Леле колку ме нервира .....

Работи со кои се соочуваме во секојдневниот живот, а сакаме да ги споделиме

Moderator: Модератори

Mari G
Нов член
Нов член
Мислења: 98
Придружен: 20 Apr 2016, 16:05
Му се допанале: 97 пати
Им се допаднал: 79 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Mari G » 05 Jan 2017, 00:02

Смешко мој мил...И јас сум 100 пати навредена...дека ние живееме сами, нема кој да ни смета па сами си правиме проблеми. Најмногу поради хигиената.Јас во принцип сум педантна и тој секако, ама откако се роди малото немам време за ништо зш ретко доаѓа некој на помош,а тој си оди на работа и стално сум во хаос...Јас сум трпелива иако ме нервира кога се е распарталено, е тој кога дојде од раб. уште од влегување од врата почнува да бамба... е веќе сум алергична на неговите зборови...Како сум гадна, неспособна, како изминатите години не било така, си било се како што треба, по цел ден сум седела, сум чистела само кога треба да ни доаѓат гости, како тој ми ги работел домашните работи..Па кусо да е таква помош..Бог да чува и брани. Како по цел ден се седи со бебе? Неможам да му докажам на тој тврдоглав човеќ...Многупати си помислувам да збришам со децава и да не не види никогаш повеќе, но си велам ајде ќе помине ќе порасне и малото слатко бебенце и се ќе си дојде на свое место. (grupna-gushka)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Peperutka » 05 Jan 2017, 21:12

Смешко,од постовите јас можам да приметам дека не си почитувана и прифатена во таа куќа. Помагаш на сите, се грижиш за сите, обврски со дете,обврски во куќата,на сите да помогнеш и натстоиш а што добиваш? Дали ти помагаат околу детето,дали ти го почитуваат трудот?
Ти си единствено женско во куќата така? Треба да го ценат тоа што го работиш,покрај обврските со ќеркичката.
Кит кет како што вели и во право е, никој не го работи тоа што ти го работиш,Мачето исто е во право,никој мајка не го родил за да трпи и да биде жртва.
Барај го решението Смешко,со разговор со сопругот,решете ги сите работи,отворете ги сите карти.НедајБоже да ги загубиш нервите и здравјето,џабе е се после!
Тм ако те почитува и неговите ќе те почитуваат а ако не,нема.
Бремена жена не треба да трпи такви работи,и второто дете ќе дојде на свет,со две мали дечиња уште потешко ќе ти биде да ги извршиш другите обврски дома и на деверот и свекорот.
Те (big-hug) и известувај не до каде е ситуацијата (big-hug)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by SMESKO » 06 Jan 2017, 09:33

Сите зборови држат место Пеперутка,не сум ни почитувана ниту прифатена ,бев морам да признаам се додека климкав со главата и за се се согласував,никогаш не дојде ред да речам не за нешто колку и да неможев да го направам.Но кога за прв пат бев навредена од страна на свекор ми со зборовите ти треба да се лечиш,тоа што го изгубе бебето има влијание на твоето психичко здравје ти треба да се лечиш,кога бев наречена дека толку сум имала во тиквата,и кога му ре4е на мм дека никогаш во животот тие не се карале како сега(откако сум дошла јас во куќава почнале кавгите),кога ни рече џенем да фатиме кај сакаме да одиме(на мм,мене и Д),јас престанав да климкам со главата и да бидам послушна како и дотогаш.Научени од мајка ми дека постари се почитуваат и во друга куќа кога ќе одиме треба да почитуваме на највисоко ниво ми се тресна од глава таквото воспитување.
Да не зборувам кога се роде Д и прв се истрча да ми тресне дека Д била предвреме родена јас сум била крива и којзнае уште што не,а после не признава дека ми рекол,јас секако сум за в болница па нормално е да зборувам што треба и не треба нели (confus) А да не зборувам исто за помошта околу Д,таа не ни знае како се вика тој,ниту ја зел некогаш да ја прошета како дедо,туку дојди кај дедо да си легниме,епа дете е само ќе лежи.Никаква помош немам од никого од нивна страна,помошта е од страната на мајка ми и татко ми кои никогаш до сега не ме имаат вратено за чување на Д,колку и да се зафатени со нивни обврски тие ќе ја земат.Е и тоа им се враќа на глава за да бидат навредени и не испочитувани од сватовите демек.Мм го нарече татко ми лангур дека дошол на роденденот на Д да ја види,не требало.Е ама тоа му е културата која му ја дал татко му ,и после јас не требало да го учам свекор ми како се сакале деца.

Е сега јас сум поинаква од што бев и затоа сега уште повеќе не чинам,и гајле ми е за нив каква сум,битно ми е што мм е наивен и верува на неговите зборови наместо да ги преиспита истите и да се стави во мисла за све што ќе кажи.Тој за нив е Бог,што не смее да се навреди,не смее да му се ре4и нешто лошо.Ама ќе се сменат работите јас сум решена,и тогаш ако биде како ние двајцата сакаме ќе останеме она што сме,а ако не јас неможам да живеам со трета личност измеѓу нас и кој ќе го командува мојот брак,подобро сама газда на душата отколку цел живот роб.

