Каков татко е вашиот сопруг?

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Каков татко е вашиот сопруг?

Post by Peperutka » 08 Oct 2013, 17:17

За мојот неможам да се пожалам,животот ќе го даде за К. (love5) (love5)
Дека му беше желба да има син,можете да го замислите,секој момент го користи да биде со него,да си поигра,да му збори,едноставно е премногу исполнет со К. (love5) (love5)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3254
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1729 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by kit-kat » 08 Oct 2013, 22:37

Убава тема (cl) наш форумски чувару. (love5)
Мм во глобала е принципиелен човек кој сака ред и хармонија.
Како татко е строг но со меко срце,а синко како расне тоа го осознава.Мм се труди за она старинското„Детето карај го со устата, љуби го со срцето„,но чувставата не можеш во рамка да ги затвориш.
Позитивно е што и тој како мене е константен,се знае што може кај него,а што не.Нема добивање со солзи или -мамо речи му на тато.И секогаш тато го има последниот збор,како и барање дозвола од него(се разбира тато во меѓувреме се договара со мама)бидејки јас сум по цел ден со синко и знам дали моѓе или смее нешто.На пр,да оди кај другар,ако има завршено домашни или да јаде благо,ако е ручан и сл.
Во целина ми се допаѓа мм како татко (smile)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by sunshine_2012 » 08 Oct 2013, 22:43

Слободно, можам да кажам дека мм е многу добар таткоа, и добар пример за моите синови. Ми помага околу децата и тоа многу.Од бебиња тој си ги бања и се уште си ги бања, им пее песнички и се моли за нив. Тој им чита книги и ги легнува во кревет, обавезно ги шета ( ги носи во парк) а и секој вторник и четврток ги води со него на пазар. си игра со нив, а кога беа малечки, бебиња и кога јас нема да можев да ги смирам тој е махер за смирување, ке ги ставе на градите и ке ги тапка по грпчето и одма заспиваа секое дете така помина со него. значи ги држеше, тој почнуваше да ги храни и кога Давид или Калеб ке имаат потреба он си ги хране, без проблем. Ги сака децата и го сака најдоброто за нив, и поминува време со секое дете посебно и заедно, на секое му го даде потребната љубов од него. А и ги дисциплинира тоа ми покажува дека навистина ги сака, и дека му е важжно да одгледаме деца кои ке бидат за благослов на опшеството, своите пријатели, своите сопруги и деца ( кога ке дојде денот за тоа). Го сакам и го ценам и почитувам како личност и татко на моите деца.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by ripcence » 09 Oct 2013, 00:48

Додека беа мали децава целата грижа околу нив беше моја, од хранење, шетање, бањање, воспитување, се разбира тука беше и тој како татко да ускокне во некои моменти, знаел понекогаш да ги земе на прошетка за да одморам ама тоа ептен ретко. Сега кога веќе се поголеми поголемиот дел од грижата е кај него во смисла на водење ред кој кога е на тренинг, музичко, курсеви, ги носи и ги зима, околу поребите за училиште и помагање во домашни е задолжен он. Значи јас сум негувателка тој е воспитувачка (laugh1) Се надоплнуваме околу насочувањето кон вистинскиот пат на децата, заедно решаваме за казните и наградите. Мислам дека одлично функционираме и дека добро сме ги воспитале до сега, секој си ја знае својата обврска и нема отстапки.
Најмногу ме нервира што знае понекогаш да избувне пред нив, да се скара со мене или со свеки или со девер ми, па децава посебно С мисли дека и тој треба така да се скара со баба му или со чичко му, ееее после тоа устава пена ми фаќа додека се објасниме.

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by Vesela » 09 Oct 2013, 10:18

Мислам дека е добар татко, прилично е авторитативен и строг ( за разлика од мене што синко ми е слабост), ама не му го рушам авторитетот пред синко, зошто тоа не е добро да синко. Иако навидидум понекогаш личи дека незнае да се снајде во улогата на татко, чинам дека за синко би изгинал и жив во оган би влегол.

SIMONA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 273
Придружен: 27 Nov 2012, 19:01
Му се допанале: 73 пати
Им се допаднал: 81 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by SIMONA » 17 Jan 2014, 20:29

Прекрасен...немам зборови
Каков што би сакало секое дете да има dance

melanija
Нов член
Нов член
Мислења: 77
Придружен: 16 Dec 2013, 20:33
Му се допанале: 28 пати
Им се допаднал: 30 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by melanija » 18 Jan 2014, 01:05

уфф да го испофам мм е навистина грижлив татко.. едно влегување дома и малите се како лепешки по него а и на него не му сметат ужива во игаењето со нив па така мама има време да подсреди по дома и некоја мин плус за разубавување, навечер сите заедно заспиваме, имам голема помош од мм не само со децата туку и со дел од потешките домашни обврски... има една детска песничка на син ми му е најомилена... тато е најдобар татко.. почнува а се вика кога се лути тато... (smile) (smile) тато со поглед го смирува а мама и да вика џабе и е (smile) (smile) (smile)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1420
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by SMESKO » 19 Mar 2016, 13:02

Хмм убава тема на која можат да се испофалат мажите,но во мојот случај не е така.
Ми помагаше кога Д беше бебезначи некаде до кај 2 месеци после јас си ја превзедов цела грижа околу неа.Морам да го спомнам и фактот дека свекор ми секогаш кога ќе ми помогнеше мм ќе велеше не се надевав дека олку ќе ти помага во нашето време не беше вака,и мм престана да помага.Дури неможам да заборавам кога ме оставе со Д кога имаше 4 месеци и си излезе на ве4ера со брат му а јас останав да мијам садови зш претходно имавме гости,средување,местење на кревет(на лето спиеме спална а на зима сме кај што доаѓаат гости),и не заклуче клучот го забораве во него и јас преку прозор морав да скокам(пазете со царски)да земам дрва (ner) (ner) (ner) УЖАС.

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Каков татко е вашиот сопруг?

Post by Maceto » 24 Mar 2016, 00:15

Мм обожава деца и сите деца го сакаат него dance За В животот би го дал не дава прашинка да падне на неа,дури го карам понекогаш (laugh1) Има душа огромна,ми помага со неа,дома чистиме и готвиме заедно,шетаме секогаш заедно а сега кога е веќе поголема В и сам ја чува,јас кога излегувам со другарки,ја рани,заспива,понекогаш заглавуваме доцна на диско и тој со В на спална си спијат (joy) јас едвај има кај да легнам (laugh1) Кога доаѓа од работа таа ќе прсне од среќа незнае што да направи кога ќе го види (love5) Кога беше малечка до кај 4-5 месец го беше страв сам да ја чува повеќе од 1-2 часа,а сега и по цели денови и ноќи се чуваат.Слободно се ослонувам на него и многу ми значи подршката што ми ја дава секогаш за се во животот.Али В му е пред сите,како и на секој татко (brows) И неговите родители нон стоп му кажуваат дека треба да се грижи за нас цел живот (beer)

Одговори

Return to “Брак”