Училишно насилство

Подфорум за децата од училишна возраст. Училиште, предизвици, недоумици, убави моменти и пофалби, совети и подршка.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Училишно насилство

Post by carina » 21 Sep 2012, 19:32

(a2)

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Училишно насилство

Post by Marina » 21 Sep 2012, 20:44

Carina и јас бев учена како што ти ја учиш ќеркичката.од тоа произлезе мирна личност што избегнува кавги и секаков вид на караници.е тоа не ми се допаѓа веќе.имало малку ситуации кога сум се карала со многу блиски личности и баш од таа повлеченост не можам да го повишам тонот,одма ми трепери гласот и рацете и преќутувам и во себе си носам.тоа не е убаво и се обидувам да го променам кај мене,да кажам јасно и гласно кога нешто ќе ми смета.малце забегав од темава,не е само за училишно насилство,ама децата мора да се научат да си ја бранат личноста и да стојат зад тоа што го прават. јас уште од сега го учам Лука ако некој му ја земе играчката не да ја остави,туку да си ја земе назад. почнува со играчка,продолжува со ужинка на школо,подоцна во животот ќе треба да се бори за личност што ја сака или за добро работно место и не сакам да се научи лесно да се откажува само затоа што има некој друг посилен што ќе му ја земе играчката/ужинката/љубовта. така да мислам дека постапуваш правилно што ја учиш на нови правила.се надевам ќе се среди на школо набрзо и дека ќе ужива да оди таму секој ден (a2)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Училишно насилство

Post by ripcence » 14 Aug 2013, 16:54

На оваа тема имам да ви раскажам свое искуство со син ми.
Од мал го учевме дека не треба да се закача со никого, ако него некој го закача да ни каже на нас, но никако да не враќа. Се тоа беше супер се додека не тргна на училиште. Најпрвин почнаа одредени дечиња да го напаѓаат вербално (син ми се вика Стојче по свекор ми) па го викаа столче му се смееле за името (sad1) по цели денови плачеше дома. Ајде јас отидов и разговарав со наставничката и ја замолив да се одржи еден час каде ќе се зборува за значењето на имињата и кој како го добил своето име, кои се стари Македонски имиња...
Потоа освен вербалното почнаа и физички да го напаѓаат, не само моето туку одредени дечиња напаѓаат други дечиња, почна син ми да доаѓа со гребаници дома и со по некоја модринка, со искинати маички, тетратки, без прибор.... Се пожалив кај наставничката-резултат немаше. Па ја отворив оваа тема на родителска, ги замолив сите родители да разговараат дома со децата, насилство несмее да има треба да се дружат, забележав дека некои воопшто не беа заинтересирани за темата си се размуабетиле меѓусебно (тоа се родителите на децата насилници)...
Филмот ми пукна кога син ми еден ден се врати прободен во рамото-го бутнале во таблата се прободел на делот каде што им стои сунгерот, бесна отидов кај наставничката нели таа ме убедува како било ненамерно. По кратко време се јавуваат од училиште да одам да го земам син ми (confus) кога отидов имаше што да видам, син ми со скршени два заба и цела брада раскрвавена... Во тој момент незнам ни самата како издржав да бидам присебна-само заради син ми.
Е тогаш падна одлуката!
Го запишавме син ми на кунг фу, неговиот сифу (учител) го познава мм, ги учи на самоконтрола и најважно на самоодбрана, учат и напад но ги учи како да постапуваат во одредени ситуации...медитација. Никако на насилство но ги учи на сите да им постави граници, да им даде до знаење до каде можат со него.
Синов мој тренира веќе 6год. лани беше Wiliam Che Ung го прогласија за најмладиот сифу (rad)
Никој веќе не го закача, не напаѓа прв но знае да се брани, не ме викнале во училиште да се пожалат од него, иако имало ситуации каде што се тепал но разјаснето е секогаш-не почнува прв.
Не сум за насилство ама децата треба да знаат да се бранат.

