Вакцини и аутизам?

Деца со посебни потреби. За посебните ангели на земјава, место каде што се прифатени и децата и нивните родители. Место на љубов, помош и охрабрување.

Moderator: Модератори

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by happy cumulus » 01 Oct 2012, 23:04

DEa, Mamino srce, taka se vika taa sostojka, vcera bas se osigurav. Nema zabuna, diskusija e diskusija. I znam deka ne si protiv vakcinite. Toa e vsusnost tvoe pravo, ako znaes zosto si za ili protiv. Neli?
Debora i jas sakam da gi vidam site mozni strani. Za zal "oficijalna" i ne e edna. Jas licno sum za moeto dete da bide vakcinirano. Sekoja vakcina (kako i sekoj eden lek, pa i eden obicen aspirin ustvari sto ke go ispies) nosi odreden rizik. Vo sekoj slucaj, koga gi stavam na vaka beneficiite i moznite posledici, beneficiite se kade kade pogolemi.
Dvete strani sto jas barav da gi vidam (i uste baram). Ednata sto tvrdi deka MMR (measles, mumps and rubella) predizvikuva autizam kaj decata, a drugata strana vika deka do sega nema naucna osnova za toa. I od toa sto dosega se obidov da najdam, tie konekciite megu MMR vakcinata i autizmot se mnogu slabi. Da, mnogu roditeli tvrdat deka e vakcinata, oti posle toa deteto pocnalo da se menuva, megutoa kako sto spomnav i pogore, mislam deka e cista koincidencija zatoa sto kaj mnogu autisti periodot na regresija pocnuva okolu 1 godinka, koga i vakcinite se davaat. Ova e slucaj so vakcinirani deca, kako i so nevakcinirani. Ako najdam nesto znacajno ke pisam pak... Ke stavam referencii.

Kikchy
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 19 Nov 2013, 18:09
Им се допаднал: 1 time

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Kikchy » 19 Nov 2013, 18:16

Nema vrska deka autizmot se javuva posle edna godina. Mojot brat na 3 godini mu dijagnosticiraa autizam a pred toa beshe normalno dete. I samo nie znaeme shto se sme pominale poradi tie vakcini, a diteper vakcinata go dokrajchi, samo toa go doznavme mnogu kasno. Pa bidejki makata ne natera da istrazhuvame za vakcinite i autizmot i ushte za milion raboti, doznavme mnogu vistini, koi nazhalost gi doznavme mnogu kasno bidejki dovolno bilo samo da ne go vakcinirame za da bide normalen. Sekoj doktor veli kako nema vrska autizmot so vakcinite a ne kazhuvaat zoshto ni kako, pa neli im e zhal i na tie doktori da lazhat taka koga dobro znaeme deka e od toa. Ima milioni istrazhuvanja napraveno i vo amerika, a mnogu malku ima napraveno dali se vakcinite efikasni i dobri. Ne znam zashto sekogash vredi povekje eden zbor na doktor otkolku na iljada roditeli koi kazhuvaat shto prezhiveale so svoeto dete, tie sigurno ne lazhat. Ova e za sramota vo nashata zemja vo mnogu zemji vakcinite ne se zadolzhitelni i roditelite ne gi vakciniraat stvoite deca na primer vo Germanija. Autizmot ima NAJGOLEMA VRSKA SO VAKCINITE

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Debora » 19 Nov 2013, 18:27

Кикчи добродојде на форумов. (dobr)
Многу ми е жал што му се случило тоа на твојот брат. Фала ти што го сподели вашето искуство со нас. Искрено, страв во коските имам од вакцините и знам дека предизвикуваат и уште полоши работи, во странство дури и на судеви веќе родители добиваат оштета, само што тогаш веќе е доцна. (cry1)

eli_bube
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 28 Dec 2013, 20:29
Му се допанале: 6 пати
Им се допаднал: 13 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by eli_bube » 29 Dec 2013, 13:39