Животот сум го живеела поштено и несакам некој тоа да го злоупотребува и да ме потчинува,нели кога повеќе си искусна за наекои работи знаеш и како да се поставиш од почеток ама јас со мојата 20 година што дојдов да му ги чувам бабата и дедото на мм,истите татко и мајка на свекор ми не сум знаела ништо.Навистина излегов дека сум проста,ама нека Бог гледа и враќа за све.Тој нека е со мене друго и не ми треба.

Од време на време ќе ве известувам како сме,Фала многу што ме мислите и што ми делите совети кои ми значат.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Lejla7 » 07 Jan 2017, 16:02

Сaмo ќе те гушнaм силнo (big-hug)

Girl23
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 21 Dec 2015, 19:04
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Girl23 » 09 Jan 2017, 21:35

Смешко мила кај секој постојат проблеми и секој период со свои проблеми ние сме кратко време во брак бевме долги години во врска но во врската се беше поинаку откако се земавме тој не е сменет 100% туку 100000% не смеам да одам кај мајка ми многу ретко или со него или свекрвами замислите на божик сите одат кај своите најблиски јас денес на пола саат и тоа тој намрштен налутен. Инаку од моите најблиски никој не вреди никој не ги сака а претходно со сите знаеше да направи муабет само мајка му и сестра му друг никој јас како да не постоам а ако очекуваме бебе ве молам за совет ке испукам сакав да си одам кај мајка ми бидејки оваа не де трпи како да го сменам малку (big-hug)

Girl23
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 21 Dec 2015, 19:04
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Girl23 » 19 Jan 2017, 21:28

И јас пак да си напишам немам на кој да кажам ние сме кратко време во брак а имавме долга врска мојот мм ако е 5 дена супер 5 дена е како побркан се му смета од кај мене мајка ми демек ми правела буцки а таа кутрата ништо не ми рекла постојано ми вели да се сложуваш да не се караш и не ме пушта да одам кај неа ни па кај некоа роднина или пријателка доколку јас гледам на секој можен начин да му погодам и него и на мајка му него му значат само мајка му и сестра му а од кај мене никој а јас неможам да се завртам и да бидам како него а сакам да почнам но неможам многу пати се имаме скарано за без врска поради тоа што не ме пушта кај мајка ми и ме има изнаврегано премногу ми рече само поради бебето ме трпел инаку ке ме сокршел не одам нигде на работа а тој работи и со парите располага мајка му јас сум никоја и ништо верувајте ми многу ми е лошо и тешко и сакам да си одам а седам поради бебето незнам што да правам ве молам дајте ми некој совет со овие нербози ме стра да не му се случи нешто на бебето

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Peperutka » 29 Jan 2017, 23:42

Girl јас дури сега постов го гледам.
Жалосно е тоа што го поминуваш и трпиш и тоа бремена (sneeky) Очигледно е дека си мажена за погрешен човек и живееш со многу погрешни луѓе. Толку вложуваш,гледаш да угодиш а ништо добро не ти се враќа. Сопругот ти ги скратил сите права кои ти како жена (па и како човек ) треба да ги имаш.
Викаш долго време сте биле во врска,зарем не си го проценила или пак вешто глумел (confus)
Проблемите нема да изчезнат кога бебето ќе се роди затоа разговарај со сопругот .Отвори ги сите карти и решете го тоа што треба да се реши,најмногу за иднината на Вашето бебе.
Поздрав и пиши што си направила.

Girl23
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 21 Dec 2015, 19:04
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Girl23 » 01 Feb 2017, 22:50

Пеперутка додека бевме во врска се беше поинаку со сите од кај мене знаеше да си поразговара а сега е многу крут злобен себичен дури неможам да го поднесам сега ми вика сум била мажена не било исто требало да ги заборавам тие луге многу пати му имам кажано дека дали би му било убаво и јас со неговите да се понашам така и секако имам разговарано и незнам неможам да му докажам тој само разговара убаво со мајка му со сестра му тие само му одговараат за се се консултира со нив и ние доколку се потскараме тој одма ги известува и незнам како да постапам верубајте ми се скренав мака ми е само за бебето дали од што се нервирам 20 недела сум сеуште не сум го почуствувала движењето ве молам за совет

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by SMESKO » 10 Feb 2017, 12:55

Оф леле Гирл секој со својата мака,каде поголема каде помала (bu) Знам точно како ти е,како се осеќаш и неможеш да се помириш со тоа дека скоро сите работи кои се ги правела веќе неможиш.Таа доминација убива значи,ама совет јас неможам да ти дадам не сум соодветен човек за тоа зш и јас се соочувам со некои проблеми кои ни јас самата неможам да си ги решам.И најдобро е да правиш како ти што мислиш,но кога си со ладна глава кога сите бубачки се на нозе ниту се размислува како што треба ниту постапките ќе бидат правилни.Те (big-hug) силно,гали меше и уживај во овој период најсладок е (love5)

Girl23
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 21 Dec 2015, 19:04
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Леле колку ме нервира .....

Post by Girl23 » 12 Feb 2017, 23:16

Гледам да не се нервирам но понекогаш не се издржува за се на второ место јас незнам како би го продолжиле животот понатака со вакви нервози и зошто сум се нервирала ако му се случело нешто на бебето ке ме отепал чудни чудни случувања кога сме сами се е во ред но пред неговите сака да се докаже дела тој е главен па макар и пред моите само ме прокудува за нешто па и може да ми се издери а моите да нема проблеми само молчат да му погодат на зетот а тој само неговите и друг никој никакво понашање

Одговори

Return to “Секојдневие”