Page 1 of 1

Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 15:38
by Happy^_^
Како новопечена домаќинка :ymblushing: ја отворам оваа тема со цел да споделите ваши искуства со мене.
Секогаш кога ќе решам сама да ги бришам прозорците, или ми останува бело, флеки, влакненца од крпа. (unsure)
Ќе ве замолам да ги пишете вашите искуства и се надевам ќе ми помогнете мене а и на сите новопечени домаќинки полесно да им оди оваа работа (smile)

Re: Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 15:53
by kit-kat
Ех во најпрактикуваното ме гибна.Ако нешто ме нервира тоа е кога ќе си ги видам прозорите валкани или така со влакненца и бели дамки.
Како старопечена домаќинка веќе 9 години имам испробано се.
Но најефикасно од се ми се покажало обична жешка вода,со магична крпа,но водата почесто да се менува.
Прво практикувам одвнатре,а надворешниот дел обично го бришам последен,бидејки е валкан,па понекогаш сака и два пати пребришување.
И во последно време ставам по 2-3 капки средство калгонит сјај кој го користам во машината за садови.Му дава сјај и на прозорите.
Па кажувај како е ако пробаш.

Re: Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 16:02
by Радост
Јас имам магична крпа од Ројал, од свекрва ми уште пред 2-3 години. Ја користам само за прозори/стакло и навистина немам мака. Со било кое средство за стакло ги чистам, потоа поминувам уште еднаш ако останала некоја линија и секогаш се супер.
Ова не е реклама, само си го кажав спасот. :)

Re: Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 16:07
by Debora
Кит кет каква магична крпа користиш? Јас порано работев во близина на една месарница и месарката ги чистеше излозите само со магична крпа (замислете колку мрсни се правеа, оти месото го обесуваа таму) . (w1)
Инаку јас ги чистам со хемикалии и хартиени ролни за кујна (за да нема влакненца од крпата), ама тоа треба да се смени. Не препорачувам хемикалии. (tumbdown)
Радост пишала во меѓувреме, па не е реклама Радост - туку практичен совет, значи Royal. Изгледа и месарката користеше таква (confus) , ама само со вода. (w1)

Re: Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 17:03
by Радост
И само со вода го има истиот ефект, но немаат толку сјај. Навистина е раат работа. (thumbup)

Re: Бришење на прозорци

Posted: 22 Jul 2013, 21:47
by kit-kat
Да Дебора од Ројал ми се крпите.Искрено не паметам од кога ги имам.Алал пари,сигурно едно 9-10год.

Re: Бришење на прозорци

Posted: 23 Jul 2013, 21:47
by Happy^_^
Е уште да ми кажете од кај да ја купам крпата и цена? хихихи па ќе кажам вие ќе ме направите домаќинка мене :) жените што ни чистат не ми се бендисува како ги бришат прозорците па ќе се обидам јас :)