Леле и јас немам доверба, и ние треба да ја примиме таа за заушки сега и не знам што да правам, ич не ми се носи детево, што викаш не дај Боже од здраво право си го направиш болно, а да срамно е што во нашата земја со закон мораш немаш право на избор. Знам неколку жени што воопшто му немаат ставено на ниту едно дете свое вакцина а двете имаат по три деца... И фала Богу здрави прави децата им се..Јас на моите две им ставив а за третово што ми е најнежно некако језа ме фаќа и не знам... Уф што да се прави... На мој братучед само знам дека после дитепер вакцината која била со поминат рок, малото на три месеци добива енцефалопатија, воспаление на мозочната кора и леле мислам дека секое дете е индивидуално, и различно реагира на вакцината... И не знае човек стварно што да прави

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Lejla7 » 10 Apr 2014, 08:40


Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Debora » 10 Apr 2014, 08:57

Можеби не 100% од случаите на аутизам се предизвикани од вацини, ама штом производителот на упатството прикажува дека последица може да биде и аутизам, нема веќе сомневање дека и тоа се случува.

http://s7.postimg.org/pdj9xbfd7/roditeli_vakcini.jpg

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Lejla7 » 10 Apr 2014, 11:53

Навистина се чувствувам како да не смеам да ставам овде ниту една реченица, ниту еден линк кој ќе биде поразличен од твојот и на Петра.

Во ред, така пишува во упатството, но воопшто не пишува кај кого може да се случи аутизам и сите останати компликации. Сум зборувала на оваа тема често пати и со сестра ми, која е лекар-специјалист со искуство, и која најодговорно тврди дека аутизам е забележан како реакција од вакцина меѓутоа кај деца кои веќе ја имале таа предиспозиција за аутизам. Проблемот бил што во првата година од животот на детето аутизмот не се манифестирал изразено, и симптомите често се појавувале кај ваквите деца по првата година, или пак по примањето на вакцината. Вакцината значи имала влијание врз тоа, не е спорно. Но не кај сите деца. Кај оние кои веќе имале генетстка предиспозиција.

И ако не е дозволена дискусија вон вашите ставови, кажете - да знаеме и да не ставаме коментари.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Happy^_^ » 10 Apr 2014, 12:00

Lejla, без нервози мила (love5)
Еве и јас да кажам оример, пријатели што не го вакцинираа воопшто детето се сомневаат во аутизам. Уште е рано јас сметам дека детето е повеќе диво дека не е дружено со никој освен со мајка му и баба му ама баш ќе видам што ќе излезе и ќе пишам (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Debora » 10 Apr 2014, 12:07

ЕПа затоа што е дозволена дискусија пишуваме и ние што имаме поразлични ставови. ;-)
Нека се открие вистината, па секој нека си одлучи врз основа на сите факти. (smile) Тоа што производителот признава дека аутизмот е една од последиците кои можат да се јават, за мене е сосема доволно за да не се сомневам во тоа. Па дури и да се точни теориите дека детето имало предиспозиција, ние имаме предиспозиции за разни болести па за среќа не се снајдуваат сите и ако имам за нешто предиспозиција уште повеќе ќе се пазам.
И никој никаде не рекол дека сите вакцинирани деца ќе станат аутистични.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вакцини и аутизам?

Post by Lejla7 » 10 Apr 2014, 12:31

Ризиците од компликации од вакцини треба да ги прифатиме најнормално како што ги прифаќаме и ризиците од компликации при земање на лекови или при правење операции. Ако една операција е нужна за да се спаси нечиј живот, а има 90% шанси за успех, а 10% шанси да се искомплицира и заврши фатално, што ќе направите вие? И што правите кога ви се неопходни лекови ( а читате во упатството дека имаат нус појави, кои кај некои луѓе можат и фатални да бидат?). Од ова се водам кога размислувам за вакцините.

Во секое упатство ги има зборовите „rarely“ и „a few cases“ кои јас ги гледам и горе во упатството што си го ставила Дебора. Дури кај некои лекови има и зборови за почести компликации. Мене ме нервира кога некој ќе се фати само за тоа негативното, компликацијата, а го занемарува бенефитот од лекот/вакцината и сл. Секогаш постојат две страни. И да дозволиме секој да ја каже својата. Извинете ако звучам нервозно, воопшто не се нервирам, само сакам и јас да кажам нешто па колку и да е поинакво од другите.

Одговори

Return to “Деца со посебни потреби”