Брзи и вкусни јадења

Moderator: Модератори

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by mamigabi » 06 Sep 2013, 09:32

Еве еден многу лесен и вкусен рецепт кој многу често го практикувам како ролат,
ТОБЛЕРОНЕ
1 маргарин кристал
100 гр чоколадо за готвење
и ванила
2 мали филџани вода
сето ова се става на оган да зоврие и веднаш се додава
450 гр толчени бисквити
150 гр толчени ореви
1оо гр потпечен сусам
Заедно се замесува и се обликува по желба
Излага многу и супер е за гости

ilovebabies
Домашен член
Домашен член
Мислења: 597
Придружен: 05 Apr 2012, 23:53
Му се допанале: 159 пати
Им се допаднал: 194 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by ilovebabies » 03 Oct 2013, 14:17

Polneti piperki na vegetarijanski nacin ! (thumbup)

Jas retko koga meram taka da otprilika si stavam :) Nekolku piperki, pecurki, crn domat, magdonos, morkovi, domaten sos..
Nacinot na podgotvuvanje e skoro ist kako i klasicniot nacin na polneti piperki so meso.
Fil:
Pecurkite gi seckame na cetvrtinki i gi stavame da se przat. Otkako malku se isprzat go dodavame crniot domat iseckan na pomali kocki...Vo meguvreme redname nekoklu morkovi ( po zelba, jas sekogas stavam poveke rendan morkov), seckame svez magodnos, i merime edna casa integralen oriz. Gi dodavame prvin morkovite, potoa magdonosot i na kraj orizot. Promesuvame i dodavame dve polni lazici crvena piper, povtorno promesuvame i trgame nastrana. So filot gi polnime piperkite, ako vi ostani od filot go turame vo tavata vo koja gi pecime. Dodavame dve tri casi voda, i stavame da se pecci ( okolu 1 sat i nesto na 180 ). Na krajot pred da se gotovi, ako ostani malku voda( ako e mn voda ke ja otturime) , vo nea dodavame domaten sos ( ako imate svez uste poubavo).Ostavame uste nekoja minuta vo relna, i rucekot e gotov !! :) (joy)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Радост » 28 Nov 2013, 13:43

Во темата што имаме денес за ручек ги прочитав ќофтињата од тиквички на Бобе (drool) па сакав да споделам рецепта по која јас ги правам веќе две години. :)

Дозата е за ручек за двајца, по потреба дуплирајте:

1 тиквичка
2 јајца
4 лажици гриз
2 лажици брашно
1/2 пециво
1 чешне лук ситно сецкан или сушен лук
магдонос
сол и бибер

Подготовка:


Тиквицата се ренда на крупно ренде и се остава да одстои 15 минути. Потоа убаво се цеди низ цедалка и се додава гризот, брашното, пецивото и јајцата. Смесата се меша со вилушка и и се додаваат зачините, па со лажица се зема од неа и се пржат на топол зејтин.

Вадете ги на салфети за да го впијат непотребниот зејтин. Вкусни се и топли и ладни, особено со убаво сирење и патлиџани. (rad)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Радост » 16 Dec 2013, 22:07

Рестован компир

Потребно е:

компир
црвен пипер
масло
сол

Количината на компирите зависи за колку лица ќе спремате. Според тоа и останатите состојки варираат.
Компирите се варат и додека се топли се сецкаат на ситни парчиња. Јас дел од компирите и пасирам, така ме учеше татко ми.
На затоплено масло ( но, на умерен оган )се истура компирот. Се посолува веднаш и му се додава црвен пипер. ( одприлика на еден компир 1/4 лажичка црвен пипер )
Вака се меша и се пржи околу 10 минути и треба да се добие компактна смеса, што значи ако ви е премногу суво на изглед, му фали малку масло.
Се служи и топол и ладен. (love5)

Дебора, рецептот е многу едноставен и лесен и вака не делува ништо посебно ама јас дали дека од мала ги јадев вака спремани компирите, ми имаат посебен шмек. (drool)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Debora » 16 Dec 2013, 22:12

Не се сомневам дека многу вкусно, фала што сподели. (a2)
Јас ги варам и пасирам компирите, башка пржам кромид, ставам црвен пипер и сол и ги попарувам со тоа. Ама следен пат пробам твоја варијанта. (drool)

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by RedRose30 » 23 Dec 2013, 20:50

Солени мафини

Состојки
3 јајца
400 гр. брашно
200 мл. јогурт
100 мл. масло
100гр. сирење
100гр. салама
1 црвена пиперка од тегла
1 пециво
сол пола лажичка
1 лажичка оригано
(наместо пиперка, јас ставам маслинки или спанаќ, а место салама - шунка)

Подготовка
Јајцата се матат со вилушка. Се додава јогуртот, маслото, брашното, пецивото, сецканата салама, сирењето претходно изгмечено со вилушка, сечканата пиперка, сол пола лажичка (ако е сирењето солено не се додава сол) и ориганот. Сето се меша, се става во подмачкан плех за мафини и се пече на 200 степени додека поруменат мафините, отприлика 20 мин.

и еве како ми излегоа на мене (brows)
http://s14.postimg.org/5ybau1vn5/148854 ... 0059_n.jpg
Last edited by RedRose30 on 23 Dec 2013, 20:53, edited 1 time in total.

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by RedRose30 » 23 Dec 2013, 21:18

Ana wrote:eve edni najbrzinski kolacinja :)


150gr napolitanki so lesnici, se seckaat sitno
150gr peceni lesnici, se krsat sitno
200gr eurokrem, samo crn

se se mesa i se pravat topcinja

(thumbsup) neverojatno vkusni (thumbsup)
Е вакви експрес рецепти поштувам (thumbsup)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Радост » 24 Dec 2013, 00:06

Верувам дека се многу убави мафините. (part) Да прашам, тоа најгоре се семки од тиква или обични семки?

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Lena_nela » 20 Feb 2014, 15:39

Салата од макарони

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама Туна
малку Сол
150 грама Пченка
500 грама Макарони ( интегрални или обични, по желба)
300 грама Кисели краставички
малку мала лажица Бибер


Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 10 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Салата со макарони
ПОДГОТОВКА:
Сварете ги макароните со маслото од тунaтa.

Исецкајте ги киселите краставички и добро исцедете ги.

На сварените макарони додадете ја пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер.

Мешајте ја целата смеса додека не добиете хомогена маса.
Од оваа количина излегува повеќе салата за повеќе луѓе,јас си правам само са мене и од се по малку си ставам

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by RedRose30 » 22 Feb 2014, 10:12

Радост wrote:Верувам дека се многу убави мафините. (part) Да прашам, тоа најгоре се семки од тиква или обични семки?
Па Радост да ти одговорма по две месеци, сега видов (rolll) да - смеки од тиква се (rolll) Поздрав до тебе и твојата крофничка (a2)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”