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Училишно насилство

Post by Vesela » 28 Jan 2014, 15:14

Оф лелеее што да ви кажам. Одсекогаш синко сум го учеал никако со насилсто. Ако го задваат да се тргне на страна, да не враќа, да не се задева.... Но во одделение имаме некоку деца и едно девојче!!!! кои се прави малтретатори. Ги малтретираат останатите деца. Сега најново им е на другите деца им ги соблекуваат (тргнат) пантолоните надоле и децава да останат по гаќи и цело одделение да им се смее. Не сум можела да го смирам дома. Му велам ако е така работат одете сите кај учителката икажете и што се дешава. Нормално учителата нема никаков авторит кај тие деца. На родителска ја начнав темата, и одговорот на учитлката беше: не сум јас крива што децата се однесувааат така, треба вие родители да си ги воспитате!? Во тоа има огроман вистина, ама и она треба малку да влијае. Или нашево образование стана само образование без воспитание??? Ако на родителите им кажам што им прават децата, одговорот е епа деца се цел ден се дома затворени мора да се издуваат. Алоооооооо, нека не малтретира други, запиши го на спорт, на музика, на јазици, а не цел ден пред тв и комјутер (ner) (ner) (ner) . На крај му реков на синко ако повторно ти се случи тоа одма да отидеш кај дирекотот или кај пеедагогот. Па јас ќе дојдам во школо.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Училишно насилство

Post by Debora » 28 Jan 2014, 15:41

Леле Веселко читам и ми се крева косата. (ner) (ner) (ner)
Ако ти го праќаш твоето дете на училиште, они се должни да го заштитат, а не да дозволуваат такво малтретирање, па и прави да бидат одозгора. Ти си го воспитуваш твоето, ама се разбира дека не можеш туѓото - а тука они се должни.
Страшно, значи нека се брани кој како знае и умее, така испаѓа. (stomp) (stomp) (stomp)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Училишно насилство

Post by Vesela » 28 Jan 2014, 15:50

За жал Дебора така е. Јас се уште му кажувам на синко да се трга на страна, да не се дружи со нив , да ги одбегнува, ама тие се напасти живи. Се сеќавам јас кога бев на негова возраст имаше инциденти и кај нас, ама бре кога ќе згрми класната или педагогор беше страв и трепет. Ова брее никој не сака дас и превземе одговорнаст за децата.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Училишно насилство

Post by ripcence » 28 Jan 2014, 18:29

Жално но вистинито и наставниците не се веќе тоа што беа, незнам поентата им е да завршат со часот и пријатно, децава им се како предмети кои треба да ги поминат во текон на работното време.
Кај моиве во школо имаат една наставничка по Македонски, никој нема петка кај неа, писмените им се секогаш исшкртани-НЕМАШ ВОВЕД, НЕМАШ ЗАПЛЕТ... а имам една комшика наставничка баш и покажував иона се чуди на нејзините барања, настрана тоа, сега пред завршувањето на прво полугодие бидејќи никој нема петка почнала да им збори како се сите дебили, ретардирани деца, дрва шупливи да ги пуштела по вода немало да пропаднат бидејќи носеле лејки на раменици... (scared) (ner) Каква наставничка по Македонски јазик е тоа?! Како сака после тоа тие меѓу себе да разговараат? На ќерка ми и рекла-ти дебелка вежбаш нешто? М и кажала дека почнала одбојка. А таа- со твојава висина, сигурно од аут линија само им подаваш топки... (scared)(од тогаш дел од децата ја викаат дебелка или аут линија, и кој ги поттикна?) Сега имавме родителска и еден од родителите побара да дојде наставничката и нам да ни каже какви ретардирани деца имаме, се разбира класната не ја викна се обиде да ја смири работата, за другиот ден да им се дере на децава зашто се жалеле дома. (scared)

Е до каде со вакво образование и воспитување???

Одговори

Return to “Училишна возраст”