ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Нашите постари теми

Moderator: Модератори

Заклучена
SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1420
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by SMESKO » 31 May 2014, 08:26

Боже благослови ги сите жени,
Милослив Боже биди со нас и во добро и во зло,
Ти се молиме тебе за спасение на нашите души,
за простување на нашите гревови,
за исполнување на нашите желби,
за благосостојба насекаде,
за повесели и насмеани лица,
за радост и жар во срцата,
за единствената најголема желба на секоја жена,
да добие здрав и жив пород.
Секогаш и во вечни векови АМИН
Овој месец се надевам на најмногу насмевки и среќа на лицата на оние кои ќе се запишете на списокот а и на оние кои нема да се запишат.Ви посакувам од се срце вашата најголема желба да стане ваша животна реалност.Ве (kup) и овој месец нека се полни само со (t3) (t3) (t3)

http://s28.postimg.org/uxcct5snx/146329 ... 3575_n.jpg

На сите по едно вакво в кревет ви посакувам (joy) (joy) (joy)

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by RedRose30 » 31 May 2014, 08:44

Смешко прекрасно отварање на темата. Да ни ги благослови БОГ утробите на сите што очекуваме бременост, на тие што веќе се бремени и на сите што си имаат дечиња, да им се живи и здрави.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11049
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5844 пати
Им се допаднал: 3573 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by Debora » 31 May 2014, 09:02

Смешко ме разнежи. (big-hug)
АМИН!! Така да биде!!! Бог нека ги благослови утробите на тие што очекуваат бременост и нека ги чува мешињата и бебињата на тие што веќе ги имаат!!! Месецов да изобилува со радост, Божји чуда и Слава!!!

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by Lena_nela » 31 May 2014, 09:26

Смешко многу убаво ја отвори оваа тема,јас на твоите зборови и молитви ке ставам само АМИН (prayer)
Дај боже овој месец сите што ке се запишат да си ги дочекаат своите две цртки bfp bfp bfp bfp
Еве јас прва ке се пишам иако немам мн надежи за овој месец,но атер убавите зборови и молитви на Смешко се запишувам (thumbsup)


Lena_nela -07.06

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by sweety » 31 May 2014, 10:45

Смешко многу убаво отварање на темата АМИН АМИН АМИН , во јуни го запознав мм во јуни правевме свадба и си посакувам токму овој месец да си ги видам двете цртички се запишувам за недобивање на 09.06

Lena_nela 07.06
*sweety* 09.06

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by mamigabi » 31 May 2014, 11:25

И овој месец да донесе многу многу трудници, да срадува многу срца,да стоплли многу домови, Смешко убава тема

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by Vesela » 31 May 2014, 12:04

Девојки, пред девет години Јуни беше најубавиот месец во мојот живот,месец кога е зачнат синко. Дај Боже ова да биде најплоден месец. (big-hug)

b bebe
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 11 Mar 2013, 18:45
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by b bebe » 31 May 2014, 13:18

devojki jas ovoj mesec pred edna godina gi vidov moite dve crti i navistina e magicen i veruvam vo toa, znam deka ovoj mesec ke ima mnogu prijaveni trudnici i radosti vo sekoe srce, neka e sreken i kaj vas

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 739 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by Filigran » 31 May 2014, 16:19

Смешко, браво (thumbsup) (thumbsup) (thumbsup)
Прекрасно ја отвори темата. Бог да ги слушне нашите молитви, да ги благослови утробите на сите жени, секоја да ја почувствува радоста која доаѓа со сознанието дека носи нов живот во себе, на сите жени кои веќе се благословени да им го зачува и заштити плодот, да се родат здрави и живи бебиња кои ќе ги израдуваат нивните родители. На оние жени пак кои веќе имаат дечиња да им ги заштити од секакво зло, нив и нивните родители. (prayer)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3254
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1729 пати

Re: ЈУНИ-Месец на летно зачнати бебиња

Post by kit-kat » 31 May 2014, 16:20

Убаво отварање на месец Смешко. Амин.
Во овој убав месец јуни го добив мојот син, мојата среќа мојот живот.
Се надевам дека за многу ќе биде среќен месец со благослов во мешето (bu)
Иако немам многу надеж сепак овој месец ќе имам две можности да се запишам.
Kit-kat- 05.06
Лена-нела-07.06
*sweet*-09.06
Среќно на сите (part)

Заклучена

Return to “Архива”