Блага и торти

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Блага и торти

Post by Debora » 13 Dec 2009, 12:27

Еден нов куглоф ме поттикна да ја отворам темава. (laugh1) Да си ги размениме тука омилените рецепти за блага и торти. Ова ќе биде една многу слатка тема. (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Блага и торти

Post by Debora » 13 Dec 2009, 12:32

Еве ќе почнам со еден рецепт за куглоф.
Кекс
Се матат убаво 3 јајца и 2 шола шеќер. Се додава едно шолче за кафе зејтин.
Одделно се растопува 1 пакетче прашок за пециво во 1/4 л млеко. Се додава во изматените јајца и смесата се меша убаво. Се додава едно пакетче ванилин шеќер и стругана кора од лимон.
Се додава 3 шола (од 250 мл) брашно и се меша со лажица.
Смесата се дели на 2 дела и во едниот се става 1-2 лажици какао.
Кугловот се мачка со зејтин и се попрскува со брашно (може и во тавче 26 или 28 број), па се истура од двете смеси (белата и кафената) и се пече.
Лесно и брзо за подготвување, а вкусно.

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: Блага и торти

Post by MAMA_M » 13 Dec 2009, 13:05

и јас го правам истово, само кај мене дозата е 3 јајца и по 12 лажици од се друго

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Блага и торти

Post by Annabel » 13 Dec 2009, 18:35

Девојки, ми е срам да кажам дека иако сум луда по благо, ама ништо не знам да направам, зашто мм не јаде благо.

Еднаш направив едно благо со цели јаболка (лупени), внатре полнети со лешници, цимет и шеќер. Истите се печат и кога ќе испари течноста што ја испуштаат јаболката, се преливаат со смеса од јајца, брашно, масло, прашак за пециво (ама на соодносот не се сеќавам), а може и пропуштив нешто или додадов во рецептов - може да ме исправите. Мајка ми беше тука и ми диктираше, сега не ја паметам...

И така си го направив и си го изедов сама во еден ден, и се откажав..Си ветив дека додека децата не пораснат јас не се нафаќам на правење благо, после треба да држам диета.... (laugh1)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Блага и торти

Post by Kjara » 13 Dec 2009, 18:39

Колач со Вишни

За тесто:
1/2 кгр. брашно
300 гр. маргарин
2 јајца
150 г. шеќер

Фил:
3/4 кгр. вишни
100 гр. шеќер
малку трошки од бисквити
малку гриэ

Замесете тесто од брашното, маргаринот, прашокот за печење, јајцата и шеќерот. Изработете го добро тестото и поделете гo на два дела. Едниот дел расукајте го во кора и ставете го во четвртеста тава. Потоа наредете ги вишните на кој претходно сте ги извадиле семките и сте ги оставиле да се исцедат од сокот, преку посипете ги со шеќер, малку гриз и трошки од бисквити и ставете ја другата кора. Избодете го колачот со вилушка и ставете го да се пече. Откако се испече посипете го со шеќер во прав помешан со ванила.

* Многу е вкусен и лесен за правење :grin:

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: Блага и торти

Post by MAMA_M » 13 Dec 2009, 20:23

Annabel wrote:Еднаш направив едно благо со цели јаболка (лупени), внатре полнети со лешници, цимет и шеќер. Истите се печат и кога ќе испари течноста што ја испуштаат јаболката, се преливаат со смеса од јајца, брашно, масло, прашак за пециво (ама на соодносот не се сеќавам), а може и пропуштив нешто или додадов во рецептов - може да ме исправите. Мајка ми беше тука и ми диктираше, сега не ја паметам...
еј многу е убаво и лесно за јадење ова....и јас го правев порано, ама ја изгубив рецептата. ако ја дознаеш, обавезно пиши. одозгора ставав шлаг, а во јаболките оревчиња. сигурно со лешници е уште поубаво.....
Last edited by MAMA_M on 14 Dec 2009, 08:34, edited 1 time in total.

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Блага и торти

Post by Kjara » 13 Dec 2009, 20:24

Аннабел наогај рецепта, мама прави ја а ние ќе дојдеме на дегустација (rolll) (rolll)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Блага и торти

Post by Debora » 13 Dec 2009, 22:24

Јас не сум го правела ова благо, ама имам рецепта. Ќе ја пишам, а може и ќе го направам.

Торта со цели јаболка
Јаболката се лупат цели, се длабат, се редат во навлажнето тенџере, покриено со 1/2см шеќер. Се полнат со сецкани ореви, суво грозје, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Се печат на 150 степени, се додека кога ќе се притиснат со лажица не бидат меки како сунѓер.
Тесто:
4 цели јајца и 4 жолчки се матат со 6 лажици шеќер, се додава 6 лажици брашно и еден прашок за пециво. Се истура врз печените јаболка и се пече.
Откако ќе се испече се превртува во тавче со скоро иста големина како тенџерето. Од 4-те белки се прави шам и се става озгора.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Блага и торти

Post by Annabel » 14 Dec 2009, 18:33

Да Дебора, отприлика така беше...Ух кога ќе се сетам, цел стан мирисаше на печени јаболка....ммммммммммммммммм

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Блага и торти

Post by Annabel » 16 Dec 2009, 12:58

Девојки, дајте ми предлог што да направам со црни сливи, имам цела една кесичка, ми беше за Ива кога има тврда столица, ама бидејќи не е тука, сакам да ги искористам, да не ги фрлам. Нешто поедноставно ако имате, оти јас сум дудук за правење благо... (smile)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”