по некоја логика да, таа е висока температура и може да биде поспокојна и да не си правиш стресови за храна, барем да ти помине желбата.

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:16
by Lejla7
И павлака ли не смее да се јаде? И таратур си правев скоро со павлака

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 18:28
by anabejbi
Лејла, можеш павлака слободно, не треба многу да стои отворена во фрижидер ако е големо пакување ако е во мало го јадеш веднаш и нема проблем. Исто и за мајонезот во мало пакување и да не ти стои отворен во фрижидер, барем јас така практикувам.
Не мисли толку, се што ти се јаде јади си и уживај во бременоста.

Re: Исхрана во текот на бременоста

Posted: 16 Jul 2013, 20:15
by Радост
Lejla лошо сум се изразила, мислев на павлака и мајонез надвор од дома. По пицерии, сендвичари и слични места, каде што не знаеш колку време се отворени и како се чувани истите. За дома сите си го знаеме редот. Не му се секирај. :)