Доење во јавност

Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Доење во јавност

Post by Petra » 09 Oct 2010, 16:36

За мене доење во јавност е исто како и јадење сендвич во јавност.
Кое е вашето мислење за доењето во јавност? Практикувате ли доење во јавност?
Уште додека бев во болница не едуцираа за важноста на доењето. Беше спомнато и тоа дека доењето во јавност не е срамна и непријатна работа. И беше споредено дека е исто како и јадење на сендвич во јавност. И тоа е хранење. Сигурно оваа информација ме ослободи да ја дојам мојата ќеркичка и надвор кога ќе излезевме и било каде без срам и непријатност.
Си барав неко пригодно место, помирно, секогаш носев широки блузи, така да ништо не ни се гледаше, а мислам дека сега има и некои марами прекривки. Не и го кратев доењето затоа што не сме дома, а и бебето не треба да биде гладно.
За мене доењето е најприродна работа.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Доење во јавност

Post by Debora » 09 Oct 2010, 16:55

Јас се согласувам. Бебето сигурно дека не треба да биде гладно. Може да се најде дискретен начин за да се надои. Се работи за најприродната работа на светот, а не нешто срамно. (bu)

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Доење во јавност

Post by Mamino_srce » 10 Jun 2011, 18:40

Кога една другарка ми доеше дете во просторија со шестмина луѓе, од кои неколку машки, онака само малку повлечена на страна и покривена, се сеќавам ми беше многу непријатно дури и да погледнам во нејзиниот правец :oops: . Не знам само како на тие машки беше. Ама бевме заедно на еден состанок и таа немаше друг избор вероватно. Немам ништо против луѓе кои тоа можам, ама јас.... (confus)
Мислам дека ќе ми е непријатно да дојам дете, дури и покривена, во просторија во које се наоѓа некој друг, освен мм се разбира, ма мислам дури и пред мајка ми ќе ми е чудно, не знам.
А за надвор, не знам, можеби во некое мирно паркче каде што нема многу луѓе, ама сепак мислам ќе имам проблем со доење во јавноста. Можеби ќе се нешто смени откако ќе се породам , ама сега за сега мислам дека ќе ми биде непријатно. Ќе пишам понатаму кога ќе се породам да ли го сменив мислењето. (laugh1)

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Доење во јавност

Post by JasminaJN » 13 Jun 2011, 09:03

И јас мислев така мамино_срце но ќе си го променишмослењето кога ќе ти биде бебушот гладен, а си надвор.

Majata
Нов член
Нов член
Мислења: 26
Придружен: 20 Jul 2011, 16:39
Им се допаднал: 1 time

Re: Доење во јавност

Post by Majata » 26 Nov 2011, 19:15

Mamicki... doenjeto vo javnost ne e voopsto sramno ili cudno!
Iako ke bidam mamicka za prv pat (38-ma nedela sum), megjutoa sum ZA doenje vo javnost.
Pred nekoe vreme, vo BUS vleze romka so malo bepce, koe mnogu placese.... pretpostavuvam bese gladno (sad1) Taa ja izvadi gradata (naglasuvam: ne bese voopsto vulgarno) i go podoi, abe cuce malo... vednas se smiri i pocna da gleda naokolu... i kako da ostavs taka malo cuce da place: koga mora da se jade, mora da se jade (a2)
A za site onie koi mislat deka e vulgarno zenata da go doi maleckoto vo javnost, najverojatno nikogas ne se nasle vo takva situacija kako zenata vo gorenavedenata situacija ...

Bambina
Нов член
Нов член
Мислења: 96
Придружен: 05 Mar 2012, 15:59
Му се допанале: 19 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Доење во јавност

