Непријатна ситуација

Работи со кои се соочуваме во секојдневниот живот, а сакаме да ги споделиме

Moderator: Модератори

Одговори
kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Непријатна ситуација

Post by kit-kat » 07 May 2013, 15:39

Дали сте се нашле во оваа ситуација.
Да речете нешто пред некого,а незнаејќи да го навредите или обратно,„навредениот„да сте вие?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by Debora » 07 May 2013, 15:49

Леле многу пати сум го направила тоа, посебно порано. (scared) Сестра ми стално ме задеваше за тоа, ама си имав талент јас. Не знам на кого му е понепријатно, на тој што кажал нешто што не треба или на тој што е навреден. Во секој случај е баш непријатно.
Ми текнува и на една комична непријатна ситуација... кога се омажив на работа ми честитаа и ми честиташе и една повозрасна жена - за која не знам оти мислев дека сеуште не е мажена, (можеби сум слушнала муабет за некоја друга и сум ги измешала...) и реков фала за честитките, Господ и тебе нека те благослови. (scared) После разбрав дека е мажена и има и деца. :ymblushing:

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by Vesela » 07 May 2013, 15:51

Уфффф да , и тоа многу пати. Ама со тек на годините научив дека подобро да молчам да не запаѓам често во вакви ситуации. Понекогаш знаат да бидам смешни, ама понекогаш и тргични. Ќе ви раскажам една траги комична ситуација во која се најдов. Една другарка правеше свадба која беше мала семејна свадба само роднини. По свадбата отидовме на честитио дома кај неа. Арно ама јас ги помешав брзините. Другарка ми одеше долго време со еден дечко ( кој се викаше пример Петар). Раскина со него и за многу кратко време се омажи со сегашниот сопруг кој на пример се вика Јанко. Одиме ние кај нив дома и јас цело време на зетов Петар, па Петар. Другрка ми цело време ми прави фаци, другиве другарки ме газат под маса, јас никако да ми текне дека мажов е Јанко. На крај една другарка ме прибра со неа во тоалет да ме освести. Така сум се обрукала, срам ми беше пред очи да им излезам долго време.
Имам и други вакви бисери, ако ми текне ќе ви напишам. (laugh1) (laugh1) (laugh1) (laugh1)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by kit-kat » 07 May 2013, 16:35

И јас сум се нашла во вакви ситуации,иако по карактер сум одмерена и бројам до 10 пред да речам нешто.
Зборливка сум,но повеќе кажувам за себе,и ако не сум сигурна молчам.
Но синоќа на именден јас бев во обратна ситуација кога се најде жена во небрано према мене и мислам дека мене ми беше понезгодно него нејзе.
Една познаничка ми вика ајде што чекате за второ па години ви е детето,му треба другарче...
А другарка ми која ја знае цела моја приказна се стопи,се вртка лево десно,а не е блиска со првата да и каже нешто.
Па јас отворено и кажувам,да во право си но пред 2 недели имав missed абортус во 12 недела.Па со Божја воља ќе биде.
Женава прво се стаписа,па како гром од ведро небо ми вика -Ајде тоа да не си го ставаш на ум,имаш прекрасно дете,тоа и се случува на секоја жена во животот.
Млади сте со тм ќе биде.
А другарка ми (scared) ,а мене ми падна незгодно заради женава да не се најде во :ymblushing: ситуација,ама се снајде.

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by Nadja » 10 May 2013, 11:43

На мене ми се случило да бидам навредена, од страна на едниот девер. Тој е личност која што претерува со зафрканции. Често неговите зафрканции преминуваат во исмејување.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by kit-kat » 10 May 2013, 15:33

И мене ваквите исмејувања ми се (tumbdown)
Па отворено му давам на знаење дека тоа не ми се допаѓа и едноставно нити се смеам нити зборувам.
Тоа е веќе намерно.Незгодно е кога без знаење на некого се ставам во незгодна ситуација

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by Happy^_^ » 21 May 2013, 21:43

Кога пријателка моја застана со еден дечко од кога тој замина и реков каков селанец и во тој момент таа ми кажува дека и е прв братучед. Абе бруки и од тогаш си ќутам. Така првата Нова година со дечко ми одиме накај другар му, и гледам другаров носи мече во украсно ќесе. И мечето не беше убаво и сакав да му речам на дечко ми ама грдо мече купил другар ти за женска му ама среќа си поќутив.Замислете тоа мече беше од дечко ми за мене. Којзнае кочку глупаво ќе беше да си го кажев мислењето...

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by ripcence » 14 Aug 2013, 17:49

Имало такви ситуации не дека не, ама ненамерни, јас обично сум пресметлива-бројам до 10 пред да речам нешто.Ми текнува еднаш дојде еден човек го бараше татко ми, јас влегов и му кажав на татко ми, поминаа неколку минути и јас излегувам а врнеше мислејки дека човеков си отишол облекувам патики и пеам "ПОГЛЕДНИ ЈАС СУМ ОСАМЕН НА ДОЖДОВ-ТЕ ЧЕКАМ..." и слушам (cl) аааааа во земја потонав...

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Непријатна ситуација

Post by belomorka » 14 Aug 2013, 23:34

охохо мојата е дефинитивно најнепријатна.
идам јас да полагам испит и професорката се појавува на 2 секунди и ги остава асистентите да не испрашуваат. и јас бидејки си бев малку дива а тој глупакот од асистент ми се пушташе на испитот ме бутна. и јас од испит одам на фризер кај мојот фризер и му викам леле колку сум нервна уште од врата. тој ми вика зошто (а иначе фризерницана му е на два спрата и беше полна со муштерии, ама јас бидеји многу немам длака на јази си ломотам) па му викам една глупача и него во иситиот момент му текнува дека една професорка од правен факултет е на горниот спрат и се фарба и почнува да ми прави фаци да заќутам ,ама јас во занес му објаснувам ја пцујам неа, и додка јас зборам со гестикулации, од скалите се симнува една девојка со фарба на глава и јас ја погледнувам и на сред реченица и викам : од кај те знам и без да и го дочекам одоговорот продолжувам да зборам. фризерот мои почнува да се вцрвенува ама јас си завршив со монологот и си седнав да ме фенираат. на другото столче седнува таа со фарбата што не ми текнуваше од кај ја знам, ама кога ја исфенираа сватив дека е професорката која се појави 2 секунди на испит и која ја исплјукав пред сите хахахахах. не сум точна нели, таа од срам ништо не ми рече а јас пак од тогаш уште 3 пати полагави и паѓав а накарај положив кај друг професор хахахаха.

Одговори

Return to “Секојдневие”