Рецепти за риба

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Рецепти за риба

Post by Debora » 10 Oct 2013, 13:40

Имате ли некои омилени рецепти за подготовка на риба? (smile)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 10 Oct 2013, 14:03

Имаме, само дома ми се запишани ќе ги пишам покасно :) (a2)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 10 Oct 2013, 21:59

Еве го мојот рецепт за пијан крап
Состојки: риба - крап
компир
морков
лук
магдонос
суви сливи (јас не ставам)
сол
црн бибер
масло
суво бело вино
(количината на зеленчукот зависи од големината на плехот во кое се пече рибата)

Подготовка
Компирите и морковите исечете ги во тенки кругчиња. Ставете ги на дното од плехот со малку масло.Потоа ставете го исчистениот крап. Исечете ка кожата на крапот на секои 2 cm и посолете.
Фил: Најситно исецкани лук, магдонос, сол, бибер и масло.
Половина од филот ставаме во крапот а другата половина преку засечените делови од кожата. И се прелива целиот крап со чаша вино. И се премачкува рибата со масло. Се пече во рерна на 200 степени околу саат време. Секој 15 мин прелијте ја ривата со течноста од виното и зеленчукот што е во плехот.
Добар апетит :)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 10 Oct 2013, 22:00

Имам рецепт и со плескавици од риба со филети ама треба да го најдам :)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 10 Oct 2013, 22:07

Печена пастрмка

Состојки

пастрмки по потреба
2 чешни лук
магдонос
ловоров лист
лимон
маслиново масло
сол

Подготовка:
Исецкајте го лукот и премачкајте ја со него внатрешноста на рибата која претходно е исчистена.
Направете неколку засеци на рибата (хоризонтално) и во секој засек ставете резанка лимон, ловор и лукче.
Посолете.
Тавчето се покрива со фолија (јас некогаш не го) и се пече на 200C.
Рибите се печат половина час а пред крајот се трга фолијата за рибите да добијат боја :)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 13 Oct 2013, 20:30

Деборче ај пиши ми дали те интересира конкретно некој рецепт и за некоја риба??
Зошто дома сите обожаваме риба па да ја прашувам мајка ми (love5)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Debora » 13 Oct 2013, 20:34

Фала ти мноооогу Хепи за рецептиве. (a2) Јас не сакам риба (мм ич не јаде), ама решив да јадам заради омега3, а знам само да ја испржам. (rolll) Еве нпр. ослич, може ли да се подготви и поинаку освен да го испржам? :ymblushing:

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 13 Oct 2013, 21:55

Јас обожавам пастрмка (drool) (drool)
Овој рецепт го правиме
Ослич со вино

малку Сол
50 грама Путер
800 грама Ослиќ
магдонос по желба
100 грама Моркови
1 главица/и Кромид/а
малку бБрашно
300 милилитри Суво бело вино

Половина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромид. Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една минута и се додава белото вино. Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос.
Се покрива и се остава да крчка околу 20 минути. За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби. Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата.
Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин.
Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути. На крај, се прелива со стопен путер.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Рецепти за риба

Post by Happy^_^ » 13 Oct 2013, 22:00

И овој ми го прати мајка ми (smile) Многу било вкусно.

Ослич со лук

600 грама Ослиќ
150 милилитри Маслиново масло
малку Мајчина душица
60 грама Лук
120 грама Кромид
80 грама Домат
5 пиперки
малку Сол

Кромидот се сечка ситно, а пиперките на покрупни парчиња.
Се прзат во масло, а по неколку минути се додаваат исечканите суви домати (ние и со свежи сме правеле) и се пржат неколку минути.

Во друга тава на масло се пржат рибите по 2 минути од секоја страна. Се сервира со пржениот зеленчук и лукот исечен на парчиња и мајчината душуца.
Полијте го зеленчукот со малку маслиново масло и зачинете го со исечкана мајчина душичка.

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Рецепти за риба

Post by carina » 15 Oct 2013, 19:19

devojki kupiv ripcinja papalini (girici).znaete li nekoj recept ili da si gi przam vo brasno.uste nesto,smrznati se,na metro I ne znam dali se cisteni,pa ako gi zemal nekoj neka spodeli dali treba da se cistat

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”