Велигденска трпеза

Moderator: Модератори

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Велигденска трпеза

Post by Peperutka » 12 Apr 2012, 12:47

Не ни е одамна активирана темава па мислам дека е редно време за тоа.
Како се подготвувате за Велигден,што има на вашата Велигденска трпеза,во какви бои ги вапцувате Велигденските јајца,ви доаѓаат ли гости,одите вие на гости и сл?
Можеме да поставиме слики од нашите Велигденските јајца,трпезата,интересни предлози за декорации,вапцување и сл. (smile)
Јас многу го сакам Велигден и уживам во подготовките.Велигденските јајца ги вапцуваме со свекрва ми во разни бои,со сликички,обожавам шаренила :ymblushing: Обавезно правам торта за празникот,може уште некое благо,колачи или некој полесен колач,руска салата или салата со макарони сеедно.Во петок попладне задолжително одиме во црква исто и во сабота навечер.На денот Велигден претпладне доаѓа золва ми кај нас на гости или ние одиме кај нив а за ручек одиме кај моите родители.Во понеделникот одиме кај нас на едно излетничко место каде многу народ се собира за Велигден,има зурли,тапани,ние си носиме јадење од дома,салата,јајца,сок,кифлички и сл.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by Debora » 12 Apr 2012, 13:05

Ја раздвоив темава, а се сетив и дека лани имавме тема за вапцување со слики topic789.html

malenaD
Домашен член
Домашен член
Мислења: 840
Придружен: 03 May 2011, 11:30
Му се допанале: 155 пати
Им се допаднал: 121 пати

Re: Велигден - ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ

Post by malenaD » 12 Apr 2012, 15:05

Една година никој нема ништо пишано на оваа тема, па ајде решив јас да пишам т.с повеќе сакам да ставам некои сликички од моите велигденски јајца и украсни.
http://i43.tinypic.com/33p4uhy.jpg
http://i40.tinypic.com/wgomkg.jpg
http://i40.tinypic.com/11i0l4y.jpg
http://i42.tinypic.com/2ymt2s4.jpg
http://i43.tinypic.com/2gviz50.jpg

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by Peperutka » 12 Apr 2012, 16:44

Леле Малена колку си креативна,БРАВО (cl) (cl) (cl) Јајцата се преубави исто и декорациите,многу сакам вакви убави декорации (lovet)
Јас кога ќе ги ставам во корпа,ќе ставам слика да ги видите (rad)

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by imambebe » 14 Apr 2012, 20:22

I nie sme spremni za Veligden, domakinkata (jas), vo cetvrtokot rano sabajle si vapca jajca,crveni so nekoja cvetna shara, a za utre se spremame za ubav Veligdenski i rodendenski rucek, pozdrav i ubavo pominete si so vasite najmili na ovoj najgolem Hristijanski den,cestit praznik

detelina
Член
Член
Мислења: 239
Придружен: 03 Dec 2010, 02:09
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by detelina » 17 Apr 2012, 00:16


TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by TinaV » 17 Apr 2012, 19:41

Браво девојки.Ем вредни, ем креативни.Се гледа дека со љубов го имате нештото направено.Детелина препознав три работи во твоето Велигденско украсување што ги има и кај нас дома: зајачето, јајцето (во коешто се става црвено јајце) и покривката. Мило ми е што имаме слични вкусови. Поздравче.

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by Vesela » 08 Apr 2015, 16:57

Девојки да ја активираме малку темава, што ќе спремате за Велигден.
За Велогденскиот ручек ке правам: јагнешка чорба, јагнешко печено со млади компири, разни сезонски салати ( марули, патиџани, караставици) и торта шпански ветар.
За гости што ќе ни доаѓааат: кифлички, проја, француска салата, ордевери, милиброд, сезонска салата ( низбежна мимоза салата) , ситни колачи ( нив ќе ги нарачам од Канела).
Споделете и вие што ќе спремате, може ќе ми дадете некоја идеја нешто да доправам или да сменам.
Утре кога ќе ги вапцаме јајцата да постираме на оваа тема (thumbsup) (thumbsup) (part) (part) (part) (part)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by Lena_nela » 08 Apr 2015, 18:49

Мојата велигденска трпеза ке изгледа нешто слично како на Весела,само што нема да има чорба. Значи ке имаме за доручек обавезно јајце,питулици( тоа се како палачинките,но поголеми и се намрсуваат со сирење), кисело млеко. За ручек претежно одиме кај моите или кај свеки,оваа година ке одиме кај моиве и ке имаме јагнешко месо,неизбежната мимоза салата,јас ке правам мафини ( бидејќи сме помлади и одиме и кај свеки и кај моите,а имаме и една бабичка од мм па им носам јајциња и во план сум да носам мафини) ,а со мајка ми во сабота ке правиме еклери и баклава со кокос.
Милибродот е неизбежен (thumbsup) А во случај да ни дојдат некои гости значи ке имаме салата со јајца,кифлички и сувомеснати. Овој пат не правам никакви руски,француски салати (tongue)

only44you
Редовен член
Редовен член
Мислења: 305
Придружен: 21 Sep 2014, 00:49
Му се допанале: 278 пати
Им се допаднал: 95 пати

Re: Велигденска трпеза

Post by only44you » 08 Apr 2015, 22:35

Vesela wrote:Девојки да ја активираме малку темава, што ќе спремате за Велигден.
За Велогденскиот ручек ке правам: јагнешка чорба, јагнешко печено со млади компири, разни сезонски салати ( марули, патиџани, караставици) и торта шпански ветар.
За гости што ќе ни доаѓааат: кифлички, проја, француска салата, ордевери, милиброд, сезонска салата ( низбежна мимоза салата) , ситни колачи ( нив ќе ги нарачам од Канела).
Споделете и вие што ќе спремате, може ќе ми дадете некоја идеја нешто да доправам или да сменам.
Утре кога ќе ги вапцаме јајцата да постираме на оваа тема (thumbsup) (thumbsup) (part) (part) (part) (part)
Vesela мила , кажи ми како го печеш јагнешкото? Што ставаш? Вино или пиво? Кои зачини? Колку време се пече?

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”