Прекин на доењето

Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Радост » 06 Apr 2015, 02:56

Снемало интернет во моментот кога го пратив постот и ми отиде во неповрат километарското пишување. Од мобилен сум и ќе сублимирам дека се растажив многу.

(big-hug)

Прво, ти си совршена мајка за своето дете, тоа никогаш ама никогаш не го заборавај.
Второ, знам дека финансиите се ужасни во оваа држава ама мој добронамерен совет е - давај Аптамил.

И трето. Мајчиното млеко е најдобар избор за секое бебе ама не по секоја цена. Јас иако морав да го прекинам поради преголемата доза на метформин, одев со глава у ѕид и се ставив себеси на коцка да за малку што не завршив лошо. Од една страна беше преголемата желба за доење, од друга атрана притисокот од општеството дека не постои добро и лошо млеко или малку и многу, само упорност! Е не е само упорност има други фактори!

Те замолувам тебе, а и сите мајки да не додавате масло на огнот затоа што не знаете како е. Значи готово е, бебушот е на адаптирано и ќе биде жив здрав како и што е мојата крофна. Значи прескокни ги и ти и останатите муабетите како требало да е на комбинирано млеко и АД, како вие сте успеале да го задржите млекото и да ги доите до прво одделение. Не и треба тој муабет и нема да и олесните.

Лејла, се уште ми се плаче ... долги месеци бев и во депресија. На чест нека им служи на сите што ќе се обидат да се издигнат над тебе како се "поуспешни" мајки што доеле/дојат, а ќе ги има верувај ми и затоа што побрзо се смириш самата многу подобро е за тебе. Верувај ми дека маката доправа почнува, доправа ќе расте и ќе му требаш.
Јас доев прекратко ама за да биде иронијата поголема, пред две недели си играше и обожава да дојде да ми ја крене мајцата и да се смее на папокот, не знам оти и е смешен :) и ја крена скроз, инстиктивно ваљда легна на мене и се залепи на града. Ми требаа неколку секунди да сфатам што се дешава и да ја тргнам. Сеуште не ми е верно што направи ...

На крајот од денот, фала му на Бог што ни ја подари оваа радостт и можноста за неизмерна среќа! :) Немој да тажиш, немој да те фати криза дури сега затоа што му требаш.

А сите оние мајки што викаат дека е полесно детето да е на АД, не го поминале тој тежок пат. И ете ја 15 месеци е, уште со шишиња, менување и купување, финансии, вриење вода!шишиња, миење, ладење, спремање за кај и да си да планираш, неприфаќање млеко, гасови, запек, осудување од околината ...

За утеха секогаш ќе сум овде, за совет исто.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Прекин на доењето

Post by ivvi<3 » 06 Apr 2015, 07:00

Радост, сигурна сум дека никој овде немал намера да дотури масло во огнот, колку и да изгледа тоа така. Тука сме сите да дадеме мислење и поддршка една на друга. Мислам дека поентата е да се истакне дека тој педијатар е лош и како доктор и како човек. Јас колку што разбрав, не било загрозено здравјето на Лејла за да дојде прекин на доењето. Жалосно е кога поради нестручноста на луѓе на кои им го имаме доверено нашето здравје, доаѓа до вакви работи. Јас сѐ уште се борам со доењето, 90% е на аптамил, не се фалам дека ете успеав. Не успеав. Фрустрирањето е уште поголемо кога читам во Соба за доење како мајки успеале, не се откажале, не посегнале лесно по ад млеко и сл. а децата им биле гладни, и ете тие сега се "подобри мајки" од сите оние кои не дојат. Од лупање глава во ѕид дојдов до ситуација да ја изгладнам бебушка моја, мислејќи дека не сака да цица, а таа уствари немала што да цица. Мајка ми лом ме направи, ѝ дадов дохрана и реков никогаш повеќе нема да дозволам да седи гладна. Тоа е мојот пример. Исто, како што пишав во претходниот пост, можеби причината треба да се бара во друго. Не дотурам масло во огнот, но што ако проблемот сѐ уште постои? Второ мислење никогаш не е на одмет. Ова го кажувам затоа што во текот на мојата бременост која до крај беше прилично тешка, не ми помогнаа јаките врски на ГАК, кога еден доктор ми рече дека "многу ми се насобрало" и ме потапша по рамото, туку ми помогна второто мислење без врски. Како и да е, сите сме тука за поддршка и утеха, но и за совет. Јас секогаш прво читам искуства, одам на второ мислење пред било која одлука. Ете тоа е мојот совет за сите оние кои имаат сомнеж во нивните доктори. И да, доењето не е потешко. Сето тоа што го наброи претходно е ужасно мачно. Ние кога патуваме прво што ни е на список е загревачот на шишиња да не го заборавиме, бидејќи без тоа не знам што би правеле. Поздрав до Лејла и да запамти дека таа за нејзиното бебе е најдобрата мајка во светот и секогаш ќе биде :)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Vesela » 06 Apr 2015, 11:03

