Важноста на доењето

Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Важноста на доењето

Post by Debora » 01 Feb 2010, 19:57

ПОЛЗА ОД ДОЕЊЕТО ЗА БЕБЕТО

Одлуката дали ќе го доите Вашето бебе не е одлука на животен стил, туку одлука на здравствен избор. Постојат многу причини за да го доите Вашето бебе. Доењето е нешто што нема да можете да го замените со ништо друго. Ползата од доењето е многукратна, а последиците од не доењето може да бидат долготрајни. Еве зошто е потребно доењето:

Мајчиното млеко ги има токму оние состојки, кои му се потребни на бебето во дадениот перод. Составот на мелкото на мајката не е постојано ист. Како расте бебето, така млекото се прилагодува на неговите потреби.

Кога бебето ќе се роди, првото млеко или колострумот (првото жолтеникаво млеко кое почнува да се лачи уште во текот на брменоста) ги содржи сите потребни материи, кои ќе му овозможат оптимален почеток во животот. Колострумот заради својата вредност, уште е наречен течно злато. Богат е не само со неопходните хранливи материи, туку и со антитела – кои ќе го заштитат Вашето бебе од многу болести и инфекции.

Вашето млеко е убедливо најдобриот избор за Вашето бебе. Кравјото млеко е добро за телињата, но не и за Вашето бебе. Вештачките формули се подобар избор од кравјото млеко, но многу се разликуваат од мајчиното млеко. Разликата е во тоа што имаат недостаток од над стотина различни видови хранливи материи и антитела во споредба со млекото од мајката. Еве некои причини зошто е добро да го доите Вашето бебе:

* Крвјото млеко и вештачките формули се многу потешки за обработка во стомакот на бебето, отколку мајчиното млеко.
* Мајчиното млеко го содржи точно идеалниот сооднос на масти, шеќери, протеини, витамини и др., кои му се потребни на бебето во секоја фаза на неговиот развој. Како што минува времето, млекото се менува за повторно да ги задоволува потребите на бебето во тој период.
* Преку млекото од мајката, бебето прима антитела – клетки кои се борат против опасните бактерии и вируси. Всушност телото на мајката ствара антитела на секоја болест која ќе се појави во околината. Така бебето е постојано заштитено.
* При доењето бебето треба да употреби повеќе напор за да го извлече млекото од градата отколку од шишето, па самото тоа придонесува за подобар развој на мускулите на вилицата.
* Освен тоа што мајчиното млеко е најдобрата храна за Вашето дете, доењето помага и за да се развие поблизок однос помеѓу мајката и бебето. Доењето претставува продолжување на близината, што ја имале додека бебето било во утробата на мајката. Бебето ја чувствува кожата, топлината, мирисот на мајката и тоа му дава чувство на сигурност и безбедност. Во едно испитување, кога во креветчињата на бебињата (стари само една недела) ќе било ставено крпче натопено со млеко од неговата мајка, бебето секогаш се вртело на таа страна.
Исто така е покажано дека мајките кои ги дојат своите бебиња, полесно се зближуваат нив и полесно и побрзо научуваат да ги разбираат потребите на своето бебе.
* Утврдено е дека предвремено родените, доени бебиња, подобро напредуваат од оние кои се хранети со вештачко млеко.
* Покажано дека децата кои се доени имаат повисок коефициент на интелигенција.

Со многубројни истражувања е дојдено до заклучок дека бебињата кои се доени, имаат намален ризик од следните заболувња:

* Синдром на ненадејна смрт кај новороденчињата
* Инфекција на увото
* Стомачни вируси
* Астма
* Инфекција на долните респираторни патишта
* Стафилококни инфекции.
* Пролив
* Воспаленија на цревата
* Дебелина покасно во животот
* Висок крвен притисок покасно во животот
* Дијабетис тип 1
* Алергии
* Детска леукемија и др.
http://www.tvoebebe.com/MAJKA/polza_doenje.php

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Debora » 01 Feb 2010, 19:57

ПОЛЗА ОД ДОЕЊЕТО ЗА МАЈКАТА
Докажано е дека при доењето, освен бебеиња и нивните мајки имаат намален ризик од некои заболувања. Меѓу нив се:
slika

* Дијабетес тип 2
* Рак на дојките
* Рак на јајници
* Постпородилна депресија
* Остеопороза

Со доењето се ослободува и хормонот окситоцин, а тој прави матката повторно да се врати во првобината состојба. Доколку доите тоа ќе се случи побрзо.
Освен здравствената полза од доењето, во голема мера ќе ви биде олеснето и хранењето на Вашето бебе:

* Ќе го избегнете постојаното миење и стерилизирање на шишињата и приготвување на вештачкото млеко.
* Ќе со избегнете станувањето во текот на ноќта за да го направите сето тоа.
* Ќе може побрзо да го задоволите гладот на бебето.
* Ќе заштедите пари за вештачките замени на млеко.
* Побрзо ќе ги загубите килограмите добиени во текот на бременоста. Со доењето се трошат околу 500 калории дневно.
* За да го доите детето ќе мора да завземете удобна и опуштена положба, па тоа ќе би овозможи да си го приуштите толку потребниот одмор.
* Доколку мајката го дои детето барем 6 месеци, статистички е докажано дека помалку ќе отсуствува од работа заради покасно боледување кај детето.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Debora » 01 Feb 2010, 20:00

