Дојде крајот

Moderator: Модератори

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дојде крајот

Post by JasminaJN » 18 Oct 2011, 13:10

Душичке мила.Мн ми е тешко што поминуваш низ сето ова, Но штом ја имаш поддршката од твоето семејство и пријатели полесно е.Старите викаат секое лошо за добро.Крени глава горе, мисли на бебето, да знеш дека тоа ја осеќа сета болка и мака која ја трпиш.За него пробај да си силна ако неможеш за себе. Во некој од постоите Марина таа ти имаше пишано дека е убаво грдите муабети на диктафон имли мобилен да ги снимиш да имаш доказ за суд.И одма продожи со судската постапка. Знам дека е полесно да се каже одколку да се направи но мораш да бидеш силна. Сега ти треба сила за бебето, ќе видиш кога ќе се породиш тоа е најголемото богатство и од него ќе ја црпиш сета енергија.Главата горе.Ти ја пожелувам целата среќа. (a2) (a2) (a2)

bebence23
Нов член
Нов член
Мислења: 12
Придружен: 04 Oct 2011, 21:38

Re: Дојде крајот

Post by bebence23 » 27 Oct 2011, 14:36

Neznam ni samata kade e krajot na ovaa prokleta umorna situacija... nemam veke sila da se raspavam da se boram protiv takov los narod kako da se boram so demoni ,eden den ke kaze "ne te sakam" ubavo mi e vaka si izleguvam si setam podnesi razvod i toa se slucuva pred nekoj den i utresniot den se budam so poraka "kazi i na tvoite ako sakaat da se javaat na moite da razgovaraat samo taka moze da bideme zaedno i ne sakam sin mi da zivee ni bez tatko ili bez majka " a pred taa vecer me pravese od gomno podolu kako da sum svatila ne me sakal ,sum trebala da polzam po zemnja prvo kaj negovite ako sakam da dojdam do nego :S se iznacivme i jas i moite roditeli .....Neznam sto da pravam veke imam uste nepolni 2 nedeli do poraganjeto (ner)

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дојде крајот

Post by JasminaJN » 27 Oct 2011, 23:56

Бебенце смирено во овие мигови.Породисе п аќе ти спласнат хормоните, па со ладна глава ќе си мислиш. Но да знаеш Србите велат:ВУК ДЛАКУ МЕЊА, АЛ ЧУД НИКАД.
Со среќа (a2)

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Дојде крајот

Post by Marina » 28 Oct 2011, 00:43

bebence moj sovet,ja kako bi napravila:otidi kaj tvoite ili kaj nekoi prijateli doma.ne mu kazuvaj kaj si,iskluci telefonot,ne otvaraj internet ,ne se prasuvaj kakvo li raspolozeni ima denes,ke me saka ili sto ke pravi.fokusiraj si se na poragjajot,vezbaj si disenje,meditiraj,odmaraj,napolni si kada (nema da smees 6-8 nedeli posle poragjaj,mene toa mnogu mi falese).gledaj si filmcinja (komedii po moznost (thumbup) ) i probaj da ne mislis na nego.znam deka ti izgleda nevozmozno ama sekoj ja ima sposobnosta da si gi kontrolira mislite-koga ke primetis deka pocnuvas da se sekiras kazi si stop,nema vaka vekje,ke si opustam i mislam na nesto drugo.na bilo sto,na cvekjinja ako ne ti teknuva nesto drugo.nema smisla vekje da rabotis na toj brak,i da mu prostis i da se vratis ,nikogas nema da zaboravis niz sto si pominala vo posledniot mesec vo bremenosta,veruvaj mi!takov mal covek so mala dusa ne ti treba,ni na tebe kako maz,ni na bebush kako tatko.ti prakjam mnogu najmnogu sila da go prebrodis periodov,i edna misla sto ja procitav denes-zenite se kako kesicki caj-nikogas ne znaes kolku se jaki,se do momentot koga ke gi stavis vo zeska voda (Elenor Ruzvelt)

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Дојде крајот

Post by Lady D » 28 Oct 2011, 00:49

Бебенце во право е Јасмина во врска со српската поговорка!
Јас сметам сега да не се замараш со ништо, и да не обрнуваш внимание на никого. Посвети се на себе и на твоето бебче овие две неполни недели, за се’ да биде во најдобар ред. Одморај, релаксирај се, спремај се за во болница, едноставно сега тоа треба да ти е на прво место! Јас мислам дека и твојот сопруг и сите околу тебе треба да го знаат тоа и да не те нервираат барем сега на крајот од бременоста! Во право е Јасмина дека со ладна глава поубаво се размислува.
Понатаму што ќе правиш треба ти да одлучиш без разлика кои совети ќе ги добиеш од наша страна и од тие што се околу тебе. Сепак ти ќе живееш со тој човек! Многу нестабилна личност... Како во забавиште децата “ајде ќе си играме еве ти ги моите играчки и после 5 минути, ааа не врати ми ги, не сакам да си играм, не те сакам“...

