Брзи и вкусни јадења

Moderator: Модератори

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Lena_nela » 09 Aug 2014, 23:28

Бобе Фала за рецептава,тиквиците се мн вкусни.... (drool) Јас денес ги направив и сите убаво си јадевме дури Д. ги бендиса. Женички направете ги нема да згрешите!!!

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Bobe » 12 Aug 2014, 13:17

Лела-нела (big-hug) се стопив :ymblushing: фала и на тебе (big-hug)

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Bobe » 14 Aug 2014, 23:23

Ајде нешто ептен летно брзо и лесно за спремање и превкусно,некни направив се утепавме од јадење (drool)
Лето е па морските плодови се (drool)
Школки- рижото(како да го наречам (confus) )а истото се комбинира со шпагети
потребно
школки,ориз,зачини,кромид главица,2-3 домати,маслиново масло за готвење(овде се на тоа се готви никако обичен)
Кромидот на ситно запржуваме,фрламе школките(јас користам исчистени без кукичката (laugh1) )запржуваме заедно,ставаме од зачини,вегета,оригано(обавезно)бибер,сол,кој сака ц.пипер(јас неставам,некако потешко ми е јадењето),полеваме со малку вода колку да покрие,нека проврие да омекнат малку не скроз, ставаме и оризот,дотураме вода повеке овој пат,нека провријат заедно да се помешаат миродиите,и на крај пред да исчезне целата вода,рендаме 2-3 домати на крупно и ставаме заедно,додека не згусне(згуснува самото од себе,така да не е потребно запршки :YMSICK: ,брашна,пипери и остало)
ставаме во тањир послужуваме и одозгора кој сака попрскуваме со ситно сецкан магдоноз (drool)
истово се изведува и со шпагети си ги припремаме школките со доматите,посебно тестенината и после шпагетите со малку од нивната вода помешуваме во школките (drool)
http://s28.postimg.org/po3569uxp/images9_TBF4_Z68.jpg

http://s30.postimg.org/b3yii2mdt/images_ABLQ8_OQS.jpg
п.с кој сака моќе и морковче да стави,со добро бело винце навечер (drool) Бон Апетит (love5)

Ninushka
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1095
Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
Му се допанале: 988 пати
Им се допаднал: 697 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Ninushka » 29 Aug 2014, 13:22

Еве нешто за на брзака кога ми идат ненајавени гости (brows) Полн тањир специфичен вкус, пошто многу мразев ко дете кога ке видам на маса шунка кашкавал и сирење сервирано (rolll)

Бомбици со сирење- Јас ги правам од око. Пасирам сирење, турам пржен сусам, дробен кекс и павлака за да се оформат ко бомбици. Во истава оваа смеса на страна турам и туна и сушен лук, валкам во јајце и презла и пржам на кратко и добивам-Плескавички од туна и сир.
Неколку тортиљи премачкувам со намаз (или ако немам ставам сирење и го мачкам), што најдам сувомеснато по дома (мада како вегетаријанец мало теже ми иде тоа (rolll) ) кашкавал, и уздолж краставица пресечена тенко ко лента. Виткам и сечам како ролад и ставам чачкалици за полесно слушење од Мини тортиљите. (beer)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Lena_nela » 13 Oct 2014, 10:04

МЕКИЦИ

Јас правам и посни и мрсни,па к ги напишам и двата рецепта,пријатна забава со тесто (thumbsup)

Посни мекици
* 10 грама Шеќер
* малку Сол
* 100 милилитри Масло
* 1 Квасец
* 1 килограм/и Брашно

ПОДГОТОВКА:
Квасецот се раствора во една чаша млака вода.

Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр. брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода).Тестото треба да биде меко

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне.

Откако тестото ќе нарасне,можете да кинете од тестото и со раце малку да имдадете форма на мекицитеи се пржат во тенџере со загреано масло.

Мрсни мекици

Потребно:
300 мл кисело млеко
600 г брашно
1/2 супена лажица сода бикарбона
1/2 супена лажица сол
1 пакетче прашок за пециво
ПОДГОТОВКА
1.Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво.
2.Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.
И овие можете да ги кинете и формирате со раце,но јас претезно ги расукувам и си правам разни форми.
3.Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава (ромбоид),аможете и правоаголници да сечете се е тоа ваша желба.Големина на баклавата (ромбоид) зависи од вас ако сакате да ја полните со нешто (сирење,мелено месо,кашкавал и салама,мармалад,крем...) ке ја оставите поголема, а ко сакате празна обична може да биде и помала (во зависност од желбата)
4.Доколу ги правите полнети (ако имате големи парчиња пресечено) се става на еден крај од смесата и се препоклопува со другата страна,а ако се помали парчиња можете со два ромбоида да се препоклапат и на краевите обавезно се стиснуваат со прстите за да се залепи тестото, се пржат во загреано масло,а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив.
Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.
Еве и слики и од едни и од други
Овие се мрсните-полнети


http://s13.postimg.org/nfs3h0mzr/brzi_pisii.jpg
И вака би требало да изгледаат со раце кинати и формирани мекици


http://s28.postimg.org/klqlay1ql/1961950606.jpg

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1420
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by SMESKO » 13 Oct 2014, 13:44

TI BLAGODARAM OD SRCE (drool) (drool) (drool)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by sweety » 08 May 2015, 14:41

Нјдов на нет нешто интересно ова како увијач пилешки ми изгледа брзо и вкусно (drool) (drool) ќе го пробам за викенд па ќе пишам
phpBB [video]

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Lena_nela » 04 Oct 2015, 12:55

ПИЛЕШКА БАЈАДЕРА

Потребно:
300 гр. Стек
300 гр. Врат(свински пушен)
300 гр. Сланина
2чаши павлака
3 јајца
300гр. Кашкавал (јас користам зелена долина)
Се исецкано како за сервирање,само стекот на нормална дебелина .
Јас го правам во огноотпорен сад, го ставам прво пилешкото,па свинскиот врат,сланината,кашкавал и одозгора јајцињата и павлаката (изматени) го размрдувам садот за да навлезе од павлакат малку и во внатрешноста го затварам (ако си има капак огноотпорниот сад со него ако не си некој друг што одговара или фолија) .Рерната предходно ја загревам на 220-230 степени и одкако го ставам ова ја намалувам на 200степ. и печам 50мин. и уште 10 минути без капак со изгасната рерна. Многу е вкусно , го сечам на коцки,се јаде и топло но мој совет е да го оставите негде пола саат па кој сака и повеќе зш многу поубаво е така за јадење а и сервирање . (Јас оставам еден дел обавезно за другиот ден тогаш е ммм...) Значи не е ништо комплицирано,не се ставаат никакви зачини,сосови,тоа од се си пушта и прима , а можете слободно саат време да одморате или нешто да сработите додека се пече . Со овие состојки можат да јадат 4-5 лица. (Зависи (laugh1) ние вчера бевме 4 возрасни и синко) (thumbup)
http://i61.tinypic.com/2czboeq.jpg

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by happiness » 04 Oct 2015, 23:37

lena nela ова би било измислено за мм тој е по меснати јадења , за скоро осекам дека ке го пробам рецептот (brows)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by kit-kat » 05 Oct 2015, 07:26

Ама е месесто (drool) ама вкусно се гледа. Ќе го пробам и јас за моиве. (laugh1)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”