Некои препораки за успешно доење:

ПРЕПОРАКИ ЗА УСПЕШНО ДОЕЊЕ
Препорачливо е жената да научи за правилната техника на доење, уште во текот на бременоста. Така ќе бидете спремни и можеби ќе избегнете некои проблеми.
* Почнете со доењето веднаш штом бебето ќе се роди. Иако во почетокот можеби нема да имате млеко, од градите се лачи жолтеникава течност т.н. колострум, кој има многу важна улога за здравјето на Вашето бебе. Бебето кога ќе се роди веќе знае да цица и самото да ја најде градата.
* Доењето можеби ќе трае и по 40 мин. Затоа пронајдете удобна положба. За многу жени најудобно е да седат во исправена положба. Можете да поставите една перница, зад Вашата половина, една перница во скутот – на која ќе биде потпрено бебето и уште една врз неа – на која ке биде потрпрена Вашата рака со која го држите бебето. Најлесно ќе Ви биде, ако бебето е во висина на Вашите гради. Затоа подметнете перници или нешто слично и немојте да се обидувате да го држите бебето во воздух, додека трае доењето.
* Експериментирајте со положбите и одберете ја онаа, која е најудобна за Вас двајцата.
* Правилно поставете го бебето: устата на бебето треба да биде широко отворена, а брадавицата да влезе што е можно подлабоко во устата. Во устата на бебето треба да влезе што поголем дел од градата. Внимавајте бебето да не ја цица само брадавицата туку и араолата (темниот круг околу брадавицата). Неправилното доење може да предизвика разранување и пукање на брадавиците, а бебето нема да може да прими доволно млеко.
* Дојте го бебето секогаш кога ќе побара. Новороденчињата имаат потреба од многу често доење. Барем на секои два часа и тоа не според некој однапред определен распоред. Новороденчињата имаат многу мал желудник, затоа и имаат потреба од почести оброци. Имајте впредвид дека во споредба вештачкото, мајчиното млеко полесно се обработува во желудникот, па затоа бебињата хранети со вештачко млеко бараат помалку оброци. Ако Вашето бебе спие и не побарало да цица цели 4 часа, разбудете го за да го надоите.
* Не се потребни никакви додатоци во исхраната на бебето. Не треба да додавате вештачко млеко, ниту пак вода. Се што му е потребно на бебето се наоѓа во Вашето млеко. Ако му давате додатоци може да му се намали желбата за цицање, а со тоа ќе се намали и производството на млеко во Вашите гради. Колку повеќе го доите бебето, толку повеќе ќе се создава млеко.
* Оставајте ги брадавиците да се исушат на воздух. Правете го ова барем на почетокот додека да отврднат. Тоа ќе го спречи нивното пукање. Ако сепак дојде до пукање на брадавиците, намачкајте ги со млеко, за да им помогнете да заздрават.Исто можете да ги намачкате со масло, кое содржи Е витамин или ланолин маст, но се случува некои бебиња да бидат алергични на овие материи. Правилното поставување на градата во устата на бебето, ќе спречи многу проблеми со разранување на брадавиците.
* Внимавајте да не дојде до вопаление на градите, односно маститис. Симптомите на маститис се: треска, болни грутки во градите и црвенило. Ако приметите овакви симптоми, веднаш побарајте лекарска помош.
* Градите може да отечат. Кај новата мајка обично се произведува многу млеко, па во првите денови после породувањето градите може да бидат големи, тврди и болни. За да си олесните, ставајте го бебето да цица секогаш кога ќе посака. На тој начин Вашето тело ќе се приспособи кон неговите потреби и ќе произведува само онолку млеко колку што е потребно. Во меѓувреме мајката може да си ја олесни болката со ставање топли облоги или со топла бања.
* Хранете се здраво и пијте многу течности. Приуштете си доволно одмор. Тоа ќе Ви помогне да избегнете можно воспаление на градите.
* Имајте трпение, доењето се усовршува со пракса. Наскоро Вие и Вашето бебе ќе бидете совршено уигран пар.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Debora » 01 Feb 2010, 23:08

Препораките се бебето да биде ексклузивно на мајчино млеко во првите 6 месеци од животот, дотогаш сите негови потреби се задоволено преку доењето, нема потреба од никакви додатоци.
Воведувањето на адаптирано млеко до шестиот месец е непотребно и може да доведе до намалување на производството на млеко кај мајката, затоа што телото на мајката се прилагодува на потребите на млеко на бебето. Ако дел од потребното млеко бебето почне да го прима од шише, ќе се намали количеството што му е потребно од мајката и мајката ќе почне да прозиведува помалку млеко. Понекогаш бебето може повеќе да не сака да се дои, затоа што му е полесно да го влече млекото од шише, одколку од градата.
После 6 месеци се препорачува да почне да се воведува и прихрана, но доењето останува главната храна на бебето. Се препорачува бебето да се дои барем 1 година, а уште подобро е и повеќе.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Petra » 02 Feb 2010, 12:26

