Колку се сложувате со Вашите браќа и сестри?

Moderator: Модератори

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Колку се сложувате со Вашите браќа и сестри?

Post by Радост » 05 Sep 2013, 21:16

Имам две постари сестри и не можам да си го замислам животот без нив. Иако со едната сме баајги различни карактерно, си знаеме која на што треба да попушта и досега секогаш сме имале баланс иако на шала се си кажуваме. :)) Со најстарата сме ептен слични, па и без муабет најтешките периоди сме ги поминале, доволно е да седиме заедно и е подобро.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Колку се сложувате со Вашите браќа и сестри?

Post by Lejla7 » 06 Sep 2013, 09:12

Само ова ќе го кажам - ако не беше сестра ми не знам како ќе го преживеев спонтаниот и киретажата...толку сум благодарна што ја имам
Порано повеќе се дружев со другарките и пријателките, ама како што „стареам“ (smile) сестра ми ми е се повеќе најдобра пријателка, повеќе време минуваме заедно, и се можам да и кажам, што не е случај кај пријателствата

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Колку се сложувате со Вашите браќа и сестри?

Post by mamigabi » 06 Sep 2013, 09:47

Имам помали брат и сестра кој многу ги сакам, посебно со брат ми бев поврзана, секогаш се разбиравме за се........но, откако се омажив не знам што се случи, само ако имаат некоја потреба се јавуваат, посебно сестра ми која е мажена веке 5 години, како да ме заборави, само ја интересира дали нешто сум купила на нејзе и на внука ми, само се жали, само бараат нешто, мислам дека тоа е заради зетот за кого не сакам да коментирам колку голем психопат е....јас ги сакам најмногу на свет, држам баланс, но ме боли тоа што брат ми не се јавил да ме праша како сум, или нема кредит, или имал работа, мислам дека нема оправдување (sad1) (sad1) (sad1)

Одговори

Return to “Семејство”