Мобинг

Работи со кои се соочуваме во секојдневниот живот, а сакаме да ги споделиме

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Мобинг

Post by Peperutka » 11 Dec 2010, 18:31

Дали сте жртви на мобинг?Ако сте како се справувате со истиот?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Мобинг

Post by Debora » 21 Dec 2010, 15:18

Отворена е канцеларија за борба против мобинг.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/12 ... tiv-mobing
Не знам како ќе оди тоа во пракса со приватните фирми. Мобингот е за жал широко присутен во нашава земја.
Сум се соочила со него, за жал.

aneta
Нов член
Нов член
Мислења: 61
Придружен: 06 Nov 2010, 14:47
Им се допаднал: 1 time

Re: Мобинг

Post by aneta » 21 Dec 2010, 15:30

Debora wrote:Отворена е канцеларија за борба против мобинг.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/12 ... tiv-mobing
Не знам како ќе оди тоа во пракса со приватните фирми. Мобингот е за жал широко присутен во нашава земја.
Сум се соочила со него, за жал.
Приватни фирми?! А што мислите како е во јавните органи/органи на државна управа? Кога секој си ги лечи комплексите на вас....кој не искусил незнае. Мобингот предизвикува стрес кој страшно го нарушува здравјето и тешко е после човек да се опорави.Искрено никому не му посакувам тоа да го доживее. За жал кај нас сите ќутат и сите се плашат и многу тешко се докажува тоа.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Мобинг

Post by ripcence » 01 Oct 2013, 00:36

Работам во приватна фирма, пред извесен период бев изложена на психички мобинг.
"...За психичко вознемирување, според законот, се смета секое дејство на поединец или група кое се повторува неколку пати, а има за цел или задача да изврши штета на интегритетот, достоинството, угледот и честа на поединецот да предизвика чувства на страв, непријатност или да предизвика оштетување на менталното или физичкото здравје на поединецот да ја компромитира неговата професионална иднина и на крај да го натера поединецот да ја напушти работната организација..."

Нема да образложувам што и како, не е важно веќе, занчи се обратив на официјаланата страна за мобинг во контакт, до денес немам добиено никаков одговор, се обратив исто така на еден од директорите во фирмата кој е задолжен за таа работа, исто така одговор не добив.
Муабетот ми беше дека тепаниот пак ќе биде тепан, е*анио пак ќе биде е*ан... ништо од ова со мобингов. Ако ти одговара седи под овие услови ако не оди си чекаат стотици да бидат запослени.

Одговори

Return to “Секојдневие”