Вкусни и не толку брзи јадења

Moderator: Модератори

Одговори
Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Vesela » 28 Nov 2013, 14:44

Само за Бобе еве една сарма од срце направена.
http://s7.postimg.org/qxnv8yhgr/7126_sarma_1.jpg
Растурена сарма:
1 главица кромид
500 гр. мелено месо
Се пржат додека да омекне месото. Се додава црн бибер, црвен пипер, сол, малку ориз.
На страна се сецка кисела зелка на ситни резанки. Се меша со месото и заедно се ставаат во тава за печење ( може и во тенџере за варење, кој како сака) се додава вода ( околу 300 мл), и се пече/вари 3-4 саати на тивок оган. Може по желба да се стави и чадено месо, сланина.Бон апетит (thumbsup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Debora » 28 Nov 2013, 14:58

Ја раздвоив темава, не ми одеше во брзо и вкусно да оди ова, а па не смееме да го загубиме. (drool)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Vesela » 28 Nov 2013, 14:59

Во ред, (laugh1) (laugh1)
Наздравје сарми

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Радост » 28 Nov 2013, 15:03

Леле ако ви дојдам. (rp) Ќе мора да ја чекам зелката на свекрва ми да стаса, а до тогаш да не ги мислам. (drool)

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 739 пати

Re: Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Filigran » 18 May 2014, 14:14

Полнети тиквиња
4 средни тиквиња се лупат, се сечат вдолж и се длабат. На масло се запржуваат 2 главици кромид и 1 главица лук. Тука се додава и она што останува при длабење на тиквињата. Да се пропржи, се додава 500 гр мелено месо. Месото треба да се пржи се додека нема поголеми грутки. Се додава една чаша мелени домати. Се продолжува со пржење додека не испари дел од течноста. Се зачинува со сол, бибер, мешан зачин и магдонос. Со оваа смеса се полнат издлабените тиквиња кои се редат во намрсена тава со капак. Ако ви остане од смесата може да ја турите покрај самите тиквиња. Се налева вода, се затвора и се печи во загреана рерна на 150 степени околу 30 - 40 мин. Пред да биде готово тргнете го капакот за малку да се потпече.
Пријатен апетит!
http://s28.postimg.org/sr25qmu19/Fotor0518132234.jpg

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Вкусни и не толку брзи јадења

Post by Vesela » 13 Nov 2015, 12:06

Девојки, ми се пријаде свинско месо со праз, ама незнам како се прави ( кај мајка ми не сме готвеле ова јадење, па неможам неа да ја прашам). Што е по право мајка ми ми вели, ај ќе го направиме без рецепт, ама велам чекај ќе си ги прашам јас моите домаќинки (brows) , сигурно некоја знае. (thumbsup)
Ве молам ако некоја знае како се прави нека ми пише.
Поздрав

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”