Вградлива бела техника

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Вградлива бела техника

Post by Debora » 11 Dec 2015, 16:51

Размислувам за вградлива фурна, па ако може некој да ми помогне со искуство. Од претходниот шпорет на Горење сум презадоволна (пред 15 години е купен (thumbup) ), ама сега слушам дека Горење веќе не се тоа што биле. Па какво искуство имате со фирмиве во последнава деценија? (laugh1)

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Шпорет

Post by borjana » 11 Dec 2015, 17:24

Дебора, навистина горење не е тоа што беше, индесит е германска фирма и не е така лоша а е евтина, за рамна вхрадлива плотна јас не препорачувам никому, тешка е за одржување... аако имаш динамичен живот и трчаш на сите страни не е баш практична,треба да си мн внимателна.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Шпорет

Post by Debora » 11 Dec 2015, 17:36

За плотна планирам да биде комбинирана со плин, веројатно обична ќе земам. Фурната сакам да биде добра, баш ќе ги разгледам на индесит. (smile)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Шпорет

Post by ivvi<3 » 11 Dec 2015, 17:54

Ние имаме електролукс и задоволна сум досега. Рерната има многу функции и загрева до 275 степени, а плотната е комбинирана со индукциски рингли. Дебора можеш да прочиташ за индукциските бидејќи одма загреваат и сѐ побрзо се готви. А за одржување, мислам дека сите се различни. Јас ја чистам со обично средство за стакло и лесно се одржува. Не се сите од ист материјал, ако изгледаат така.

Strelce
Член
Член
Мислења: 169
Придружен: 18 Mar 2014, 00:20
Му се допанале: 19 пати
Им се допаднал: 39 пати

Re: Шпорет

Post by Strelce » 11 Dec 2015, 18:20

Дебора јас имам вградлива фурна,ST (Superior tehnology) од Setec ја земавме пред година дена и сега за сега сум задоволна.Германска марка некоја е,имаме и плотна и телевизор од таа марка,супер се,а што е најбитно имаат и пристапни цени.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вградлива бела техника

Post by Debora » 11 Dec 2015, 22:30

Strelce wrote:Дебора јас имам вградлива фурна,ST (Superior tehnology) од Setec ја земавме пред година дена и сега за сега сум задоволна.Германска марка некоја е,имаме и плотна и телевизор од таа марка,супер се,а што е најбитно имаат и пристапни цени.
Стрелче фала, ќе ги разгледам. Ги гледав на сајтот на сетек и мислев дека се турска фирма. Цените им се стварно доста пристапни.
ivvi<3 wrote:Ние имаме електролукс и задоволна сум досега. Рерната има многу функции и загрева до 275 степени, а плотната е комбинирана со индукциски рингли. Дебора можеш да прочиташ за индукциските бидејќи одма загреваат и сѐ побрзо се готви. А за одржување, мислам дека сите се различни. Јас ја чистам со обично средство за стакло и лесно се одржува. Не се сите од ист материјал, ако изгледаат така.
Иви каков модел на Електролукс имаш? За една година имала доволно време да се покаже. (smile)

Ако имате можете да ставите и линкови и фала ви на сите. (kup)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Вградлива бела техника

Post by ivvi<3 » 11 Dec 2015, 23:04

EHG6341FOK плотна и EOB3311AO рерна. Ако можеш вака побарај ги. Ги имаме околу 2години и душа им вадам, особено индукциските рингли. Вода за кафе за 30-40 секунди зоврива. Е сега на индукциски не фаќаат сите тенџериња, тави, на пр. тефлонски, керамички садови не фаќаат. Можеш сѐ да најдеш на интернет за нив, а има и видеа на youtube да видиш на кој начин работат. А и од рерната сум многу задоволна, и за печење, и за одмрзнување, и за крцкави јадења :)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Вградлива бела техника

Post by Радост » 12 Dec 2015, 00:27

Дебора, едната сестра има електролукс, другата беко. И двете се презадоволни, со тоа што таа на Беко е далеку поефтина ама кога мусака за пола саат е готова значи супер е. (rolll)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вградлива бела техника

Post by Debora » 12 Dec 2015, 20:39

Ккупивме рерна на Електролукс, на некаква промоција е и доста е намалена http://technomarket.com.mk/products/091 ... ob-3410aox Се надевам дека ќе се покаже како добра домаќинка. (laugh1) Ќе пишам кога ќе ја пробам. (smile)

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Вградлива бела техника

Post by borjana » 12 Dec 2015, 22:08

Со здравје, среќа и убави настани да ја користиш (cl)

Одговори

Return to “Апарати и кујнски прибор”