Како се надополнувате со мажите

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Како се надополнувате со мажите

Post by Debora » 16 Oct 2013, 17:06

Ајде малку поведра тема, да ги исфалиме, доста ги кудевме. (rolll)
Еве јас немам смисла за практичните работи, како навреме плаќање сметки, средување на интернетот и компјутерите (а тоа е ептен важно (rolll) ) , не сакам да пазарам за разлика од него и уште ако не е он ќе ми стои ѓубрето нефрлено - не знам оти, ама таа работа ич не ми текнува да ја направам. (scared)
Друго многу повеќе летам од него, он е поприземен од мене, да беше се по мое кој знае на кој дел од земјинава топка ќе бевме, веројатно ќе бевме скитници (rolll) а многу ми е мило што не е така. (rad)
Ова е за почеток, продолжете со тоа што ви текува. (thumbsup)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Како се надополнувате со мажите

Post by kit-kat » 16 Oct 2013, 18:22

Ние сме скоро 18 години заедно(по 9 во врска и брак)и нормално знаеме како дишеме.
Кај нас јас сум поприземјена,помирна и онаа која во (ner) молчи и смирува.
Напротив мм е избувлив,брз,кажува работи што не ги мисли,но за 3 минути му поминува.
Ама е многу реален,домаќин и го бива за многу работи (love5)

NadicaG

Re: Како се надополнувате со мажите

Post by NadicaG » 16 Oct 2013, 22:55

jas da si spodelam ,kako se nadopolnuvame (smile)
vo pocetokot mi bese mnogu tesko,bese period na isceluvanje i bese mnogu naporno i bavno,sekogas e polesno da gradis nova kuka,otkolku starata da ja rusis i na stari urnatini da gradis nesto novo,no ne e nevozmozno (smile) .Sega znam da ne me spoese Bog so mm ,jas nikogas povtorno nemase da se mazam,barem ne vo Makedonija.Mislam strasno mi smeta toj nekoj balkanski skript na maz,sto vo sustina e patologija,se nadevam se menuva toa (smile) .Mnogu mi se dopaga kaj mm sto mozam da razgovaram bez rakavici,bez taktiki i bea nekoi igri,sto e tipicna strategija vo makedonskite brakovi,sto ne deli maski zenski raboti,bez problem spruzira alista bez razlika kako go gledale komsikite i sto najbitni sme si nie,ne sto mislat drugite,sto mozime na trotoar,na najfrekfenten bulevar da izigrame edno tango (smile)
toa sto sum rasteretena od plakanje smetki ,od frlanje gubre ,od kupuvanje toalet,sjaj,pustanje masina za perenje,koga si doagame od odmor toj ne rastovaruva i raskreva,mislam najbitno mi e sto nemam pritisok za nekokov makedonski skript sto e domakinka,mislam mi se losi od toj tip na mazi sto im e bitna formata,ne sustinata na poimot domakinka.Mi se dopaga sto mozime da kreirame nasa originalna forma na odnos na relacija,tolku razlicna od site ostanati,sto ja neguvame taa originalnost i sto ne sakame vo nekoja ramka da ja stavime,sekoj den sme otvoreni za novi iskustva i razvivanje na nasiot odnos vo Bog.Jas go nadopolnuvam vo razvojot na negovata originalnost,pred se vo negovata emocionalnost,toj me nadopolnuva sto mi pruza sigurnost,kako kotva na mojot zivot,predhodno ne mozev da si go otkrijam moeto mesto pod sonceto (smile)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Како се надополнувате со мажите

Post by belomorka » 17 Oct 2013, 07:37

вака за разлика од мене која сум многу активна мм е многу пасивен. тоа на почетокот ме нервивраш но сега многу ми помага, многу е толералнтен и кога сум нервозна напната и тажна, само со еден поглед ми влева спокој. сака да сум расположена и да немислам на тоа што ми се случува. кога одам со мајками на лекар ми се јавува по 10 пати да праша што е какое што многу ми значи. моите ги почитува премногу, на таткоми му ги исполнува сите желби (ататкоми многу е досаден , тој кога сака нешто сите треба да му прават кеиф) а мм баш тоа го прави, што за мене неможе да се каже во однос на неговите, јас до толку неможам да ги тинтрам. некогаш многу ме нервира но кога ке се скараме имам грутка во желудникот а кога ке се смириме одма ми олеснува.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Како се надополнувате со мажите

Post by sweety » 28 Jan 2015, 20:09

Ха ха интересна тема, бидејчи тој работи а јас сум невработена јас ги работам домашните работи, а за викенд мн сака да ми се меша во кујна се знае и тоа на почетокот ме нервираше а сега се навикнав дури и кога нешто сака да сработи во кујна го оставам па штом сакаш - повели, на пр. сега за Бадник и тој вмеша прсти во мотање сарма (rolll) он е посмирен а јас зборувам повеќе, често се лутам и за минутка ми помине а тој потешко се лути ама и потешко му мине (laugh1) и така се надополнуваме , мн сакам што се разбира во многу работи не е само да се залепи за тв и пола саат да го молиш нешто да сработи три пати да отиде до продавница не го мрзи ке оди (rolll) има многу за пишуавање доста е (bu)

Одговори

Return to “Брак”