bebence23
Нов член
Нов член
Мислења: 12
Придружен: 04 Oct 2011, 21:38

Re: Дојде крајот

Post by bebence23 » 28 Oct 2011, 23:20

hahah neznam uste kolku vreme ke mozam da gi trpam negovite gluposti.Sednav razgovarav so moite i tie pak sto planiras ,sto toj planira pak so ubavo so arno ,i mi rekoa da go pobaram go pobarav i go prasuvam sto planiras sto znacese porakata moite da sredat veli mn e jasna porakata jas nisto nemozam da storam so moite pa zatoa ja pisav porakata i jas mu velam epa kako ako nemozes ti ke storat moite ...i samo mi rece dosta mi e tvojta filozofija ostavime da spijam posle izleguvam :D (laugh1) ,i bev jasen so porakata ,ili da pocekame da se rodi bebeto (thumbsup) hahhaha i jas si otvoreno napraiv muabet so moite roditeli deka vaka ne odi i deka e podobro da se otpocne procedurata i mu pisav poraka deka dovolno bese sve podobro e da se stavi kraj zosto on iskreno e p...a i nema sansi nikogas znaci da zastane na svoi noze OMG ..... i mu rekov ako sakas ti da bides so tvoeto bebe kako sto velis i ako sakas da raste so nas dvajcata stori ti nesto ....NeMOZAM POVEKEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEE (ner) (ner) (ner) (ner)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Дојде крајот

Post by Peperutka » 29 Oct 2011, 13:11

Бебенце23 очигледно е дека ти немаш никаква иднина со тој човек,навистина ми е премногу жал што најубавиот период во животот,еве за неколку недели треба да се роди вашето чедо,кои треба да ви бидат највесели и најубави исполнети со исчекување и подготвување,кога вашата љубов и слога треба да бидат на највисоко ниво,ти го поминуваш овој пекол.Тој човек НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА.Зарем такви работи што ги кажува тој и такви работи што тој прави се прават на бремена жена пред породување??????? (fr) (fr)
Тоа само може да го прави човек кој што не е со сите,нормален човек не го прави тоа.
Ниту ти си му битна,ниту пак бебето кое го носиш па што ќе очекуваш од некој таков,да патиш и да трпиш цел живот?Подобро детето да расте во слога и хармонија со еден родител отколку со два родители покрај кои ќе биде сведок на малтретирање и непочитување,па во каква личност тоа дете ќе израсне? (unsure)
Биди силна и храбра за чедото кое го носиш,труди се да му го пружиш најдоброто,спреми се за неговото доаѓање,побарај од твоите да ти помогнат и се ќе биде ОК.
Убаво размисли за твојата одлука,што ќе направиш,ние сме тука да те поддржиме (a2) (a2)

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Дојде крајот

Post by Girl » 22 Dec 2015, 13:01

Девојки и мамички додека бев бремена многу се дружевме, од кога дојде бебето малку го запоставив форумов и сега се враќам после долго време со голем проблем и премногу ми требаат вашите совети затоа што јас не сум веќе паметна...
Имам детенце од една година и веќе 5-6 месеци сме разделени со татко му и живееме одделно. Тој го зема кај него за викенд некогаш сабота и недела по неколку саати, а се случува и 3 недели да поминат и да не го земе. Син ми го познава, но не седи многу со него, не јаде кога тој му дава, не спие многу таму. Пред некој ден имаа гости и многу плачел и не можеле да го смират па ми го донесе после 2 саати, а не ме викна да го смирам детето. Не сака да одам таму и не сака да ме гледа, и секогаш сам го зема. мајки што правите во вакви ситуации?
Од една страна сакам да се зближи со татко му, да го познава и да седи со него, а од друга страна срцето ми се кине кога плаче и е вознемирен, можеби ме бара мене а не можам да сум таму да го смирам :(
Колку е препорачливо да го гледа татко му? Не сакам да му бранам но не сакам и стрес да ми доживува детето од непозната средина и луѓе.
Не сме се развеле сеуште, го чекам него со месеци не ми ги дава документите, но јас ке го средам тоа за брзо...

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Дојде крајот

Post by hrizantema » 23 Dec 2015, 13:39

Girl,жал ми е што читам вакви работи,што се случи така,знам лани заедно бевме бремени и тука некаде се породивме,баш се сеќавам дека го чекаше маж ти да биде со тебе на породувањето,а сега сте разделени (sad1) .Како и да е,сега треба да гледате синчето да не страда ради вашата разделба,те сфаќам и нормално е дететот да има контакт и со двајцата родители,мора да правиш напори да се гледа и со татко му,ако може и преку неделата,а не само преку викенд,за да се зближат повеќе,а вака дека не го гледа често и затоа плаче,незнам што друго да те советувам,еве може има некоја поискусна членка

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Дојде крајот

Post by Girl » 23 Dec 2015, 15:40

Хризантемче да ми кажеше некој дева вакво нешто ќе ми се случи никогаш немаше да му поверувам. Премогу се смена откако се роди син ми, овој човек јас не можам да го препознам веќе. Низ многу тежок период поминав, сакам само се да заврши со него, а најмногу ми е жал што детето ќе ми трпи за се што се случува...

Одговори

Return to “Брак”