Брзи и вкусни јадења

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Брзи и вкусни јадења

Post by Debora » 13 Dec 2009, 12:31

Ајде тука нека биде место за рецепти за јадења, кои се подготвуваат брзо, а ги сакаме.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Debora » 08 Jan 2010, 13:19

Макарони со сос од туна
Макароните се варат најнормално. Кога ќе се сварат се додава рендано сирење.
Сос:
Се пржи кромидот, може да се стават и моркови, се додава доматно пире. Се трга од огнот, се става повеќе магдонос, лук (јас го сакам со повеќе лук), вегета, црн бибер, оригано (ако сакате и други зачини), се додава туната од конзерва, се меша и готово е.

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Kjara » 03 Mar 2010, 17:02

Чорба од мали ќофтиња

Потребни состојки:

* малку Сол
* 150 грама Свинско мелено
* 1 Праз
* 30 грама Ориз
* 80 грама Моркови
* 50 грама Модар Домат
* малку Магдонос
* 1 лажица/ци Лимонов сок
* 50 милилитри Доматен сок
* малку Вегета
* 2 Јајца/це
* малку Црн пипер

Од меленото месо, малку сол, јајце, ориз, црн пипер, ситно сечкан магдонос се замесува масата од која се формираат сосема мали ќофтиња.

Одделно во врело масло се додава ситно сечканиот праз и морковот да се пржат, да омекнат. Се налева со водата се додава и сос од домати, а во лето свеж рендан домат.

Кога е варена чорбата се згуснува со матено јајце и сок од лимон. Се посипува со магдонос.

p.s. Jas go pravam so gotovi koftenca (smile)

Kalince
Нов член
Нов член
Мислења: 78
Придружен: 01 Mar 2010, 12:11
Им се допаднал: 1 time

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Kalince » 02 Apr 2010, 16:12

PECURKI VO SOS
2 do tri glavici kromid sitno iseckani se proprzuvaat
se dodava nekolku lazici pavlaka,
vodicka, vegeta, sol, biber i nekolku lazici brasnno.
Otkako seto ova malce ke provrie se dodavaat svezi pecurki koi se prethodno iseckani na polovinki.
Gi przime vo sosot uste edno 15tina minuti na tivko.




Bon Apetit :)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Што имаме денес за ручек

Post by Kjara » 10 Apr 2010, 16:07

За ова се одлучив денес

Пилешки стек со печурки

Потребни Состојки:

500гр. сецкан пилешки стек
300гр. маринирани шампињони
200гр. кисела павлака
2 глави кромид
1-2 лажици кечап
1 лажица сенф
1 лажица зачин
50гр. бело вино
300гр. кашкавал

Подготовка:

1. Стекот се сецка на поситни парчиња, се додава зачинот и се вари околу половина час. 2-те глави кромид се дробат ситно и се пропржуваат во масло за јадење.

2. Откако ќе се пропржи кромидот се додаваат ситно сецканите печурки и заедно кратко се пропржува. Потоа во истото тавче се додава исцедениот стек, кечапот, сенфот, киселата павлака, белото вино и малку од водата во која се вареше стекот. Сето ова заедно добро измешано се става во огноотпорен сад се зачинува по желба, се потпекува околу половина час.

3. Пред крајот се вади и се наросува со изрендан кашкавал, потоа повторно назад на печење уште 10 минути. Можете да го украсите со магданос, а за гарнир се додава лесно вариво или пире.

Којзнае што ќе испадне (rolll)

Kalince
Нов член
Нов член
Мислења: 78
Придружен: 01 Mar 2010, 12:11
Им се допаднал: 1 time

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Kalince » 14 Apr 2010, 09:51

Receptov na Kjara go imam isprobano.Mnogu e vkusen.

georgieva
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 31 Jan 2010, 15:56
Им се допаднал: 3 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by georgieva » 15 Apr 2010, 16:27

gi obozavam makaronite i spagetite , pa eve nekoi moi recepti brzi i lesni...

MAKARTONI SO MELENO MESO

se varat makaroni kako sto gi prigotvuvame...kolicinata sami ja odreduvame...

vo tavce prizime kromitce so meleno meso , so site zacini koj gi upotrebuvame ...

se izmesuvat makaronite i melenoto meso i imame brz i vkusen rucek koj nie go konbinirame so jogurt ili kiselo mleko .mmmmm



spageti pravam vaka :

se varat spagetite isto kako sto gi prigotvuvame ...

vo tavce przime kromitce , meleno meso i site zacini koj gi upotrebuvame po nasa zelba...
od koga ke se isprzi mevceto dodavame domata sos ili nesto slicno...



ili vaka:


varime makaroni ...

vo tavce przime , slanina , pecurki ...

vo svarenite i oladeni makaroni dodavame 2-3 lz. pavlaka.
gi izmesuvame makaronite so slaninata i pecurkite i gi servirame vo cinii , vrz sekoja cinija rendame kaskaval i ja stavame da se podstopli (da se rastopi kaskavalot)...


kolicinski ne pisuvav , za toa sto nemam doza , gi pravam spored toa kolku sakam da stavam od namirnicite...

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Kjara » 15 Apr 2010, 16:45

Георгиева , а после ги печеш макароните со месо? Јас ги ставам во тавче како мусака ( ред макарони, ред месо па пак макарони) и ги печам околу 20 ина минути.

georgieva
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 31 Jan 2010, 15:56
Им се допаднал: 3 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by georgieva » 19 Apr 2010, 11:58

Kjara wrote:Георгиева , а после ги печеш макароните со месо? Јас ги ставам во тавче како мусака ( ред макарони, ред месо па пак макарони) и ги печам околу 20 ина минути.
ne Kjara , nie gi sakame taka ''razigrani'', znaci gi izmesuvam makaronite so mevceto i gi serviram...mozebi taka kako sto gi pripremas ti imat drug vkus , ke probam i taka da gi napravam...

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Kjara » 29 Apr 2010, 18:55

Ориз :grin:

се попржува оризот со кромид , сол и бибер , става во тавче и се прелива со врела вода во сооднос 1 : 1 1/2. Се покрива со алуминиумска фолија и се пече 20 мин. По 20 мин се исклучува рерната и се остава да стои така уште 20 мин.
После тоа е највкусен на цел свет (rolll)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”