Фризура шминка и накит за свадба

Се што е поврзано со организирање на една свадба, веридба итн.

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Фризура шминка и накит за свадба

Post by Peperutka » 20 Nov 2010, 18:02

Кој Ве "подготви" за свадбата?

Gordana
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 24 Dec 2010, 11:13

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Gordana » 14 Mar 2011, 13:47

Jas za mojata svadba se sminkav kaj Dadar. TOTALNA UTKA. jas barav edno toj me nasminka kako sto toj sakase, isto ja nasminka i mojata starosvatica i prijatelka site tri so ista senka se isto. Voopsto ne bev zadovolna ni jas ni prijatelkite.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Peperutka » 14 Mar 2011, 16:22

Гордана добредојде на форумов,видов дека ова ти е прв пост (a2)
Дадар шминка премногу нападно што не е по сечиј вкус нели!Знам многу што се фалат од тоа како ги нашминкал но не ми се допаѓа што е премногу скап,на моја пријателка-матурантка и земал 4000ден за шминкање за матура :roll:
Јас за мојата свадба сама се нашминкав.Таква сум што имам СЕ од шминка и имам разбирање од шминкање така што немаше потреба дополнително да давам уште 1500 ден за шминкање.Косата ми ја направија на фризер а таа беше внатрешна плетенка долж цела глава а на крајот малку пуштена(што сметам дека погрешна фризура одбрав,имам виткана коса па подобро ќе ми стоеше пуштена)
Од накит си носев само светкави обетки а ланче и алки неможев бидејќи на рацете носев од тие долги ракавици на крајот украсени со чипка во вид на цвет(ми ги направија во салонот каде што ја шиев венчаницата) а корсетот одпозади и напред ми беше споен со лентичка исто чипка во облик на цвеќенца.

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Lady D » 14 Mar 2011, 16:44

И јас знам многу што не се задовлни од шминката на Дадар. За свадбата на еден роднина, братучедка ми се шминкаше кај него, и искрено не беше ништо посебно. Не беше нападно, напротив многу нежно, ама воопшто не вредеше за парите. Таа беше задоволна, но велеше дека и сама можела така да се нашминка.

Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Milly » 22 Mar 2011, 10:10

Мене ме шминкаа и фризираа во Ѓорче, мислам дека Биле се викаше девојчето, и навистина не зема ниту прескапо, а преубаво ме нашминка и ми ја направи косата, баш како што сакав :)

ivana28
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 30 Nov 2011, 15:46
Им се допаднал: 1 time

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by ivana28 » 15 Dec 2011, 10:40

Јас за свадбата си го носев златото што ми го подарија свекор ми и свекрва ми за веридбата.Се шминкав кај Владо Георгиев,а фризура кај Мики и Сашо ексклузив и бев презадоволна од целокупниот изглед.Шминката ми траеше цел ден а и фризурата не ми мрдна така да супер испадна се. (smile)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by belomorka » 10 Jun 2012, 09:39

Јас фризура ке си правам кај мојот фризер кај што одам веке 15 години во ВОГ. Ама незнам што ке правам со шминката. Мојата шминкерка која порано ме шникаше еднаш неделно преселена е во Добровник. И сега стварно незнма кај ке се шминкам. Она ме ми ја знаеше секоја пора на лицето и точно знаеше споре моето расположение како да ме нашминка. Мислам дека е незаменлива. (smile) . Ајде дајте предлог каде да се шминкам.

Ive(Ive)
Нов член
Нов член
Мислења: 29
Придружен: 01 Sep 2012, 01:13
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 3 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Ive(Ive) » 08 Sep 2012, 14:10

jas sminka i frizura pravev vo Gorce,kaj Meto.Prezadovolna sum od toa kako me nasminka i od frizurata.Inace vakva mi bese kosata a obetkite mi gi napravi najdobrata drugarka i drug nakit nemav.
http://www.deviantpics.com/images/xJEqc.jpg
Ne sakav da bidam jako nasminkana,sakav da izgledam prirodno i nezno,nemav ni vestacki trepki ;-)

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by Nadja » 24 Jan 2013, 16:21

Јас правев фризура и шминка во студио Венус (во Порта Влае). Веќе не работи. Задоволна бев и од фризурата и од шминката. Платив 2000 денари. Од накит на себе носев обетки од бело злато и златни прстени. Тие постојано ги носам на себе.

RainBow
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 23 Apr 2015, 17:21

Re: Фризура шминка и накит за свадба

Post by RainBow » 23 Apr 2015, 17:26

Здраво, јас сум нова така да добре ве најдов.
Ми треба фризерка за невестинска фризура, некоја во близина на буњаковец, или пак што доаѓа дома. И секако да не е скапо...Ама некој кој стварно си ја знае работата, да ме погоди и да не ми се распадне за 5 минути фризурата.

Одговори

Return to “Свадба”