Трудници ајде на кафе и муабет

Нашите постари теми

Moderator: Модератори

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Petra » 05 Mar 2013, 16:13

Здраво трудници! (smile) (kup)
Ќе отвориме нова тема труднички кафе муабети. На старата тема доста муабети се изнапишани, добро би било да започнеме нова. Нека оваа тема биде исполнета со прекрасни настани, лесни бремености, многуууууу љубов и почит.
Во старата тема се водеа дискусии кои требаше да бидат во соодветните теми на форумот.
Особено ќе се внимава на прегледноста на форумот.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Petra » 05 Mar 2013, 16:14

Ќе почестам една наполитана, моја омилена. Повелете трудници. (kup)
http://s15.postimage.org/z86wwm87f/tor.jpg

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Fiona » 05 Mar 2013, 16:26

И јас Чим видов 100 страни на старата тема ,одма помислив ни треба освежување (laugh1)
Фала ти Петра и за благцето и за новата тема (smile) (a2)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Debora » 05 Mar 2013, 16:35

Петра ако овака се расфрлаш со наполитани, ќе се префрлиме сите тука. (laugh1)

Само сакам да ви посакам убави бремености на сите и следните 100 страни да ги исполните само со убави вести и пофалби. (bu)
(party) (party) (party)

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Herra » 05 Mar 2013, 17:00

Прво да ви посакам милички да се редат многу многу позитивни и весели постови во новава тема, да си имаме труднички кафе муабети како и досега, многу дружење и убави моменти (bu) Искрено незнам зашто имаше потреба од затварањето на претходната тема и отварање на иста но модераторите сигурно знаат подобро од мене, искрено мене повеќе ми одговараше тема каде што континуирано си ги следиме нашите труднички кафе муабети ама добро. Имам уште една забелешка поврзана со ткм и соодветноста на постовите во истата. Не гледам за проблем ако некоја од нас го споделила својот ден во темава и патем постави по некое прашање во врска со димери, некакви испитувања и сл., сепак е тоа нешто поврзано со бременоста и многу е полесно да се постават неколку прашања на темава, место каде што постојано е посетено од трудниците за разлика од многу други теми, место каде што најбрзо ќе добиеме одговор на тоа што не мачи и каде што имаме чуство дека некој ни ги чита постовите и одговара на време. Сепак е тоа некој муабет кој исто би си го направила и со пријателка на кафе и немора конкретно да биде поврзан со некоја тема или пак да содржи повеќе теми во едно. Не ме разбирајте погрешно, само сакам да ја нагласам важноста и посетеноста на оваа тема за трудниците, да не речете одма сум почнала со негативни коментари (tongue)

Поздравче до сите (kup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Debora » 05 Mar 2013, 17:10

Herra јас ве разбирам дека ви е полесно се да оди на куп. По таа логика, треба да оставиме една тема сваштара и се да оди таму.
Форумов си има правила, како и секаде и треба да се почитуваат.
Веќе нема да се расправаме за ова.

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Herra » 05 Mar 2013, 17:23

Дебора никој не спомна за непочитување на правилата, да исто и јас сметам дека треба да се почитуваат меѓутоа тоа се теми на општи муабети и не гледам проблем ако некој нешто пишал во таква тема со цел за побрзо да добие одговор или од незнаење и сл. Сепак ако не си пишуваме таму тоа што во тој момент е за нас битно, што би пишувале во таа тема? Здраво, чао? Ми фали темата, таква каква што беше, со 100 страници, понекогаш расеана со се и сешто ама место каде што си го споделувавме она што во тој момент од душата ни доаѓаше, континуирано си ја пратеевме сите големи и мали мешковци (cry1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Debora » 05 Mar 2013, 17:30

Еве ги правилата, ќе ги почитуваме.
Admin wrote:1. Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на нивните автори, а не на администраторите на форумот.
2. Не е дозволена употреба на материјали, кои ги прекршуваат заштитените права.
3. Никовите - имињата кои се регистрираат при зачленувањето, нека бидат на латиница.
4. Препорачливо е на форумот да се пишува на кирилица.
5. Забрането е форумот да се употребува како средство за рекламирање.
6. Забрането е линкување до други сајтови, со цел нивна реклама.
7. Забранета употреба на материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
8. Забранета е употреба на навредливи и омаловажувачки изрази. Целта е да успееме да постигнеме пријатна атмосфера, во која ќе има почитување кон сите челнови.
9. Пред да отворите нова тема, Ве молиме со помош на пребарувачот погледнете дали веќе има таква тема.
10. Ве молиме да се придржувате до содржината на темата. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока можат да бидат избришани или префрлени во друга тема.
11. Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Sashka » 05 Mar 2013, 17:31

Еве ме и мене во новата тема (smile) Петра, со наполитанава ќе не намамиш сите (smile) .
Кога сме кај темите,јас мислам дека е многу подобро овде да се водат секојдневни муабети, а испитувања и слично да си оди во соодветната тема. И не разбирам зошто некој би ја читал оваа тема а другите не и дека тука попрво треба да одговори отколку во соодветната тема? Ако имам некакво искуство, ако некој праша нешто , се разбира дека ќе му одговорам. И јас сум нашла еден куп одговори затоа што сум барала во соодветната тема, а ако таква не постои тогаш секој може да ја отвори. Ако се се трупа во една тема, никој нема да може да се снајде низ неа. Треба да размислуваме дека она што ќе го споделиме можеби ќе биде од голема помош за некоја идна трудница, како што нас ни се од помош постовите од претходните мешковци (t3) . Значи ако сите ги почитуваме правилата, се ќе биде многу едноставно (thumbup). Всушност, сите форуми функционираат така. А старата тема си постои,никој не ја избришал...

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Трудници ајде на кафе и муабет

Post by Herra » 05 Mar 2013, 17:42

Сашка не е муабетот да не се коментира во соодветните теми, него еве и ти самата ќе видиш дека во текот на бременоста оваа тема ќе ти биде најпосетувана и мноооогу пати случајно или не ќе застраниш и ќе напишеш нешто што можеби припаѓа на друго место. А за да се одговори во соодветна тема, треба да е последна па некој случајно да види дека таму пишале, а дека конкретно некој ги чита сите теми по ред дали некој пишал нешто за да одговори, сигурна сум дека не е така, најпрегледни се темите каде што постојано се пишува а и никој не брани постот ако е крајно погрешен да се премести во друга тема или да се даде одговор во соодветната. Како и да е, не сум во право по се исгледа, само кажав она што за мене не е прекршување на правилата доколку во општа тема се напишат општи муабети кои можеби припаѓаат во друга тема или повеќе теми истовремено.

Заклучена

Return to “Архива”