Page 1 of 1

Доење, диета и вежбање

Posted: 26 Sep 2013, 11:01
by Fiona
Мајки доилки, сакам да прашам додека доите дали вежбате нешто (орбитрек,аеробик) и дали имате некој режим на исхрана?
Сакам да почнам на аеробик, малечкото ми има 3ипол месеци.. време ми е мислам (smile)
сепак сакам да слушнам искуство со вежбање и доење
ви благодарам (smile)

Re: Доење, диета и вежбање

Posted: 26 Sep 2013, 15:13
by ripcence
Фиона незнам да ти одговорам од лично искуство бидејќи јас немав потреба од вежбање и диети, многу брзо си се вратив како што си бев после породувањето. Мислам дека за диети е рано бидејки доиш ти треба храна заради млекото се трошиш со доењето.
Пред 5мес. се породи братучедка на мм и гледам почнала со тренинг во теретана, баш ја прашав дали смее, ми кажа дека не смеело да се вежба се додека не исчезне онаа темна линија што се појавува на стомакот од папокот надолу, се додека ја има сеуште органите се враќаат на своето место, а штом исчезне безбедно е да се вежба.
Незнам кој и го дал тој совет, сметај го ова како лаички одговор. (a2)

Re: Доење, диета и вежбање

Posted: 29 Sep 2013, 22:46
by sunshine_2012
Ја чекав да наполнат 6 месеци па тогаш вежбав, не некоиинтезивни вежби туку за размрдување, сум читала дека и токсините кои што ги испушта телото деле во млекото, но незнам колку е тоа точно, сигурно нешто оди ама колку процент не сум сигурна.Јас трчав ама диети никогаш не сум држела. ти треба разновидна храна, можеш да ги отфрлиш јагленохидратите, и да се обрнеш на интегралните работи( ориз, леб итн). незнам сега дали би смеала да одеш во теретана и сличо, најверојатно е добро да се консултираш со твојот матичен доктор. (kup)