Хуманитарна есенска распродажба

Место за хуманитарни акции, помош и сл.

Moderator: Модератори

Одговори
anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Хуманитарна есенска распродажба

Post by anja » 09 Nov 2010, 10:59

Проектот „Дојди! Подари радост.“ претставува хуманитарна акција за прибирање на финансиски средства кои ќе се подарат на институции за згрижување на маргинализирани општествени групи, првенствено деца и младинци.
Главна активност во рамки на проектот ќе биде организирање на шопинг на донирани вредни предмети како облека, играчки, едукативни материјали, домашен инвентар и други потребни предмети за секојдневна употреба.
Земете учество во голем хуманитарен настан. Пронајдете се што имате дома а веќе не ви треба но, сметате дека може да му користи на некој друг и донесете го на еден од пунктовите на плоштад Македонија и ТЦ Бисер.

Термин за предавање на донации
06 и 07.11: од 11 до 15 часот
13 и 14.11: од 11 до 15 часот

Активирајте ја хуманоста во Вас и донирајте:
Облека, украсни предмети, играчки, книги, ЦД-а,
стари предмети, накит, спортска опрема или
предмети за домаќинство.

Целта е да се соберат финансиски средства за ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле и Универзитетската клиника за детски болести.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11021
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5797 пати
Им се допаднал: 3549 пати

Re: Хуманитарна есенска распродажба

Post by Debora » 18 Nov 2010, 10:23

Anja како помина, задоволни ли сте од акцијата?

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Хуманитарна есенска распродажба

Post by anja » 18 Nov 2010, 13:30

Да да се е супер, во сабота на плоштад е големата распродажба. (smile)

Одговори

Return to “Да помогнеме”