Блага и торти

Moderator: Модератори

Одговори
Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Блага и торти

Post by Lady D » 14 Nov 2012, 20:06

Чоколадна лавина :

Состојки:

120 гр.чоколадо за готвење
120 гр.маграрин
1 шолја шеќер во прав (100г р.)
2 јајца
2 жолчки од јајца
6 лажици брашно

Подготовка:

Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите маргаринот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки. Загрејте ја рерната на 220 C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу 3/4 од нивната висина. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече чоколадната лавина.

Внимавајте да не се печат повеќе од 10 минути, затоа што внатрешниот дел треба да биде течен.

Добар апетит (thumbsup)

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Блага и торти

Post by Nadja » 20 Nov 2012, 12:39

Чоколадни триаголници

3 јајца
150гр. шеќер
200гр. чоколадо за готвење
300гр. бисквити
пола маргарин Кристал

Во тенџере се ставаат маргаринот и чоколадото, за да се стопат. Откако ќе се стопат, се додаваат јајцата и шеќерот. Смесата се вари додека да стане густа. Откако смесата ќе згусне, тенџерето се трга од оган. Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во тенџерето. Се меша со лажица. Смесата се става во калап во форма на долгнавест триаголник. Се остава во замрзнувач да се стврдне. Потоа се сечат парчиња.

Бајадери

200гр. мелени бисквити
150гр. мелени ореви
50гр. какао
1 ванила
400гр. шеќер
100гр. чоколадо за готвење
150гр. маргарин
100мл. вода

Се матат бисквитите, оревите, ванилата, шеќерот, маргаринот и водата. Смесата се дели на 2 дела. Од првиот дел се формира правоаголник. Во другиот дел се додава какаото и се мати. Ова се става врз првиот дел. Во тенџере се става малку зејтин и чоколадото, за да се стопи. Откако чоколадото ќе се стопи, се става врз вториот дел. Бајадерата се остава во замрзнувач да се стврдне. Потоа се сечат парчиња.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Блага и торти

Post by Mamino_srce » 23 Nov 2012, 17:31

Неодамна земав калап за мафини (одавна планирав) и еве денес направив прв пат по еден рецепт од интернет. Не знаев дали е ово соодветно место за мафини (ако не е, слободно преместете го), ама бидејќи е наводно блага варијанта, го ставив тука.

Мафини за доручек: (а може и за вечера)

Состојките се за калапот за 12 мафини:

Потребно е:
- 200 гр. брашно
- 50 гр. овес (овесни снегулки)
- 100 гр. шеќер во прав
- 3 кафени лажички прашок за пециво
- малку сол
- 160 мл млеко
- 60 мл. растително масло
- 2 јајца
- семе
- Малку мед кога ќе се готови

Се мешат состојките заедно. Се додаваат течните состојки и се меша ( не се претерува со мешањето)
Намачкајте калапот со путер и потоа со лажица сипете иста количина од смесата во секоја дупка (2/3).
На крај, врз секој мафин ставете малку од семиња (јас користев мелено семе од Виталија -сончогледово, ланено, сусамово и тиквино семе), а вероватно може да комбинирате што имате дома.
Ставете ги во рерна загреана на 200 степени 20 минути.
Кога ги извадете од рерна оставете ги малку да се оладат, извадете ги од дупките, и уште додека се топли може да додадете малку од семето и мед одозгора.
Толку брзо, вкусно и хранливо (thumbsup) (drool)


----- еден корисен совет (smile) : би ви препорачала ова комбинација на мелено семе од Виталија, бидејќи содржи влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор. Јас му ставам лажица од овие во житарки и на син ми за доручек, ем се здрави, ем ако некој има потврда столица веднаш протеруваат (smile)

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Блага и торти

Post by Nespretna » 23 Nov 2012, 17:39

Мамино срце, баш пред некој ден си купув калап за мафини, ама не се заангажирав за рецепт да го пробам. Баш во вистинско време го пиша рецептов, како порачано... Ќе го пробам деновиве, сигурно!!

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Блага и торти

Post by Nadja » 16 Dec 2012, 13:37

Ледена торта

Тесто:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
6 лажици какао
1 пециво

Фил:

3/4 млеко
2 пудинга од ванила
4 лажици нишесте
2 лажици шеќер во прав
1 маргарин Кристал

Шербет:

250мл. вода
250гр. шеќер

Глазура:

100гр. чоколадо за готвење
4 лажици зејтин

Прво се подготвува филот. Се варат млекото, пудинзите и нишестето. Смесата се остава да се излади во фрижидер. Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Ова се додава кај изладениот пудинг. Се меша со лажица. Се подготвува тестото. Се матат јајцата, шеќерот, брашното, какаото и пецивото. Ова се пече во тавче број 40. Се подготвува шербетот. Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат.Шербетто се става врз тестото. Одозгора се става филот. Се подготвува глазурата. Во тенџере се ставаат зејтинот и чколадото, за чоколадото да се растопи. Откако чоколадото ќе се растопи, се става врз филот. Тортата се става да се излади во фрижидер.