Post by Bambina » 24 Oct 2012, 19:30

Мамички мили...мислев да пишам во Како ни се мајките, ама викам ај штом има посебна тема, ќе пишам тука. Мојата кукличка ја дојам...До пред 10-тина дена само ја доев, а сега полека и давам овошје..Кога само ја доев, често пати ја доев надвор, на клупа, во кафуле...покриена нормално за да не паѓаат во несвест тие околу мене..Сега кога почна да јаде овошје, се трудам кога сум во јавност да и давам тоа, меѓутоа некогаш се случува овошјето да не и е доволно, па пак и давам да цица...
Јас очигледно немам проблем со доење во јавност, а искрено и не се потресувам многу многу ако некој ме погледне наопаку затоа што ја дојам во јавност, првенствено затоа што не сметам дека тоа е нешто срамно, а и затоа што не мислам дека тоа е нешто што треба да биде отворено за дискусија...
Овие неколку дена ги поминав со сестра ми, и бевме неколку пати излезени заедно на кафе/ручек со нејзини другарки. Само што ќе тргнев да ја дојам (повторувам, покриена со марама) таа почнуваше да прави фаци, да мрчи, да коментира...уште фалеше да ми ги собере парталите и да ме стане од маса...дури една од нејзините другарки си дозволи да ме "советува" дека внатре во ресторанот можам да ја надојам во ќош... Демек детево мое е домашно милениче, па ќе ја сегрерирам...Малку забегав...
Денес и давав некаква оризова кашичка, ама не и се бендиса, а и до мозокот не и стигнуваше информацијата дека јаде доволно брзо, па почна да вреска....И јас нормално почнав да се местам за да ја надојам, сестра ми рипна од столче и почна да се дере: Чекај марамата како тука ќе ја вадиш ц***ата...Повеќе внимание привлече нејзиното урлање, откаако моето доење во јавност ама не е важно... И мене веќе ми дојде преку глава...и вратив...викам: не е твоја работа јас кај ја дојам, ќе видам ти што ќе правиш кога ќе имаш дете и каде ќе го доиш..таа место да престане со лудилото почна да ме убедува како требало да не излегувам од дома додека го дојам бебето, како било срамота ова што го правам..и што уште не...за да не ја потресувам куклата моја, само и реков да не ми се обраќа и ја завршив дискусијата...

Постов испадна поголем од што мислев...ама ми требаше место да се истиштам...А и сакав да ве прашам вие што доите во јавност, како се снаоѓате?Дали имате подршка од тие околу вас?Дали имате разработен метод за справување со вакви моменти и луѓе?

(ner) (ner) (ner)
(kup)

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Доење во јавност

Post by Nespretna » 25 Oct 2012, 01:38

Мене искрено ми е непријатно кога се дои бебе, така непокриено. Некако ми е вулгарно.. не знам. Инаку се покриваме, срамота е да ни се види „расцепот“, а сега цела ц**ка да ја извадам.... не ми е логично...
Мм ако дојде во таква ситуација одма излегува од просторијата.
Би доела да, ама сега барем има 300 ствари за да се потскриеш малку... Марами, ова- она. Така, да. Ама секако, ако немаш избор, најбитно е бебето нели?!? Мораш и без марами.
Ај да не зборувам пред време ќе ви кажам кога ќе ми дојде времето за тоа (smile)

Бамбино, не знам од каде тоа размислување дека додекла доиш не треба да излегуваш од дома. Па тука до 6 месеци препорачуваат САМО да се дои. И што, јас не треба 6 месеци од дома да излезам? Да, сигурно (tongue)

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Доење во јавност

Post by happy cumulus » 26 Oct 2012, 01:33

Bambino, toa e tvoe pravo koe nikoj nemoze i nesmee da ti go zabrani! Gledaj si ja rabotata, rani si go deteto koga ke mu se jade. Ako nekoj te prekoruva, kazi mu da sija gleda rabotata ili ako mu e neugodno, neka ne gleda. I mene mi e neprijatno bas da vidam cela c***a nadvor, ama ne smetam deka e bezobrazno od strana na zenata sto doi. Nikojpat i nikomu ne bi rekla da ne go doi deteto ako nema so sto da se pokrie...

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Доење во јавност

Post by Petra » 26 Oct 2012, 19:43

Бамбина јас сум имала подршка за доењето во јавност од сите околу мене. Никому не му било чудно ниту пак непријатно. Дури се случувало ако заплаче ќерка ми, а сме биле излезени татко и да рече ајде давај му на детето да јаде нема да плаче. Еве сега и сестра ми ја дои внука ми и си ја дои најнормално дома пред сите. Си става една обична пелена горе на прслукот и тоа ни е најнормална работа на сите.
Инаку тоа си е твоја работа и не треба да ти се мешаат и да го прават дека е проблем. Не станува збор за вулгарност, на тој начин се храни бебето, а бебето треба да се храни навремено без оглед каде сте. Тамам работа да не излегуваш од дома. (smile) Дури и во моментот кога ќе бара храна, ако нема марама не може да се остави бебето гладно.

milicka9283
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 12 Aug 2012, 19:59
Location: Skopje
Му се допанале: 17 пати
Им се допаднал: 26 пати

Re: Доење во јавност

Post by milicka9283 » 27 Oct 2012, 21:04

mene mi bese cudno da se doi bebe vo javnost do pred nekoe vreme..bas bev izlezena so drugarka koja ima bebe i bevme vo eden park.bese 21h i imase dosta mladi naokolku.deteto pocna da kenka barase da jade i drugarka mi bez sram ja izvadi i mu dade da jade tuka pred site,a sproti nas sedea nekoi decki.iskreno se iznenadiv deka nikoj ne ja pogledna site se odnesuvaa kako toa da e najnormalno i taka e nema nisto ponormalno od toa da mu dades na svoeto dete da jade koga toa saka...jas zdravje da se porodam prvo pa kaj saka neka bara da jade sigurno nema da go ostavam gladno.

Одговори

Return to “Доење”