Најдобро за бебињата е мајчиното млеко. Ќерка ми ја доев 1,5 г. Додека ја доев не и давав чај или сок,беше само на млеко. Во мајчиното млеко има се што му е потребно на нашето бебе. И на почетокот првите денови додека уште немв многу млеко не и дадов ништо друго,затоа што тој хормон е на провокација колку повеќе повлекова толку повеќе мајката има млеко. А од голема важност е првото млеко колострумот за бебето и не треба да се фрли. Подоцна кога имав повеќе од тоа што бебето можеше да го испразни го одмолзував за да немам проблеми со градите. Навечер често се будеше за доење,но не додадов друго млеко за да спие поврзано повеќе часови. Нормално не бев наспана. Исто така беше добро што во болница бевме група што не едуцираа после пораѓајот за важноста на мајчиното млеко. Беше спомната дека ако се додава друга храна додека бебето се дои тоа лесно може да се одбие. Нема ништо подобро за нашите најмили од мајчинито млеко.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Petra » 02 Feb 2010, 13:19

Како потешкотија од моето искуство со доењето ќе го спомнам само честото будење навечер што и тоа можам да кажам дека е ништо во споредба со позитивните работи. Прво мајчиното млеко е најздрав избор за нашето бебе и според тоа сознание одлучив само мајчино млеко. (smile) Друга позитивна работа е моментално задоволување на гладот на бебето. Со себе не носевме повќе шишенца кога излегувавме. Не губевме време за нивна стерилизација и подготовка на храна.Забележителна работа во денешницава е и заштеда на пари кои се даваат за вештачките млека. Кога излегувавме надвор не ми беше срам да си го надојам бебето кога ќе побараше. Нормално носев широка и долга блуза. (smile) Во болница беше спомнато дека доењето надвор е иста работа како и кога јадеме сендвич надвор. Кај мене ќерка ми беше многу лакома и скоро секогаш кога цицаше после повраќаше. Докторот ми кажа дека не е ништо сташно,дека го поврќа само вишокот и дека нема тежина на желудникот ако се прејаде. Не гледавме на саат кога да се доиме туку кога и да побараше ја доев. Нема ништо подобро од мајчиното млеко. (thumbup)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Petra » 02 Feb 2010, 13:51

Предноста на доењето е и што помага да се одржи близината на бебето што ја имало со мајкта додека било во утробата. (thumbsup) Доењето ми овозможуваше моето дете да ми биде постојано во прегратка што не би го менувала за ништо. (smile) Нјасреќна бев кога ќе ја земев да ја дојам и кога ќе се насмееше кога ќе го почувствуваше мојот мирис. Ми беше многу убава и со воодушевував на тој дар од Бог што ми овоможил да си го хранам своето чедо. Прекрасна беше кога ќе почнеше лакомо да голта. (smile) Неопислива е радоста што ја имав кога беше уште многу мала и додека ја доев ме галеше со нејзините рачиња. Беше задоволна,среќна,сигурна во мојата прегратка. Таа близина што ја имав со мојата ќерк додека ја доев ми овозможуваше да и зборувам постојано што исто така е од голема важност за нејзиниот правилен развој. А побругу учев да ги задоволувам нејзините потреби. Ете зошто не го сакав вештачко млеко и шишињата. Прво квалитетот на составот не може да се споредува. И не сакав ништо да ми ги краде моментите и близинаташто можев да ги имам со мојата ќерка. Посебна е близината што ја овозможува доењето. (bu)

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Annabel » 02 Feb 2010, 14:04

Девојки се сте кажале...ништо не оставивте за мене (thumbsup)

Ива ја доев до 6 месеци и потоа сама се одби...тоа ми беше многу тежок емотивен период, како да изгубив дел од нејзината близина.

И да, ја доев секаде каде што ќе посакаше, не се срамев да го направам тоа на улица или во кафич (ќе сетргнев малку на страна). За ништо на светот немаше да ја оставам гладна.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Annabel » 05 Mar 2010, 11:16

Ова е изавдок од:

ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
Службен весник на РМ, бр. 16 од 05.02.2010 година


Право на мајката доилка
Член 171
Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради
бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време,
има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден ипол
час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има
работничката до наполнета една година возраст на детето.


Ова е убаво да се знае, само не верувам дека работодавачите од срце би ни го дозволиле ова

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Важноста на доењето

Post by Debora » 29 Sep 2010, 10:51

Исклучиво доените бебиња имаат помал ризик за добивање на разни инфекции.
http://tvoebebe.com/doenite-bebinja-se- ... acko-mleko

Разлики помеѓу мајчиното и вештачкото млеко.
http://tvoebebe.com/DOENJE/sporedba-pom ... acko-mleko

Доените бебиња имаат помал ризик од дебелина.
http://tvoebebe.com/BEBE/doenjeto-gi-na ... a-debelina

Одговори

Return to “Доење”