Нема свадба???

Се што е поврзано со организирање на една свадба, веридба итн.

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Нема свадба???

Post by Peperutka » 17 Apr 2011, 20:44

Невестата не му дозволува на младоженецот да учествува во планирањето на свадбата

Во овој случај нештата тргнале лошо уште од самиот почеток. Вообичаено браковите во кои жената доминира во планирањето на „големиот ден “ траат многу кратко бидејќи партнерот се чувствува помалку вреден. Тие не се во состојба за заедничко донесување решенија.
Свекрвата зборува во името на зетот

Кога ќе се замеша мајката на младоженецот, ситуацијата станува навистина интересна бидејќи никој не може да го сака нејзиното „мало синче“ како што може таа. Одеднаш се излегува од контрола и венчавката не ја водат младите туку нивните родители.

Невестата троши половина од буџетот за свадбата на својот фустан

Свадбите се скапи манифестации и прашањата поврзани со парите може да бидат особено чувствителни. Кога невестата зад грб троши големи суми пари на фустан или пак на поскап цветен аранжман значи дека не ги почитува одлуките кои што ги донеле заедно со партнерот. Ниту оваа ситуација не верува добар брак.

Невстата полудува поради ергенската забава

Некои жени се подготвени да ја откажат венчавката ако нивниот младоженец реши да прави ергенска вечер со машко друштво во стриптиз клуб. Доколку жената не може да му верува на својот партнер пред бракот, што ќе се случи кога ќе станат маж и жена?

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Нема свадба???

Post by Lady D » 17 Apr 2011, 21:08

Па мислам дека 99 % од мажите оставаат на жените околу организацијата на свадбата. Кој маж би го интересирало дали цветниот аранжман е повеќе со гладиоли или повеќе со кали? (laugh1) Јас сакам мм да учесвува во организацијаа и секогаш го прашувам за мислење, ама секогаш го добивам истиот одговор - како ти сакаш, верувам во твојот вкус :) Така да мислам дека е нормано жената да доминира во организирањето на свадбата.

Свекрвата да зборува во името на зетот не ми се допаѓа, заради тоа што мислам дека доколку некој одлучил да стапи во брак, доволно е “голем“ и доволно созреан, па може да си зборува во негово име и да си ги каже неговите ставови и мислења.

За пола буџет од свадбата за фустан сметам дека е чиста глупост. Не е важно каква марка е или колку пари е, сигурно на фустанот нема и цената да ја пишува, поважно е да ти стои убаво. А можеш и во најефтиниот фустан да изгледаш прекрасно и преубаво.

Ергенска забава ми е глупост :) Особено одење во стриптиз барови и пијанчење до рани зори, заради тоа што - последен ден си слободен ерген, нема да имаш такви денови веќе. Многу ми е просто ваквото размислување, и лично не ми се допаѓаат ергенските забави. Не дека ќе му забранам на мм да има ергенска доколку сака, ама не ми се допаѓаат.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нема свадба???

Post by Debora » 17 Apr 2011, 21:44

Не за свадба бидејки не правевме, ама ако е нешто поврзано со цвеќиња и сл. и мм секогаш гледа да ми ги препушти работите мене, едноставно не се замара со такви работи и не го интересираат, па така му е и полесно. (laugh1) Мислам дека и мм нема да дискутира за кали или гладиоли, ќе ми рече: ти како сакаш. (rolll)
И јас мислам дека мажите повеќе си стојат на страна во организацијата на свадбата, бирањето на декорот итн.
А одење во стриптиз бар ми е тотално глупава, незрела и невкусна работа, со која се навредува жената. Нема тука што да му верувам или да не му верувам. (scared)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Нема свадба???

Post by belomorka » 10 Jun 2012, 09:46

Знаев дека сум вонконкуренција .хахаха. Мојот пак се меша сегде. зошто ова вака зошто ова онака, да не било ова малку, да не било она пренападно. ЛЕЛЕ ме полудува понекогаш. Ама тоа му е од "MAMA"
Ама јас "мама" јас решив за една минута. Се проба да ја води работата, ама бидејк ии реков те молам немој да ми газиш по нерви, кисело ми рече добор добро и ги испративме во странство на одмор. ке се вратат една недела пред свадбата. (rad) (rad) (rad)

MirjanaT
Нов член
Нов член
Мислења: 16
Придружен: 30 Jun 2012, 13:02
Им се допаднал: 3 пати

Re: Нема свадба???

Post by MirjanaT » 08 Sep 2012, 13:32

Nie ne pravevrme svadba samo vencavka so najbliskite ama ubavo bese ...

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Нема свадба???

Post by Nespretna » 08 Sep 2012, 15:10

(agr) Исто. А баш се чудев, си викам, зарем само ние не правевме свадба? До пред некоја година, кога бев и помлада и понезрела, ми беше криво што не сме правеле свадба и што јас не сум носела фустан како и секоја невеста, нели... А како мине времево, ама ИЧ не ми е криво, да ви кажам. Смтам дека тоа се залудно потрошени пари. Подобро би било да ги инвестираш во нешто, отколку да гледаш да погодиш на 300-400 гости за некои 5-6 саати.
Сум присуствувала на свадби, а бе на гас да паднеш... И по некоја година, па и месеци, ќе разбереш дека се развеле. Не е тоа мерило, но... Децааааа отворајте очи! (smile)

Одговори

Return to “Свадба”