Во целост се согласувам со Радост. И јас драга Лејла го помнав истиот пекол со доењето. Немав млако што да правам. Живи луѓе сме не роботи. Фала му на Бога има адаптирани млека ( среќа има голем број за избор). Плус ккога се породив примав долго време терапија со антибиотици и антикјоагуланти , па и да имав млеко не можќев да дојам. И што? Еве го синко фала му на Бога, жив , здрав право маже.
Мене плус страшен притисок ми правеа роднините на мм. Ме правеа најлоша мајка на свет, зошто не сум доела. Јас паднав во депресија. Синко го фатија грчеви, јас нервозна заради млекото, детето тоа го осеќа , па уште повеќе плачење. На бебето му треба смирена мајка. А тие што зборат , ќе најдат да зборат за било што. Сега да сум со овој памет ич пет пари не давам за кој што збори.
Сакам да кажам, ти си најдобра мајка на свет. Само смирено, и уживај во убавите моменти со бебето, бргу лета времето ,а тоа неможе никој да го врати.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Радост » 06 Apr 2015, 11:25

Иви, воопшто не алудирав на никого од претходните постови. Зборував севкупно зошто знам што ја чека. Извини ако оставив поинаков впечаток.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1285 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Lejla7 » 06 Apr 2015, 12:01

Ne znam kako da vi se zablagodaram na site (kup) (kup) (kup) Malku se potsmiriv, i deteto zivna cinam, samo mnogu cesto bara da jade, a po malku, nekogas 20ml, nekogas 30, nekogas 40, 60...a pedijatarot rece duri ne go povratime na tezina na baranje da mu davam da jade. Citam deka AD mlekoto na kratki intervali pravi grcevi, no sto da pravam koga bara i koga taka mi kazaa...caj i voda se uste ne, utre kontrola pa moze ke dozvolat.

Inaku go hranam so Bebelan Lacta 1, ubavo go prifati.

A sto se odnesuva do lekarstvata sto gi spomna Vesela, ke mi tekne pa i jas bev celo vreme na Clexane vo bremenost, po carskiot primiv uste 5, plus neli antibiotuci standard i analgetici. A i nesto drugo - tri dena pred merenjeto na deteto izbiv so alergija strasna, ne znam od sto, znaci se cesav nekontrolirano i bev uzasno nervozna. Tolku bese neizdrzlivo sto so preporaka na drug pedijatar se napiv Loratadin, rece nema da vlijaelo na doenjeto, no moze i toa pridonelo za namaluvanje na kolicinata ili na kvalitetot. Kako i da e, zavrsena rabota. Nema da se obvinuvam, se obiduvam da pravam najdobro kako sto znam. Macno e mienjeto sisinja (mislam samo toa pravam cel den), vrienjeto, toplenjeto, ladenjeto, finansiite, ama toa e.
Uste ednas fala na site za poddrskata (grupna-gushka)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Радост » 06 Apr 2015, 12:16

И друго заборавив да напоменам. Не кај сите, но намалената функција на тироидната има влијание и во намалена лактација. Потврдено од ендокринолог.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1285 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Прекин на доењето

Post by Lejla7 » 06 Apr 2015, 13:19

Oooo, i toa znaci. Fala Radost (a2)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Прекин на доењето

Post by maried » 06 Apr 2015, 15:41

Јас сум од мајките кои успеале да дојат и покрај сите здравствени проблеми, пад на тежина кај бебето, разранети гради и многу други работи, ама никако не се осмелувам да ја осудам Лејла.
Лејла мила, патот за да стасаш до бебе ти беше тежок и немој да се обвинуваш дека грешиш, ти си супер мајка и уживај си во мајчинството. За Радост веќе излишно е да коментирам затоа што она е мајка ипол и пријател со огромно срце :-*

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Прекин на доењето

Post by ivvi<3 » 06 Apr 2015, 17:55

Радост, не можам да те цитирам, уште тешко се снаоѓам на форумов, но делот со доење до прво одделение (тоа ми беше најсмешно :) ) беше директно обраќање до Лејла и останатите, па затоа така и пишав. Но тоа е најмалку важно во моментов. Сакав да кажам уште нешто во врска со педијатарот, дека денес е доењето, ама утре ќе биде нешто друго и јас не би се враќала кај него за било каков совет.

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Прекин на доењето

Post by happiness » 06 Apr 2015, 18:19

ivvi (dobr) ne znam dali sum te pozdravila :) mozi si od sk pa zatoa imash izbor da odis kaj drug...
eve jas sum od bt golem grad i ako se zemi vo predvid deka i od cela okolina doagaat na pregled znaci mnoogu majki... a doktorki 2... :) sega vrabotija pred dva meseci mlada doktorka seushte da ne recam uci ama se adaptira na rabotata najcesto e so postarite koleshki .... i koga ke odam na sovetuvalishte nemozam da biram, znaci me zakazva za vakcina togas i koj ke se pogodi toj... edno e sovetuvalishte kaj nas :)
ima vreme do prva ke si najdi lejla maticen pedijatar pa ke si odi kaj dvata mene mi kazuvaat na sovetuvalishte vaka i jas po nekoj den ako nesto mi e sumlivo odam kaj maticniot :) eve denes plus i kaj patronaznata na mobilen se javiv (rolll)
site imaat razlicni stavovi razlicno iskustvo pozdrav

Одговори

Return to “Доење”