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Блага и торти

Post by carina » 16 Dec 2012, 20:15

ПОСНИ БАУНТИ КОЦ
--потребно
-300 гр шекер
250 гр маргарин
1дл(100 мл) хопла растителна
250 гр кокос
--за прелив
150 гр чоколадо за кување и 80 гр маргаринн

се меша шекерот,маргаринот и хоплата и се става става на шпорет,постепено се зголемува температурата.кога ке зоврие се трга садот од оган и му се додава кокосот.смесата се истура во чтвртаста тепсија обложена со хартија за печење,да биде со дебелина околу 1,5 см.се остава на ладно 2 саати,па се превртува садот на маса,се одлепува хартијата се сечат коцки околу 2см на 2см.
се припрема преливот(се топи чоколадото со маргаринот на тивок оган) и се потопуваат коцките една по една во преливот и се ставаат на мрсна хартија,кога ке се оладат се редат во украсни кошнички

овој рецепт го правев вчера и како што е редот,да го споделам рецептот.превкусни се

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Блага и торти

Post by Nadja » 08 Jan 2013, 14:57

Чоколадни срциња

150гр. шеќер во прав
200гр. мелени ореви
100гр. мелени бисквити
100гр. чоколадо за готвење (рендано)
100гр. маргарин
1 чоколадо за готвење (за премачкување)

Се матат шеќерот во прав, ренданото чоколадо, бисквитите, оревите и маргаринот. Работната површина се посипува со шеќер во прав. Од смесата се расукува кора и се вадат фигури со калапчиња во форма на срце. Во тенџере се ставаат чоколадото и малку зејтин, за чоколадото да се стопи. Откако чоколадото ќе се стопи, се става врз срцињата. Се оставаат да се изладат во фрижидер.

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Блага и торти

Post by Nadja » 09 Jan 2013, 18:48

Овошни бомбици

3 јаболки
250гр. шеќер
300гр. мелени ореви
150гр. мелени бисквити

Јаболките се рендаат и се пржат со шеќерот. Се ладат во фрижидер. Откако ќе се изладат, се додаваат оревите и бисквитите. Се меша со лажица и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос или во растопено чоколадо.

Чоколадни коцки

Тесто:

8 јајца
1 маргарин Кристал (растопен)
20гр. шеќер
4 лажици брашно
1 пециво
200гр. чоколадо за готвење (растопено)
300мл. млеко

Фил:

1 литар хопла
400гр. чоколадо за готвење
Јајцата се кршат и жолчките се одделуваат од белките. Жолчките се матат со шеќерот. Се додаваат растопениот маргарин, растопеното чоколадо, брашното и пецивото. Во друг сад се матат белките и се додаваат во првиот сад. Ова се мати. Се пече во плех 40 минути, на 180 степени. Откако тестот ќе се испече, се прелива со млекото. Во тенџере се ставаат хоплата и чоколадото, за чоколадото да се стопи. Пред да зоврие павлаката, тенџерето се трга од оган. Филот се става врз тестото. Се остава да се излади на собна температура, па во фрижидер. Потоа се сечат парчиња.

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Блага и торти

Post by Nadja » 24 Jan 2013, 16:28

Бисквит торта

1кг. бисквити
500гр. шеќер
500мл. млеко
1 чоколадо за готвење
1 маргарин Кристал

Млекото се вари. Откако ќе се свари, се додаваат шеќерот, чоколадото и маргаринот. Смесата се вари. Откако ќе се свари, тенџерето се трга од оган. Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во тенџерето. Се меша со лажица. Смесата се става во долгнавест калап. Се остава во замрзнувач да се стврдне.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Блага и торти

Post by kit-kat » 13 Feb 2013, 20:07

Еве го рецептот за ситните колачи за кои зборувавме на кафе муабет .Како што рече некоја форумка,помини касни си
200гр еурокрем црн
150гр мелени лешници
100гр мелени наполитанки од лешник(јадран)
се мешаат на пареа откако ќе се растопи еурокремот.Се става во фрижидер пола час
глазура
100гр чоколадо црно за готвење
3 лажици масло
50гр мелен лешник
Откако ке се направат топки од смесата се пепелават во глазурата
BON APETIT

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”